Антофагаста (регион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Регион Антофагаста
Región de Antofagasta
Регион во Чиле
Национален Парк Моро Морено
Национален Парк Моро Морено
Flag of Antofagasta RegionCoat of Arms of Antofagasta Region
Местоположба на Антофагаста во Чиле
Местоположба на Антофагаста во Чиле
Држава Чиле
Главен градАнтофагаста
ПокраиниАнтофагаста, Ел Лоа и Токопила
Управа
 • ИнтендантМарцо Антонио Диаз
Површина[1]
 • Вкупна126.049,1 км2 (486,678 ми2)
Ранг2
Најг. вис.&100000000000067230000006.723 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (попис од 2017)[1]
 • Вкупно599.335
 • Ранг9
 • Густина0,48/км2 (1,2/ми2)
ISO 3166CL-AN
HDI (2019)0.875[2]
very high
Мреж. местоOfficial website (на шпански)

Регионот Антофагаста (шпански: Región de Antofagasta) е еден од шеснаесетте административни единици од прв ред во Чиле. Тој е втор најголем по површина регион во Чиле, и во негов состав влегуваат три провинции: Антофагаста, Ел Лоа и Токопила. На север се граничи со Тарапака, на југ со Атакама и на исток со Боливија и Аргентина. Главен град на регионот е пристанишниот град Антофагаста; друг важен град во регионот е Калама. Најважна економска дејност во регионот е ископувањето на бакар.

Климата во Антофагаста е екстремно сушна, но е малку поблага во близина на брегот. Низ целиот регион речиси нема вегетација, освен во близина на реката Лоа и во оазите како Сан Педро де Атакама. Поголемиот дел од внатрешноста на регионот е покриен со солени низини, текови на тефра и на лава, а покрај брегот има шилести карпи.

Овој регион бил ретко населен од домородните народи Чанго и Атакамењос сè до масовната чилеанска имиграција поврзан со бумот на шалитра во доцниот 19 век. Поголемиот дел од регионот бил организиран како единствена крајбрежна територија на Боливија додека Чиле не го презел во 1879 година на почетокот на Војната за Пацификот.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Антофагаста.

Најголема река е Лоа.

Долж Крајбрежните Кордилери се наоѓа Раседот Атакама. Областа на Крајбрежните Кордилери околу раседот е богата со железна руда и го претставува северниот дел од таканаречениот Чилеански Железен Појас.[3]

Клима[уреди | уреди извор]

Пустината Атакама пред зајдисонце.

Просечните врнежи во Антофагаста изнесуваат само 1 мм годишно. Од брегот, источно од Чилеанскиот Крајбрежен Венец, се наоѓа јужно-централниот дел од пустината Атакама, најсувата пустина во светот. Источно од пустината, се наоѓа помалку сушниот пуна екорегион на Централните Анди. Околината на напуштениот град Јунгај е прогласена за најсуво место во светот.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Поглед кон пристаништето Ангамос, навечер.

Поголемиот дел од населението живее на брегот во Антофагаста и Мехилонес, или во Калама во внатрешноста, центар на рударската индустрија.

Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, пристигнале доселеници од Европа (претежно Хрвати, Италијанци, Шпанци, Грци, англиски, француски и португалски народи), од Левант и во помал број од Кина, Јапонија, Кореја, Перу и Боливија. Овие доселеници ја создале модерната култура на северот на Чиле, која содржи примеси на андски и мултиевропски карактеристики и е многу поразлична од традиционалната чилеанска култура.[5]

Економија[уреди | уреди извор]

Рударството е главниот економски двигател на регионот.

Регионот Антофагаста е срцето на рударската индустрија, главниот извор на приходи од извоз на Чиле. Регионот придонесува со 53% од вкупното рудно ископување во Чиле, најмногу на бакар и по него следат: калиум нитрат, злато, јод и литиум. Рударската индустрија учествува со преку 90% од извозот на регионот.[6]

Риболовот исто така придонесува кон приходот на регионот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Antofagasta Region“. Government of Chile Foreign Investment Committee. Посетено на 13 March 2010.[мртва врска]
  2. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 26 October 2021.
  3. Tornos, Fernando; Hanchar, John M.; Munizaga, Rodrigo; Velasco, Francisco; Galindo, Carmen (2020). „The role of the subducting slab and melt crystallization in the formation of magnetite-(apatite) systems, Coastal Cordillera of Chile“. Mineralium Deposita. 56 (2): 253–278. doi:10.1007/s00126-020-00959-9.
  4. Boehm, Richard G.; и др. (2006). The World and Its People (2005. изд.). Columbus, Ohio: Glencoe. стр. 276. ISBN 0-07-860977-1.
  5. Stovel, Emily M. (2013). „CONCEPTS OF ETHNICITY AND CULTURE IN ANDEAN ARCHAEOLOGY“. Latin American Antiquity. 24 (1): 3–20. ISSN 1045-6635.
  6. „Antofagasta | OEC“. OEC - The Observatory of Economic Complexity (англиски). Посетено на 2022-06-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]