Долно Свиларе
Долно Свиларе | |
Координати 42°1′42″N 21°17′8″E / 42.02833° СГШ; 21.28556° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 2.174 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25040 |
Надм. вис. | 388 м. м |
Долно Свиларе на општинската карта Атарот на Долно Свиларе во рамките на општината | |
Долно Свиларе на Ризницата |
Долно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во западните предели на Скопската Котлина, северно од Вардар.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 5 христијански[2] и 27 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 23 мажи христијани, без новороденчиња и 89 мажи муслимани со 10 новороденчиња. Исто така биле забележани 13 мажи муслимани кои тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 270 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Свиларе вживееле 330 жители, сите Албанци.[5]
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 2.010 жители, од кои 1.998 Албанци и 6 Македонци и 6 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.174 жители, од кои 2.128 Албанци и 46 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | — | 783 | 885 | 909 | 1.123 | 1.435 | 3 | 1.725 | 2.010 | 2.174 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Долно Свиларе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Доселеници: Паровски (3 к.) најстар род во селото. Точно не знаат од каде се доселени; Матњан (8 к.) и Нел (9 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија; Лика (5 к.) доселени се од северна Албанија; Јажинц (11 к.) доселени се од тетовското село Јажинце. Таму се доселени од северна Албанија. Они потекнувале од Красниќи; Шаин (9 к.) доселени се од северна Албанија; Дишолар (11 к.) доселени се од северна Албанија; Љугаџи (3 к.) доселени се од некое село Љугаџи во Љума; Дано (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија; Шерифоски (5 к.), Зеќиролар (6 к.), Љоц (4 к.) и Џеколар (2 к.) сите се доселени од северна Албанија.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Селиште — населба од римското време
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Долно Свиларе, на Карти на Гугл
|