Ден на независноста (САД)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огномет на Денот на независноста над Вашингтонскиот споменик во 1986 година

Ден на независноста (англиски: Independence Day, разговорно Четврти јули, Fourth of July) — федерален празник во Соединетите Американски Држави (САД) во чест на Декларацијата за независност, ратификувана од Вториот континентален конгрес на 4 јули 1776 година, со што се основани Соединетите Американски Држави.

Делегатите на Вториот континентален конгрес прогласиле дека Тринаесетте колонии повеќе не се потчинети на монархот на Британија, кралот Џорџ III, и дека сега се обединети, слободни и независни држави.[1] Конгресот гласал да ја одобри независноста со усвојување на Лиовата резолуција на 2 јули и ја усвоил Декларацијата за независност два дена подоцна, на 4 јули.

Денот на независноста најчесто се поврзува со огномети, паради, скари, карневали, саеми, излети, концерти, бејзбол игри, семејни собири, политички говори и церемонии, како и разни други јавни и приватни настани кои ја слават историјата, владата и традициите на Соединетите Американски Држави. Денот на независноста е национален празник на САД.[2][3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What is Independence Day in USA?“. Tech Notes. July 2, 2015. Архивирано од изворникот на June 22, 2019. Посетено на July 2, 2015.
  2. „National Days of Countries“. Ministry of Foreign Affairs and Trade. New Zealand. Архивирано од изворникот September 4, 2011. Посетено на June 28, 2009.
  3. Central Intelligence Agency. „National Holiday“. The World Factbook. Архивирано од изворникот May 13, 2009. Посетено на June 28, 2009.
  4. „National Holiday of Member States“. United Nations. Архивирано од изворникот July 2, 2012. Посетено на June 28, 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]