Бистрица (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бистрица (Грција))
Прејди на: содржини, барај
Бистрица
Αλιάκμονας
Течението на Бистрица на сателитска снимка
Извор Грамушта
Утока Егејско Море
40°28′04″ СГШ 22°39′15″ ИГД / 
Земји во сливот Егејска Македонија, Грција
Должина 322 км
Сливно подрачје 6.971,7 км2

Бистрица или Белица (англиски: Αλιάκμονας, Алијакмонас) — најдолгата река во Егејска Македонија и во цела денешна Грција, со вкупна должина од 322 км. Тече низ областа Западна Македонија (Костурската, Гребенскиот и Кожанскиот округ и Централна Македонија (Берско и Катеринско). Сливот зафаќа површина од 6.971,7 км2.[1]

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира во планината Грамушта (Грамос), близу границата со Албанија. Во горното течение, реката се движи на исток, а потоа кај Костур врти на југоисток. Опишува крива линија околу планината Црвена Гора, па свртува на североисток кај с. Земњач. Потоа влегува го големото вештачко Витивјанско Езеро. Југоисточно од Бер, Бистрица навлегува во Солунското Поле, подрачје од голема важност за земјоделството. На крај се влева во Солунскиот Залив западно од устието на Вардар, а источно од с. Либаново.

Мост преку Витивјанското Езеро на реката Бистрица близу Серфиџе.

Бистрица минува крај следниве градови (по низводен редослед): Нестрам, Хрупишта, Лепчишта, Земњач, Велвендо и Гида.

Историја[уреди | уреди извор]

Според Јулиј Цезар, Бистрица претставувала граница помеѓу Македонија и Тесалија. Во горното течение одела во југоисточен правец низ Елимеја, и продолжувала на североисток, образувајќи ја границата помеѓу Пиерија, Еордеја и Иматија. Во времето на Херодот, нејзина притока била Колудеј (Лудија)[2] која се одлевала од езерото на Пела. Денес Колудеј не се спојува со Бистрица, туку се влева право во Егејското Море.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]