Јакарски кајман
Изглед
| Јакаре кајман | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Влекачи |
| Ред: | Крокодиловидни |
| Семејство: | Алигаторовидни |
| Род: | Кајман |
| Вид: | Јакарски кајман |
| Научен назив | |
| Caiman yacare Daudin, 1802 | |
Јакарскиот кајман (науч. Caiman yacare, португалски: Jacaré), познат и под името парагвајски кајман е вид на кајман кој го среќаваме во централниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ја северна Аргентина, источна Боливија, југозападен Бразил и реките во Парагвај.
Овие животни растат до максимална должина од 2-3 метри и се хранат со риби, мекотели, цицачи и ракови. Кожата на јакарскиот кајман се употребува во производство на кожни производи па затоа често се жртви на ловокрадство.
Галерија
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јакарски кајман (Caiman yakare) Архивирано на 2 јануари 2010 г. - Флоридски универзитет (англиски)