Новогодишна елка

Од Википедија — слободната енциклопедија
новогодишна елка

Елката е украсно дрво, обично зимзелено иглолисно како што е смреката, борот или елката, традиционално поврзани со прославата на Божиќ. Вештачката елка е предмет направен да личи на дрво, најчесто направен од поливинил хлорид (ПВЦ). Дрвото традиционално се украсува со прехранбени производи како што се јаболка, ореви или урми. Во 18 век, најпрво се осветлувала со свеќи, кои со електрификација исто така може да бидат заменети со божиќни светилки. Денес, постои голема разновидност на традиционалните украси, како што се венец, златникави украси, бонбони. Ангел или ѕвезда може да се постави на врвот од дрвото да претставува главен на ангелите или ѕвездата од Витлеем од Христовото раѓање. Обичајот за Божиќна елка е развиен во почетокот на модерна Германија со претходници од 16-от и евентуално 15-от век, кога „побожните христијани донелеукрасни дрва во своите домови“. Божиќното дрво стекна популарност и по Германија за време на втората половина на 19-от век. Исто така ова дрво било познато и како „Божиќ-дрво“, особено во дискусиите за своито фолклорно потекло.

Историја[уреди | уреди извор]


Можни предци[уреди | уреди извор]


Иако е јасно дека модерната елка потекнува од ренесансата и раната модерна Германија, постојат голем број на шпекулативни теории во врска со потеклото. Потеклото од 16-от век понекогаш се поврзуваат со протестантскиот реформатор Мартин Лутер, кој според телевизискиот канал Историја, прв додаде запалени свеќи на дрво. Тоа е често проследено со симболиката на зелените дрвца во претхристијанските зимски обреди, особено со приказната Дабот на Донар (Donar’s Oak) и Свети Бонифациј. Според енциклопедијата Британика, „употребата на зимзелени дрва, венци и плетеници е симбол за вечен живот на обичаите на старите Египќани, Кинези и Евреи. Богослужбата на дрвото била заедничка за паганските Европејци и го преживеале преобраќањето во христијанство во скандинавските обичаи на украсување на куќа и амбар со зимзелени дрва на нова година за да го исплашат ѓаволот и за поставување на дрво за птиците за време на Божиќниот период. Најизменично, препознатливо е со „рајско дрво“ од средновековните мистериски претстави кои ги давале на 24ти декември, комеморација и денот на Адам и Ева во разни земји. Во вакви претстави, дрво украсено со јаболка (кое претставува забрането овошје) и обланда (претставува причест и спасение) се користело како украс на претставата. Како божиќната колиба, рајското дрво подоцна се ставале во домовите. Јаболката се замениле со округли објекти како сјајни црвени топки.

Рани докази[уреди | уреди извор]


Обичаите за издигнување на украсени дрва во зимскиот период може да се поврзат со божиќните прослави ренесансната ера во северна Германија и Ливонија. Првите докази за украсени дрва поврзани со божиќниот ден се дрвата во братските дворови украсени со слатки за да уживаат учениците и децата. Во Лавонија (денешна Латвија и Естонија), во 1441, 1442, 1510 и 1514, братството на Blackheads издигнаа дрво за празниците во нивните домови во Рига и Ревал (денешен Талин). На последната вечер од прославите за наближување на празниците, дрвото се носи на градскиот плоштад каде што членовите на братството играат околу него. Хроника од братство од Бремен известува дека во 1570 година, мало дрво украсено со „јаболка, ореви, урми, переци и цвеќиња од хартија“ било издигнато во братската куќа за доброто на децата на членовите на братството, кои ги собирале колачињата на Божиќ. Во 1584, свештеникот и хроничар Балтазар Русо во неговата хроника der Provinz Lyffandt (1584) напишал за постоечка традиција за поставување на ела на плоштадот за пазар каде што младите мажи „прво танцувале и пееле со девојки и жени, а потоа го палеле дрвото“. По протестантската реформација, ваквите дрва ги имало и во домовите на повисоката класа протестантски семејства како двојници на католичката божиќна макета на Христовото раѓање. Оваа транзиција од братски совет во буржоаски семејства во протестантските делови на Германија, во последно време доведува до модерна традиција како што е развиена во 18-ти и 19 век.

