Стојан Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Крстевски
Роден 1927 година
Сушица (Скопско), Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 24 септември, 1945 година
Ледоград, Хрватска
Националност Македонец

Стојан Стојчев Крстевски ( 1927 во Сушица (Скопско)24 септември 1945 во Ледоград, Славонија, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршување на основното училиште, се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во есента 1944 година, пред целосното ослободување на Македонија, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал во Земун каде ја завршил три-месечната воена обука. Потоа бил прераспореден во други единици на НОВ и ПОЈ. Со една од нив учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во многу борби за ослободување на Војводина, Хрватска и Словенија. Иако војната веке била завршена, со Бригадата учествувал во борбите за уништување на воените злосторници и квислинзи во планините. Во една од тие битки загинал на 24 септември 1945 година, кај Ледоград во Славонија. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 80. На |first= му недостасува |last= (help)