Костур (округ): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Костур |
|||
Ред 117: | Ред 117: | ||
=== Нестрам === |
=== Нестрам === |
||
{{Главна|Нестрам (општина)}} |
|||
[[Податотека:Nestram-ot-Gorusha.jpg|мини|десно|Поглед на Нестрам од планината [[Горуша]]]] |
[[Податотека:Nestram-ot-Gorusha.jpg|мини|десно|Поглед на Нестрам од планината [[Горуша]]]] |
||
Општината [[Нестрам (општина)|Нестрам]] (грч. ''Νεστόριο'') е поделена на следниве општински единици: |
Општината [[Нестрам (општина)|Нестрам]] (грч. ''Νεστόριο'') е поделена на следниве општински единици: |
Преработка од 15:29, 15 јуни 2014
Костур Περιφερειακή ενότητα Καστοριάς | |
---|---|
Округ | |
Општини во Костурскиот округ | |
Костурскиот округ во Грција | |
Координати: 40°30′N 21°15′E / 40.500° СГШ; 21.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Админ. центар | Костур |
Површина | |
• Вкупна | 1.720 км2 (660 ми2) |
Население (2011) | |
• Вкупно | 50.322 |
• Густина | 29/км2 (76/ми2) |
Пошт. бр. | 52x xx |
Пов. бр. | 24670 |
ISO 3166 | GR-56 |
Рег. таб. | ΚΑ |
Мреж. место | kastoria.gr |
Костур или Костурски округ (грчки: Περιφερειακή Ενότητα Καστοριάς), Перефериаки Енотита Касторияс) — округ во областа Западна Македонија, денес Грција. Сместена е во северозападниот дел на Егејска Македонија и се состои од три општини: Костур, Нестрам и Орестида. Администратицен центар е градот Костур. Општините се сочинети од вкупно 15 општински единици, составени од поголем број села.
Географија
Костурскиот округ се граничи со окрузите Леринскиот на север, Кожанскиот на исток и југ, Гребенскиот на југ, Јанинскиот на југозапад и со албанскиот округ Девол на запад.
Подрачјето на Костур е претежно планинско, со изразено континентална клима, што значи дека има студени зими и топли лета.
Во средината на округот се наоѓа Костурската Котлина со убавото Костурско Езеро, на кое се наоѓа и самиот град Костур. Од северозапад, котлината е ограничена од планината Орлово, која го дели Костурско од подрачјето на Девол во Албанија и грчкиот дел на Мала Преспа — општината Општина Преспа. На североисток е Нередската Планина (Вич), која пак го дели Костурското од Леринското Поле. На исток планината Мурик е границата со Кајларското Поле. На запад планината Грамошта и на југозапад планината Горуша го делат Костурско и воопшто Егејска Македонија од Епир и областа Колоња во Албанија. На југ котлината е релативно отворена по долината на Бистрица кон Гребенско.
Географската граница меѓу Македонија и Епир не се совпаѓа точно со административната граница на округот — дел од селата Нестрамско географски припаѓаат на Епир, но административно се водат под Костур.
Најважни реки што се слеваат во Костурско се Бистрица и нејзината западна притока Белица. Во Грција, Белица се смета за почеток на Бистрица.
Во Костурско има четири јасно издвоени историско-географски области: Корешта, Костенарија, Пополе и Нестрамско.
Главна патна магистрала е GR-15, која оди во правец север-југ и го поврзува Костур со Лерин на север и со магистралата „Егнатија“ на југ.
Општини и општински единици
Округот се состои од три општини (посочени се и нивните броеви на картата).[1] Секоја општина е составена од извесен број општински единици, а секоја од нив има извесен број населени места (понекогаш само едно).
Називите на општинските единици не секогаш се водат според некое населено место. Може да бидат сосема измислени, или пак дадени во чест на некоја личност (на пр. пропагандистот Јон Драгумис). Затоа, ваквите единици немаат македонски имиња.
Општините се следниве:
Костур
Општината Костур (грч. Καστοριά) е поделена на следниве општински единици:
Нестрам
Општината Нестрам (грч. Νεστόριο) е поделена на следниве општински единици:
Орестида
Општината Орестида (грч. Άργος Ορεστικό) е поделена на следниве општински единици:
- Јон Драгумис
- Хрупишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
„Костур (округ)“ на Ризницата ? |
- Управа на Костурскиот округ 0 (англиски)
|
|
|
|