Википедија:Избрана слика/2019/јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец јуни 2019 година.


1 јуни 2019 2 јуни 2019

Продажба на бензин за мотоцикли во Котону, Бенин.

Скалиште кон перон на Главната железничка станица во Копенхаген, Данска.
3 јуни 2019 4 јуни 2019

Бисерна седефка (Boloria selene) во Вустершир, Англија.

Фонтаната „Водни ѕвона“ крај Богородичната црква во Минхен.
5 јуни 2019 6 јуни 2019

Црквата „Воскресение Лазарово“ на островот Кижи во езерото Онега, Република Карелија, Русија.

Петочната џамија во Шемахи, источен Азербејџан. Изградена е во 743 г. и се смета за втора по старот на Кавказот, веднаш по онаа во Дербент (734).
7 јуни 2019 8 јуни 2019

Залез над пристан на провлакот Сидни на истоимениот остров во Британска Колумбија, Канада.

Водопад кај Гимилан (1.805 м) во Коњската Долина. Регион Аостинска Долина, северозападна Италија.
9 јуни 2019 10 јуни 2019

Данскиот сликар Микаел Анкер (1849 - 1927).

Сончев папагал (Aratinga solstitialis) на Тенерифе, Канарски Острови.
11 јуни 2019 12 јуни 2019

Квечерина над Ханзиното пристаниште во градот Штаде, Долна Саксонија, Германија.

Остатоци од црквата „Св. Марина Досо“ во Камбадос, Галисија, Шпанија. Изградена е во XV век како готска црква врз темелите на претходна црква од XII век во романски стил.
13 јуни 2019 14 јуни 2019

Селанец со кошници кај Џафлонг во областа Силет, Бангладеш.

Балканска шареница (Boloria graeca balcanica) на скијалиштето Боровец, Бугарија, на надм. висина од 2.300 м.
15 јуни 2019 16 јуни 2019

Кит-убиец (Orcinus orca) кај Тенерифе, Канарски Острови.

Кулата ХВБ и скулптурата „Меј Вест“ во Минхен.
17 јуни 2019 18 јуни 2019

Тресетиште на Ласките Ридови во Шкотските Гори.

Вечерен поглед на Пашковиот дом во Москва. Дворецот е изграден во 1784-86 г. како неокласична резиденција на благородникот Петар Пашков. Денес зградата е дел од Руската државна библиотека.
19 јуни 2019 20 јуни 2019

Образување на торнадо во осум последователни слики споени во една. Сликано кај Минеола, Канзас, на 24 мај 2016 г.

Парламентот на Британска Колумбија во Викторија, Канада.
21 јуни 2019 22 јуни 2019

Застанат меркат (Suricata suricatta) како се обрнува во Сингапурската зоолошка градина.

Небо и липини крошни кај с. Планина во општината Постојна, Словенија.
23 јуни 2019 24 јуни 2019

Хохтор (2.369 м) — највисоката планина на Енсталските Алпи, Австрија.

Покраинската канцеларија во Минхен — седиште на премиерот на Баварија.
25 јуни 2019 26 јуни 2019

Фински војник со ирвас во Лапонија, 1944 г. На денешен ден пред 78 години започнала Продолжената војна на Финска и Германија против Советскиот Сојуз, ускладена со операцијата „Барбароса“.

Реката Десна, притока на Јужен Буг, низ магловита ливада во околината на Виница, југозападна Украина.
27 јуни 2019 28 јуни 2019

Црвеноклун лебед (Cygnus olor) во езерото Виндермир, Англија.

Таваница на стар амбар, изработена со рачен алат. Остров Солт Спринг, Британска Колумбија, Канада.
29 јуни 2019 30 јуни 2019

Домородна планинска овца во Штубајската Долина, Тирол, Австрија.

Невреме над градот Монтреал во Квебек, Канада.

Намена[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец јуни 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на сликата лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот