Далол (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Далол
Највисока точка
Надм. вис.−48 м (−157 ст)
Координати14°14′30″N 40°18′00″E / 14.24167° СГШ; 40.30000° ИГД / 14.24167; 40.30000
Географија
Далол на карта

Карта

МестоЕтиопија
Матичен венецДанакил
Геологија
Видшлакест конус
Последен избув2011

'Далолвулкан со згуреста купа кој се наоѓа во пустата котлина Данакил на регионот Афар, Етиопија. Оваа геолошка месност се наоѓа на околу 15 километри од границата со Еритреја, на северниот крај на соленото езеро Карум, чија сол сè уште се експлоатира од страна на Афарите.

Далол произлегол од експлозија на големата магматска комора во Големата Раседна Долина над огромна солена област западно од Црвено Море[1]. Денес се наоѓа на 136,8 метри под нивото од морето. Температурата редовно достигнува 45 степени во сенка.

Оваа огромна напуштена област е позната по своите геолошки формации: топли извори на киселина, сулфур, сол, гас, магнезиум итн.

Далол има топли пустински климатски услови, типичнa за Данакил. Далол е најжешкото место во текот на годината на планетата и во моментов го држи рекордот на висока просечна температура за населено место на Земјата, каде што била забележана просечна температура од 34,6° C помеѓу годините 1960 и 1966 година. Просечната годишна максимална температура е 41° C , а најтоплиот месец има просечна максимална температура од 46,7° C . Освен што е екстремно жешко во текот на целата година, има само неколку рекордни денови на врнежи. Топлата клима на пустината Далол е особена поради близината на екваторот и Црвено Море.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nobile, A; Pagli, C; Keir, D; Wright, TJ; Ayele, A; Ruch, J; Acocella, A (October 2012). „Dike-fault interaction during the 2004 Dallol intrusion at the northern edge of the Erta Ale Ridge (Afar, Ethiopia)“. Geophysical Research Letters. 39 (19): n/a. doi:10.1029/2012GL053152.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Dallol“. Глобална програма за вулканизмот. Смитсонова установа. (англиски)
  • On the Volcanoes of the World episode The Horn of Africa (2008; Science Channel)