Ела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ела
Период: [1]
Abies alba Beskid Żywiecki 4.JPG
Сребрена ела (Abies alba)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Ела
Mill.
Видови

во текстот.

Елата (науч. Abies) — род што опфаќа 48–55 вида на зимзелени иглолисни дрва од семејство на боровите (Pinaceae). Се среќава во планинските краишта на најголемиот дел на Европа, Азија, Северна и средна Америка и Северна Африка. Најсродмп дрво на елата е кедарот (Cedrus).

Сите автохтони видови достигнуваат височина од 10–80 м и пречник на стеблото од 0,5–4 м. Елите се разликуваат од другите членови на семејството на боровите по тоа што иглестите листови се држат на стебленцето со основата налик на вакуумска лепенка. Друга заедничка одлика се исправените цилиндрични шишарки долги 5–25 см што се распаѓаат и испуштаат крилести семиња кога ќе узреат. Видовите се распознаваат по големината и распоредот на листовите, големината и обликот на шишарките, и по тоа дали малите лушпички се долги и издадени или кратки и скриени во шишарката. Шишарките се плодови на елите.

Класификација[уреди | уреди извор]

Гранчиња на џиновска ела (Abies grandis)
Цели и распаднати шишарки на македонската ела (Abies borisii-regis)
Шишарки и гранчиња на корејска ела (Abies koreana)
  • оддел Grandis (западна С. Америка до Мексико и Гватемала, низини на север, умерени височини на југ)
    • Abies grandis — џиновска ела
      • Abies grandis var. idahoensis — ајдаховска ела
    • Abies concolor — еднобојна ела
      • Abies concolor subsp. lowiana — Лоова еднобојна ела
    • Abies durangensis — дураншка ела
      • Abies durangensis var. coahuilensis — коавилска ела
    • Abies flinckii — халисковска ела
    • Abies guatemalensis — гватемалска ела
  • оддел Amabilis (тихоокеански крајбрежни планини, Северна Америка и Јапонија, на планини со многу врнежи)
Фаберова ела (Abies fabri во Сечуан, Кина
  • оддел Oiamel (средно Мексико, на големи височини)

[[Податотека:Red fir.jpg|мини|десно|Величенствена ела (Abies magnifica) во Калифорнија, САД

  • оддел Nobilis (western САД, на големи височини)
    • Abies procera — благородна ела
    • Abies magnifica — велелепна ела (црвена ела)
      • Abies magnifica var. shastensis — шастинска ела

Употреба и екологија[уреди | уреди извор]

Дрвото на елата не е погодно за општа дрвена граѓа, но се користи смелено при изработката на иверка и груба граѓа. Бидејќи целиот род нема никаква отпорност на инсекти и гниење по сечата, се препорачува само за внатрешна столарија (на пр. костури за тули на ѕидови). Дрвото што ќе се остави изложено надвор не трае повеќе од 12 до 18 месеци, зависно од видот и климата.

Елата е најзастапена како новогодишна елка кој е празничен симбол за доаѓањето на новата година во земји како Република Македонија, и за Божиќ во католичките и протестантските земји. За оваа цел во Македонија најчесто се користи сребрената ела, а во другите земји и кавкаската, благородната, Фрејзеровата и балсамската ела. Разни дрвја од родот служат и за украс во градинарството. Вакви се корејската и Фрејзеровата ела, што даваат светло обоени шишарки дури и додека се мали (1–2 м). Другите ели растат од 10 до 80 м во височина.

Денот 18 јуни е прогласен за „Ден на елката“.

Растенијата од овој род се храна за гасеници на некои видови пеперутки и молци.

Елката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Елката се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Schorn, Howard; Wehr, Wesley (1986). Abies milleri, sp. nov., from the Middle Eocene Klondike Mountain Formation, Republic, Ferry County, Washington. „Burke Museum Contributions in Anthropology and Natural History“ том  1: 1–7. 
  2. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 257.
  3. Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 34-35.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Wikispecies-logo.svg Ела на Викивидови ?
  • Ела (Abies) - База на скриеносеменици (англиски)