Википедија:Избрана слика/2016/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
2007
2008: XI • XII
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2011: I • II
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2020: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2021: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2022: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2023: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2024: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрани слики се оние слики кои корисниците на Ризницата ги сметаат за најквалитетни согласно тамошните правила за избрани слики. Овие слики се прикажуваат на Главната страница на Википедија на македонски јазик.
Доколку викизаедницата која ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден биде избрана друга слика, за неа поведува постапка согласно правилата за избор на слика, т.е. сликата мора да биде изгласана за содржина и квалитет, сликата мора да има регулирани авторски права.
Предлагачот на избрана слика потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница, и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под сликата исто така оди на главната страница, и ја опишува сликата или нејзините особености.
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени в предвид при пребројувањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето на сликата на главната страница.
Избрана слика е сликата која на Ризницата била избрана за слика на денот, освен ако викизаедницата ја уредува и користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница треба да биде избрана друга слика. Во тој случај за избрана слика се смета:
сликата која добила најмногу гласови {{за}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, сликата која има добиено помалку гласови {{против}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, сликата која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
доколку повеќе предложени слики добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, сликата која е избрана на Ризницата.


Избраната слика се поставува на главната страница.

Архив на избрани слики прикажани на Главната страница во текот на месец септември 2016 година.


1 септември 2016 2 септември 2016

Станицата „Хазенбергл“ на линијата 2 на Минхенското метро. Сликата е направена со долго изложување.

Езерцето Едлертајх на изгрејсонце во Кирхшпил, Дилмен, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
3 септември 2016 4 септември 2016

Амфитеатарот на градот Италика кај Севиља, Шпанија. Ова е првиот римски град во Хиспанија, а амфитеатарот бил еден од најголемите во Римското Царство.

Зградата на аеродромот во Веце, Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
5 септември 2016 6 септември 2016

Топчест мраз на плажата Строми во Талин, Естонија.

Катедралното училиште во Виборг, Данска. Завршено е во 1926 г, а негов архитект е Хак Кампман.
7 септември 2016 8 септември 2016

Сончарка (Macrolepiota procera) некаде во Украина.

Андски фламинга (Phoenicoparrus andinus) во соленото езеро Кањапа во департманот Потоси, југозападна Боливија.
9 септември 2016 10 септември 2016

Станицата „Кандидплац“, на Минхенското метро.

Природниот парк Меникуно во Естонија.
11 септември 2016 12 септември 2016

Зигмарингенскиот замок во Баден-Виртемберг, Германија.

Пешачки мост во Севернотексашкиот универзитет во Дентон.
13 септември 2016 14 септември 2016

Бакалница на плоштадот Гран Соко во Тангер, Мароко.

Побити камени — една од малкуте пустини во Еропа со истакнати каменести образби. Варненска област, Бугарија.
15 септември 2016 16 септември 2016

Крстиштето на црквата „Св. Михаил“ (Сан Мигел) во Херес де ла Фронтера, Шпанија.

Поглед на геоглифот „Космонаут“, најзагадочниот меѓу Насканските линии во пустината Сечура, јужно Перу. Некои сметаат дека геоглифот е цртеж на вонземјанин.
17 септември 2016 18 септември 2016

Параглајдер над Пиј Де Дом во Оверњ, Франција.

Геотермалното поле Сол де Мањана (Утринско сонце) во покраината Сур Липес на департманот Потоси, југозападна Боливија.
19 септември 2016 20 септември 2016

Каналот Дортмунд-Емс и железничкиот мост на линијата Дортмунд-Енсхеде (Холандија) кај селцето Беренброк во Северна Рајна-Вестфалија, Германија.

Олимпискиот стадион во Минхен, Баварија, Германија.
21 септември 2016 22 септември 2016

Кралскиот дворец во Брисел, дом на кралот на Белгија.

Пеперутка есенски лист (Doleschallia bisaltide) на Бали, Индонезија.
23 септември 2016 24 септември 2016

Националниот парк Лосиниј Остров во Балашиха, Московска област, Русија.

Коработ на црквата во Херцогенбуршкиот манастир, Долна Австрија.
25 септември 2016 26 септември 2016

Панорама на државниот рудник „Чукикамата“ кај Калама, северно Чиле. Ова е најголемиот површински коп за бакар во светот.

Старата библиотека во Берлин во барокен стил, изградена помеѓу 1775 и 1780 г. како Кралска библиотека на Прусија.
27 септември 2016 28 септември 2016

Хотелот и ресторан О Жорж ди Шеран и природните кули Сен Жак во Семноз кај Кизи, Горна Савоја, Франција.

Скелет на ној (Struthio camelus).
29 септември 2016 30 септември 2016

Народниот фестивал Октоберфест со пивски манифестации и панаѓур. Се одржува секоја година во Минхен, Баварија, и трае 16 дена.

Свод и крстиште на манастирската црква „Св. Франциск“ во Кито, Еквадор

Функција[уреди извор]

  • Избрана слика на главната страница за месец септември 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува слика во рамка (минијатура)
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на слика лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара сликата на денот