18 век до почетокот на 20 век[уреди | уреди извор]


Германија[уреди | уреди извор]


До почетокот на 18 век, обичајот станал честа појава во градовите горната област на Рајна, но сè уште не се раширил во руралните области. Кон крајот на 18 век пронајдени се докази како восочни свеќи, скапи предмети во тоа време. По долната област на Рајна, предел на римокатоличко мнозинство, новогодишното дрво се сметало за протестантски обичај. Како резултат на тоа, во горната област на Рајна останала ограничена за релативно долг временски период. Обичајот бил широко прифатен, почнувајќи околу 1815 година, по пат на пруски службеници кои емигрирале таму, следејќи го Виенскиот конгрес. Во 19 век, новогодишното дрво е земено како изглед на германската култура и на удобност, особено помеѓу иселениците во странство. Одлучувачки фактор во освојувањето на општа популарност е одлуката на германската војска, новогодишните дрва за време на француско-пруската војна да се постават во нивните касарни и воени болници. Само на почетокот на 20-от век новогодишните дрва се појавија внатре во црквите, овој пат во нова осветлена форма.

Присвојување од Европското благородништво[уреди | уреди извор]


Во почетокот на 19-от век, обичајот стана популарен помеѓу благородништвото и се прошири во кралските дворови па сè до Русија. Принцезата Хариета на Nassau-Weilburg го воведе новогодишното дрво дрво во Виена во 1816 година, и во следните години обичајот се прошири во Австрија. Во Франција, првото новогодишно дрво е воведено во 1840 година од страна на војвотката на Орлеанс. Во Данска еден весник тврди дека првиот доказ за осветлено новогодишно дрво било во 1808 година од грофицата Вилхемин од Холстенборг. Била стара грофица која ја раскажала приказната за првото новогодишно дрво во Данска на данскиот писател Ханс Крристијан Андерсен во 1865 година. Тој објавил бајка наречена „Елката“ во 1844, раскажувајќи ја судбината на елката која се користи како новогодишно дрво.

Британија[уреди | уреди извор]


Продавницата на Спенсер во Викторија за време на Божиќ
Фестивал на новогодишни дрва

Во Велика Британија, за време на унијата со Хановер, кралицата на Џорџ III, Шарлота родена во Германија, го воведе новогодишното дрво на забава која ја направила за децата во 1800, но обичајот не се проширил пошироко од кралското семејство. Кралицата Викторија како дете била запознаена со обичајот и во нејзината соба секој Божиќ имало поставено дрво. Во нејзиниот дневник за новогодишната ноќ во 1832, воодушевената 13-годишна принцеза напишала, „По вечерата...ние отидовме во собата за цртање веднаш до трпезаријата... Имаше две големи округли маси на кои имаше поставено две дрва на кои висеа светилки и и украси од шеќер. Сите подароци беа наместени околу дрвата...“ По нејзиниот брак со нејзиниот германски братучед принцот Алберт, до 1841 година обичајот сè повеќе се ширеше низ Британија. Во 1842 година во реклама за новогодишни дрва во весник јасно ја опишува нивната модерна употреба, германското потекло и асоцијација со деца и подарување подароци. Илустрирана книга по име новогодишно дрво која ја опишува употребата и потеклото на дрвото во детали, била на продажба во декември 1844 година. Во 1847 година, принцот Алберт напишал: „Трагам по детско ехо, како што бевме јас и Ернест (неговиот брат) во старите времиња, за она што го чувствувавме и мислевме, и нивното уживање во новогодишното дрво не е помало од нашето уживање. Во 1848 година, илустрираните лондонски вести, во извештај прибран од други весници, ги опишаа во детали дрвата во замокот Виндзор и на насловната страна беше главното дрво, опкружено со кралското семејство. За помалку од 10 години нивната употреба се прошири во побогатите домови. Во 1856 година северен провинцијален весник содржеше оглас алудирајќи на нив, како и извештај за случајната смрт на жена во Сомерсет, чијшто фустан се запалил додека ги палела восочните свеќи на новогодишното дрво. Тие сè уште не се прошириле по социјалната скала, меѓутоа, еден извештај од Берлин во 1858 година ја споредува ситуацијата „секое семејство си има свое дрво“ со ситуацијата во Британија, каде што новогодишните дрва имале богатите или „романтичните“.

