Талински Залив
Талински Залив (естонски: Tallinna laht) — залив во Естонија, во јужниот дел на поголемиот Фински Залив. Наречен е по главниот град, Талин, кој е сместен на неговиот јужен брег.
Самиот залив е поделен на неколку дела: Талинско Сидриште (Tallinna reid), Коплиски Залив, Какумјавски Залив и Палјасарски Залив. По северната граница на заливот се сместени островите Најсар и Аегна, а источната граница ја образува полуостровот Вимси.
Крајбрежните води се плитки, но нагло стануваат длабоки. Стрмното дно овозможува добра размена на водите меѓу Талинскиот и Финскиот Залив.[1] Ова е еден од најдлабоките заливи во Естонија, и достигнува 100 м.[2]
Стариот дел на градот (Ваналин) е сместен крај засолнетиот дел на заливот, на кој излегува патничкото пристаниште.[1] Палјасарскиот Залив и Бекерското пристаниште кај Коплискиот Залив се неманети за товарни пловила. На бреговите има неколку јавни плажи: Пирита, Строми, Какумјае и Пикакари.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на центарот на Талин преку заливот
-
Плажата Пирита
-
Брег во Меривјалја
-
Патничкото пристаниште
-
Поглед од Палјасаре кон Пирита
-
Плажата Пикакари во Палјасаре
-
Палјасаре
-
Коплискиот Залив
-
Плажата Строми во Пелгурана
-
Талинскиот Залив од Иван Ајвазовски (1845)
-
Талинскиот Залив зиме
-
Талинскиот Залив во магла на квечерина
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Талински Залив“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 „Review of the state of the Tallinn Bay“. City of Tallinn. Посетено на 9 June 2013.
- ↑ Autorite kollektiiv. 1996. Mereleksikon. Eesti Entsüklopeediakirjastus. lk 419
Оваа статија место во Естонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |