Сушица (Скопско)
Сушица | |
Панорама на Сушица | |
Координати 41°57′28.08″N 21°46′49.08″E / 41.9578000° СГШ; 21.7803000° ИГД | |
Регион | Скопска Блатија |
Општина | Петровец |
Население | 139 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25127 |
Сушица на општинската карта Атарот на Сушица во рамките на општината | |
Сушица на Ризницата |
Сушица (позната и како Катлановска Сушица или Коњарска Сушица) — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина и областа Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Селото лежи на надморска височина од 380 метри. Оддалечено е 24 километри источно од Петровец, 37 километри источно од Скопје и 26 километри јужно од Куманово.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 68 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 257 мажи христијани, со 30 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 574 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 760 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Сушица има 178 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 139 жители, од кои 137 Македонци и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 760 | 645 | 663 | 562 | 454 | 302 | 225 | 206 | 178 | 139 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Сушица e македонско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во Сушица се:
- Староседелски или доселенички со непознато потекло: Радевци (10 к.), Даневци (8 к.), Зајинци (11 к.), Миајлевци (9 к.), Ѓуревци (3 к.), Костовци (3 к.), Карпузовци (2 к.), Шутевци (3 к.), Дедо-Петковци (6 к.), Јошевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ролевци (2 к.), Пидевци (1 к.) и Ќирковци (1 к.) за нив не се знае дали се староседелци, или пак доселени со непознато потекло.
- Доселеници: Николчевци (8 к.) порано се викале Ѓаковци. Некои за нив велат дека се доселени од околината на Ѓаковица во Косово; Марковци (9 к.) и Анџинци (2 к.) доселени се од селото Мирковци во Скопска Црна Гора; Долноселци (3 к.) доселени се од селото Долно Коњари. Го знаат следното родословие: Данило (жив на 40 г. во 1952 година) Мите-Наумче-Петко, кој се доселил; Русановци (3 к.) и Качаровци (9 к.) доселени се однекаде.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Градиште — утврдување од римско време(дел од Јустинијановиот сигнален систем низ територијата на Македонија -Маркови Кули, Кисела Вода — градиште, Сушица Коњарска - Горно Кале, Крушица);[13]
- Селиште — населба од непознат период;[13]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Личности родени во Сушица (Скопско):
- Трајко Стевковски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Страшо Петрушев (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојан Крстевски (1927-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ристо Стојановски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.