Северна Америка[уреди | уреди извор]


Традицијата во Канада е воведена зимата во 1781 година, од страна на војниците од Брауншвајг стационирани во покраината Квебек кои ја штителе колонијата од американски напад. Генералот Фридрих Адолф Ридезел и неговата сопруга, бароницата Ридезел, одржаа божиќна забава во Сорел, воодушевувајќи ги своите гости со елка украсена со свеќи и овошје. Дрворез на британското кралско семејство заедно со новогодишното дрво во замокот Виндзор, биле објавени во весникот „Илустрирани лондонски вести“ во 1848 година, и копирани во Соединетите Американски Држави за Божиќ во 1850 година, во Godey’s Lady’s Book. Gody’s буквално ги копирала, освен отстранувањето на капата на кралицата и мустаќите на принцот Алберт, за да го преправи во американска сцена. Историчар на уметноста, Карал Ан Марлин ги повикал принцот Алберт и кралицата Викторија, зачуден од нивните кралски зами, „првото влијателно американски божиќно дрво„. Историчарот на фолк култура Алфред Луис Шумејкер изјавил, „Во цела Америка немаше поважен медиум од оној за ширење на новогодишното дрво во декадата 1850-60 од Godey’s Lady’s Book“. Сликата беше пресликана во 1860 година, и до 1870-тите, поставувањето на божиќно дрво стана честа појава. Неколку градови во САД со германски врски имаат претензии кон првите земји со новогодишно дрво: Виндзор Локс, Конектикат, тврди дека војник од Брандебург во 1777 година поставил новогодишно дрво под импресии од куќата Noden-Rees, додека „Првото новогодишно дрво во Америка“ е исто така е потврдено од Истон, Пенсилванија, каде што германски доселеници наводно издигнале новогодишно дрво во 1816. Во својот дневник, Метју Цам од Ланкастер, Пенсилванија, ја забележал употребата на новогодишно дрво во 1821 година, наведувајќи го Ланкастер кон првото новогодишно дрво во Америка. Се верува дека Чарлс Фолен, германски имигрант во Бостон, е првиот кој го претставил обичајот за украсување на новогодишно дрво во Америка. Август Имгард, германски имигрант кој живее во Вустер, Охајо, е првиот кој ја промовирал навиката за украсување на дрво со шеќерни бонбони. Во 1847 година, Имгард исекол сина ела од шумите надвор од градот, изгравирал ѕвезда кај лимар и го поставил дрвото во неговата куќа, украсувајќи го со хартиени украси и шеќерни бонбони. Германскиот имигрант Чарлс Минегерод прифатил позиција како професор по општествени науки на колеџот Вилијам и Мери во Вилијамсбург, Вирџинија, во 1842, каде што научил латински и грчки. Навлегувајќи во социјалниот живот на Вирџинија, тој ја претставил германската навика за украсување на зимзелено дрво за Божиќ во домот на професорот Св. Џорџ Такер, предизвикувајќи многу влијанија кои американците ги присвоиле во тоа време. Текстот на германска песна O Tannenbaum, која се пее во Америка започнува со „О новогодишно дрво“, кои доведуваат до заблуда дека германскиот збор Tannenbaum значи „новогодишно дрво“, за кое што германски збор е Weihnachtsbaum.

1918 година до денес[уреди | уреди извор]


Во Русија, по Октомвриската револуција, елката била забранета за краток временски период, но потоа повторно се воведува како новогодишна елка (Новогодняя ёлка, Novogodnyaya yolka) во 1935 година. Елката станала икона за новогодишните празници, на пример, крунисувањето со ѕвезда не се сметало за симбол на витлеемска ѕвезда, туку на црвена ѕвезда. Се произведувале украси како авиони, велосипеди, вселенски ракети, космонаути и карактери од руски бајки. Оваа традиција продолжува за мнозинство Руци и по падот на СССР, со новогодишниот празник надминувајќи го Божиќ (7 Јануари). Телевизиската емисија „Божиќ со Чарли Браун“ била влијателна за поп-културата која го опкружувала новогодишното дрво. Алуминиумските новогодишни дрва биле популарни во почетокот на 1960-тите во Америка. Тие биле сатиризирани во шоуто на Чарли Браун и станале симбол за комерцијализација на Божиќ. Терминот „новогодишно дрво Чарли Браун“, опишувајќи го сиромашниот изглед на дрвото, произлегува од телевизиска емисија од 1965, врз основа на изгледот на елаката на Чарли Браун.

Јавни новогодишни дрва[уреди | уреди извор]


Јавно новогодишно дрво
Јавно новогодишно дрво

Од почетокот на 20-от век, во многу градови, квартови и места стана честа појава да се поставува јавни новогодишни дрва надвор, како дрвото на Мејсис во Атланта (од 1948), божиќното дрво во центарот Рокфелер во Њујорк, и големото новогодишно дрво на плоштадот Викторија во Аделаида. Националното новогодишно дрво во САД се осветлува секоја година од 1923 на јужната полјанка во Белата Куќа. Денес, осветлувањето на националното новогодишно дрво е дел од она што стана главен празничен настан во Белата Куќа. Претседателот Џими Картер ја запали само ѕвезда на врвот на дрвото во 1970 во чест на американските заложници во Иран. Истото важело и во 1980 година, освен тоа што дрвото целосно било осветлено за 417 секунди, една секунда за секој ден заложниците што биле во заробеништво. Во поголемиот дел од 1970-тите и 1980-тите години, најголемото украсено новогодишно дрво во светот секоја година поставено на имотот National Enquirer во Лантана, Флорида. Оваа традиција прерасна во една од најспектакуларните и најпрославуваните настани во историјата на јужна Флорида, но е прекината со смртта на основачот на весникот кон крајот на 1980-тите. Во некои градови, се организира фестивал на дрвата со украсување и прикажување на повеќе дрва за добротворни настани. Во некои случаи дрвото претставува посебен комеморативен подарок, како на пример на плоштадот Трафалгар во Лондон, каде што градот Осло, Норвешка претставува дрво на луѓето во Лондон во знак на благодарност за британската поддршка на норвешкиот отпор за време на Втората светска војна, во Бостон, каде што дрвото е подарок од провинцијата Нова Шкотска, во знак на благодарност за брзо распоредување на стоки и спасувачи за експлозијата на брод со муниција во 1917 и во Њукасл каде што главното граѓанско новогодишно дрво е годишен подарок од градот Берген, како благодарност за учеството на војниците од Њукасл во ослободувањето на Берген од нацистичката окупација. Норвешка исто така годишно му подарува на Вашингтон новогодишно дрво, како симбол на пријателство меѓу Норвешка и САД и како израз на благодарност од Норвешка за помошта што ја доби од САД за време на Втората светска војна.

Поставување и растурање на елката[уреди | уреди извор]


