Ристо Стојановски
Изглед
Ристо Стојановски | ||
Роден | 30 јуни, 1919 година Сушица (Скопско), Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Врпоље, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Ристо Петрушев Стојановски (30 јуни 1919 во Сушица (Скопско) — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија, во ноември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе акции за уништување на балистичките банди. Потоа заминал за Земун, каде завршил тримесечна воено-стручна настава. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, храбро загинал во битката за ослободување на Врпоље. Бил закопан кај Врпоље, а подоцна посмртните останки му биле пренесени и закопани во родното село Сушица.[1]