Новогодишно дрво со украси
Украсување на елка

И поставувањето и растурањето на елката се поврзани со одредени датуми. Традиционално, новогодишните дрва не се украсуваат до Бадник (24 декември) или, во традициите на славење то на Божиќ отколку на првиот ден од Божиќ, 23 декември и потоа растурено на денот по Водици (5 Јануари), да има дрво пред и по овие денови се сметало дека носи несреќа. Во многу области, стана вообичаено да се постави новогодишно дрво на почетокот од сезоната. Некои семејства во САД и Канада поставуваат елка веднаш по американскиот Ден на благодарноста (четвртиот четврток од ноември), а новогодишните украси се појавуваат дури и порано во продавниците, најчесто денот по Ноќта на вештерките (31 октомври). Некои домаќинства не ги поставуваат дрвата сè до втората недела од декември и ги оставаат до 6 јануари (Водици). Во Германија, традиционално дрвото се поставува на 24 декември и се растура на 7 јануари, иако многумина започнуваат две недели порано, а во римокатоличките домови дрвото го чуваат и до 2 февруари. Во Италија и Аргентина, заедно со многу земји во Латинска Америка, новогодишното дрво се поставува на 8 декември и се растура на 6 јануари. Во Австралија, новогодишното дрво обично се поставува на 1 декември, една недела пред летните училишни одмори, со исклучок на Јужна Австралија, каде што повеќето ги поставуваат своите новогодишни дрва по божиќните церемонии во ноември. Некои традиции укажуваат дека божиќните дрва треба да се чуваат не подоцна од 2 февруари, на празникот на Воведение на Исус во храмот (Сретение), кога божиќната сезона се затвора. Некои суеверија велат дека претставува лош знак ако зеленилото од Божиќ не се отстрани до Сретението на Ева.

Украси[уреди | уреди извор]


Новогодишен украс
Новогодишен лампион

Новогодишните украси и неколку видови на венци или ленти вообичаено се користат за украсување на новогодишните дрва. Сребрените новогодишни украси се подоцна воведени.Обоените стаклени украси се специјалност на фабриките за стакло во Лауча во втората половина на 19 век, и оттогаш стана голема индустрија, со познато дизајнерско име. Играчките се уште едно заедничко украсување, кои се состојат од мало шупливо стакло или пластика, покриени со тенок метален слој за да изгледаат рефлективно и со дополнителен слој на тенок пигментен полимер за колорит. Најчесто се осветлува со електрични светилки. На врвот на елката обично се става ѕвезда или ангел. Некои поединечни украси вклучуваат мешавина од семејни традиции и лични вкусови, дури и мал непривлечен украс наследен од родител или татко на родител, може да има значителна емоционална вредност и да му се даде место на гордост на елката. Спротивно на тоа, дрвата украсени од страна на професионални дизајнери за стоковни куќи и други институции, најчесто имаат „тема“, збир на доминантни бои, на повеќе примероци од секој вид на украси и поголеми украси кои можат да бидат покомплицирани за правилно поставување. Многу луѓе исто така ги украсуваат дрвата надвор со храна во која ќе уживаат птиците и другите диви животни, како на пример венци направени од пуканки или малини, портокали и торти покриени со семе. Бидејќи свеќите се користат за осветлување на дрвата сè до појавата на електричните светилки, на подот под дрвото се поставуваше платно кое штити од капењето на восокот, а исто така да штити и од иглите што паѓаат од елката. Дури и кога се употребуваа свеќим електрични светилки и вештачки дрва, платно и понатаму се користи како украсен белег; покрај другите работи, го крие држачот на новогодишното дрво, кој може да биде грд, но е важен белег за сигурноста на дрвата. Она што започна како обична крпа, сега станува се понакитени, некои дури имаат и везови или се ставаат заедно како покривач. Како што пристигнуваат божиќните подароци, тие се редат под елката, на украсниот прекривач (во зависност од традицијата, сите божиќни подароци, или оние кои се преголеми за да висат на дрвото, како во „подароците на дрвото“ од песната „Ќе бидам дома за Божиќ“). Општо земено, разликата помеѓу украсните покривки е тоа што некои се ставаат под држачот на елакта, а некои го покриваат држачот на елката, како сукна, со дупка на средината, така што лесно може да се стави околу дрвото. Обично килимче од ткаенина или пластика може да се постави под држачот, а сукна да се постави за заштита на подот од гребнатини или вода. Држачот на новогодишното дрво е објект наменет за држењена исечено дрво или вештачка елка. Тие се појавиле во почетокот на 1876 година и имаат различни дизајни со текот на годините. Оние држачи дизајнирани за природни дрва имаат резервоар за вода за хидратација на дрвото. Вештачките елки имаат пластичен или метален држач, со три нозе кои наликуваат на Y. Во 1940-тите и 1950-тите опсипувањето со снегулки било многу популарно на западниот брег на САД. Постоеле сет снегулки кои можеле да се користат со правосмукалки. Во 1980-тите некои дрва ги напрскувале со меки бели снегулки кои симулираат снег. Обично се прска целото дрво, од двете страни, и добира изглед поразличен од вистинскиот снег, кој се насобира на брвот од гранчињата. Напрскувањето на снег може да се направи со професионален спреј на дрвото (или произведувачот на вештачките елки), или дома од пумпа за спреј. Оваа традиција се чини дека била најпопуларна на западниот брег и јужните делови на САД. Бидејќи снегулките содржат запаливи ретарданти, напрсканото дрво може да се постави во јавна зграда заштитена од пожари. Во доцните 1800, а најверојатно и порано, дома направените бели новогодишни дрва ги правеле со завиткување ленти од памук околу гранките, со што дрвото изгледа како натрупано со снег. Оваа традиција го елиминираше уништувањето на природните дрва и спречување на игличките што паѓаат на подот, со еден убав начин на прикажување орнаменти. По Божиќ, памукот се одвикува и се чува заедно со новогодишните подароци а гранките се палат и фрлаат. Се смета дека овие домашно направени дрва, барем малку го инспирираа напрскувањето со снег популарен од холивудските филмови во доцните 1930-ти.

Производство[уреди | уреди извор]


Секоја година, во Америка се произведуваат од 33 до 36 милиони новогодишни дрва, а од 50 до 60 милиони во Европа. Во 1998 година, во Америка имало околу 15,000 одгледувачи. Во истата година, проценето е дека американците трошат 1.5 билиони американски долари за новогодишни елки.

Природни дрва[уреди | уреди извор]


Плантажа со новогодишни дрва
Плантажа со новогодишни дрва во Ајова

Најчесто употребуваните видови се ела (Abies), кои се во предност, бидејќи не им опаѓаат иглите од гранките кога се сушат, како и долгото задржување на боја и мирис, но исто така се користат и други видови. Во северна Европа најчесто се користат:

•Норвешка смрека Picea abies (оригиналното дрво, обично најевтино)

•Сребрена елка Abies alba

•Нордманова ела Abies nordmanniana

•Благородна елка Abies procera

•Српска смрека Picea omorika

•Шкотски бор Pinus sylvestris

•Пинија Pinus pinea

•Швајцарска пинија Pinus cembra

Во северна, централна и јужна Америка најчесто се користат:

•Ела Даглас Pseudotsuga menziesii

•Балзамска ела Abies balsamea

•Фрејзер ела Abies fraseri

•Голема ела Abies grandis

•Гватемалска ела Abies guatemalensis

•Благородна ела Abies procera

•Црвена ела Abies magnifica

•Бела ела Abies concolor

•Пињон бор Pinus edulis

•Џефри бор Pinus jeffrey

•Шкотски бор Pinus sylvestris

•Пинија бор Pinus pinea

•Четинар од Норфорк Araucaria heterophylla

Се користат и други видови, но во помала мера. Исто така за Божиќ се користат разни видови на смрека (вклучувајќи ја и сината смрека и поретко белата смрека), но смреките (за разлика од елките) ги губат своите игли бргу по нивното сечење, а тие обично се остри и прават непријатно украсување. Борот Вирџинија е сè уште достапен на некои фарми за дрва во југоисточна Америка, меѓутоа неговата боја во зима избледува. Источниот бел бор со долги игли исто така се користи, иако не е популарна елка во повеќето градови во државата, што се должи исто така на својата избледена боја во зима и слаби гранки и тешко се украсува. Борот од островот Норфолк понекогаш се користи, најчесто во Океанија и Австралија, некои видови на родови Casuarina и Allocasaurina исто така повремено се користат како новогодишни елки. Но, сепак најчесто употребуван е борот Монтреј. Adenanthos sericeus или Albany Woolly грмушката најчесто се продаваат во јужна Америка елка која може да успее и во саксија. Видовите Хелмок се сметаат за несоодветни за новогодишни елки, поради опаѓање на игли и слабото издржување на тежината од украси и светилки. Некои дрва, често се нарекуваат „живи новогодишни елки“, и се продаваат живи со корени и почва, најчесто од расадници, и се чуваат во градини и жардинери или подоцна засадени на отворено и да се ужива во нив со години и децении. Другите се произведуваат во садови, а понекогаш и како украсно украсени грмушкиза предворје или тераса. Но, кога се одгледува непрописно, комбинацијата од уништени корени од копање и висока внатрешна температура и ниска влажност е многу штетна за здравјето на дрвото, топлината на внатрешната клима не му дозволува на дрвото мирување во зимскиот период, оставајќи го малку заштитено надвор на ниска температура. Најчесто, новогодишните елки се голема атракција за животните, вклучувајќи пајаци и глувци. Така, стапката на преживување на овие дрва е ниска. Сепак, со правилно одгледување, пресадувањето овозможува повисок степен на преживување. Европската традиција претпочита отворен аспект за природно одгледуваните, неисечените дрва, додека северна Америка (без западните предели каде што дрвата најчесто се сечат од страна на диви сечачи на јавни земјишта) има наклонетост кон крупно исечените дрва со погусто зеленило, но помалку место за украсување. Во минатото, новогодишните елки ги сечеле дивите шумари, но сега, речиси сите се одгледуваат на фарми за дрва. Речиси сите новогодишни елки во САД се одгледувани на фарми за новогодишни елки, каде што се сечат по околу десет години растење и нови засадени дрва. Според пописот во 2007 од Министерството за замјоделие фармите произведувале четинари поради намалувањето на новогодишната елка на пазарот во Америка, на 5,717.09 квадратни километри (1,412,724 хектари) биче засадени новогодишни елки. Животниот циклус на новогодишното дрво од семе до 2 метри височина, во зависност од видот и одгледувањето, потребни се од 8 до 12 години. Прво се вади семе од шишарки од постари дрва. Ова семе потоа се одгледува во расадници и потоа се продава на фарми за новогодишни елки на возраст од 3-4 години. Останатиот развој на дрвото зависи од климата, квалитетот на почвата, како и одгледувањето од страна на фармерот.

Вештачки елки[уреди | уреди извор]


Вештачка елка
Рециклирани новогодишни дрва

Првите вештачки елки биле развиени во Германија во текот на 19-от век, иако и порано постоеле примери. Овие „дрва“ биле направени со употреба на пердуви од гуска и обоени со зелено. Германските пердувести дрва е одзив на германците за продолженото уништување на шумите во Германија. Германските пердувести дрва што се продавале во продавниците за време на 1920-тите варирале во големината, од мали 2 инчи (51мм) па до 98 инчи (2,500мм). Често, гранките од дрвата биле потопувани во вештачки црвени бобинки кои делувале како свеќници. Со текот на годините, други видови на вештачки новогодишни елки станале популарни. Во 1930 година, седиштето на компанијата Addis Brush во САД ја создаде првата вештачка новогодишна елка од влакна од четка. Друг вид на вештачка елка е алуминиумската. Дрвата се произведувале во САД, најпрво во Чикаго во 1958 и подоцна во Манитовок, Висконзин, каде што повеќето дрва се произведувале. Повеќето модерни вештачки дрва се направени од рециклирана пластика од употребени материјали за пакување, како поливинил хлорид (ПВЦ) или друга пластика. Околу 10% од вештачките новогодишни елки користат необработена смола ; и покрај тоа што повеќето новогодишни елки освен пластичните не се рециклираат и не се биоразградливи. Исто така постојат и други трикови. Новогодишните елки со оптички влакна потекнуваат од два вида, едните личат на традиционална новогодишна елка. Една компанија од Далас нуди дрва со многу нијанси. Објектите во форма на дрво направени од таков материјал како картон, стакло, керамика или друг материјал, може да се најде и како украс за маса. Вештачките елки свртени наопаку станаа популарни за многу краток временски период и се претставени најпрво во продавниците на мало, тие овозможија потрошувачите да се доближат до украсите за продавање и продавниците отворија поголем простор за повеќе производи. Вештачките елки станаа неверојатно брзо популарни кон крајот на 20-от век. Корисниците на вештачките елки тврдат дека тие се поудобни, и бидејќи можат повторно да се користат е поефтино од природната елка. Тие се сметаат за побезбедни од природните елки кои можат да бидат значително опасни за пожар. Помеѓу 2001 и 2007, продажбата на вештачките елки во САД порасна од 7.3 милиони на 17.4 милиони.

Прашања од животната средина[уреди | уреди извор]


Дебатата за влијанието на вештачките дрва врз животната средина е во тек. Општо земено, одгледувачите на природните дрва тврдат дека вештачките се еколошки многу поштетни за разлика од природните. Сепак, трговските гругжпи како што е американската асоцијација за новогодишно дрво, продолжува да ги побива вештачките дрва дека се поштетни за животната средина и дека содржат ПВЦ (половинил хлорид) кој се користи за вештачките елки кој има одлични рециклирачки својства. Живите дрва обично се одгледуваат како култура и повторно се засадуваат по сечењето, најчесто за овозможување на соодветно живеалиште на дивиот свет. Во некои случаи производството на новогодишни елки може да се одрази со сиромашни живеалишта, поради големата употреба на пестициди. Загриженоста на луѓето се зголеми поради сечењето на старите и ретки четинари, како што се Keteleeria evelyniana, за новогодишна елка. Вистинските или исечените дрва се користат краток временски период, но може да се рециклира и да се користи како прекривка или да спречи ерозија. Вистинските дрва се јаглеро-неутрални, тие не испуштаат јаглерод диоксид по нивното отсекување. Студиите за проценка на независниот животен циклус, спроведени од страна на фирмата на екперти за одржлив развој, наведува дека природното дрво генерира 3..1 кг (6,8лб) гасови секоја година, додека вештачкото дрво произведува 48,3 кг во текот на својот живот. Некои луѓе користат живи новогодишни елки или дрва во саксија кои можат да се купат или изнајмат од локалните продавници на одгледувачи. Изнајмените се враќаат по празниците, додека купенитепо употребата можат да се засадат од сопственикот или да се донираат во локалниот урбанистички центар за присвојување на дрва. Повеќето вештачки дрва во последните години се направени од рециклирани ПВЦ листови со употреба на тенок стабилизатор. Во минатото, често се користело олово како стабилизатор во ПВЦ, но сега е забранет од кинеските закони. Употребата на олово како стабилизатор во кинеските увозни дрва е прашање на загриженост меѓу политичарите и научниците во изминатите години. Едно проучување во 2004 година покажа дека општо во вештачките дрва претставуваат мал ризик за здравјето од контаминацијата на олово, постојат „најлошите сценарија“ каде што поголемите здравствени ризици кај деца постојат. Агенцијата за заштита на животната средина во 2008 година изјави дека как што ПВЦ старее во вештачките дрва, така почнува да се деградира. Извештајот утврди дека од 5о милиони вештачки дрва во САД, речиси 20 милиони биле стари по 9 години и повеќе, точка каде што може да се достигне опасно ниво на контаминација на олово. Професионално проучување на животниот циклус на вештачките и природните дрва откри дека вештачкото дрво мора да се користи барем 20 години за да остави стапка во животната околина толку мала колку една природна новогодишна елка.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Catholic Encyclopedia poster

  • Christmas trees на Curlie (англиски)
  • „Christmas Tree Survives War, Hiroshima Bomb“. Associated Press. 21 December 2007. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на 2013-08-25.
  • „History of the Christmas Tree“. AllAboutHistory.org.