Прејди на содржината

Пена

Координати: 41°59′00″N 21°03′03″E / 41.98333° СГШ; 21.05083° ИГД / 41.98333; 21.05083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пена

Пена во Тетово
Местоположба
ДржаваМакедонија
Физички особености
ИзворЧабриолица/кај Џинибег, Шар Планина
УстиеВардар, кај Сараќино
 • координати
41°59′00″N 21°03′03″E / 41.98333° СГШ; 21.05083° ИГД / 41.98333; 21.05083
Должина29,7 км
Големина на сливот192 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Карта

Пена, во постарата книжевност Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река.[1]) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато била нарекувана Хтетовчица

Извор и устие

[уреди | уреди извор]
Реката југозападно од Бозовце.
Камен мост на реката Пена во Тетово.

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица,[2] на јужната страна на циркот Џинибег, на некаде околу 2.400 метри надморска висина, во ливадеста зарамнина на височина.[3] Највисокиот извор (41°58′02″N 20°46′11″E / 41.967096° СГШ; 20.769833° ИГД / 41.967096; 20.769833) понекогаш пресушува, додека подолниот извор е повеќесезонски (41°58′22″N 20°45′56″E / 41.972882° СГШ; 20.765493° ИГД / 41.972882; 20.765493).

Од нејзина десна страна, во неа се вливаат водотеците на Кривошијска и Лешничка Река.[3] Горниот тек на реката е месно наречен Бозовска Река.[4]

Таа тече непосредно јужно од селата Бозовце, Вешала и Бродец.

Следни други притоки на Пена се: Чепеновска, Скакалска, Караниколска, Бродечка,[3] Пржина, Вејчка, и уште други 4 реки[5].

Поминувајќи низ самото средиште на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.

Особености

[уреди | уреди извор]

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинска разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км.

Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, Софија. стр. 264
  2. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 „ХИДРОЛОГИЈА“. sharplanina.com.mk. Архивирано од изворникот 2014-05-31. Посетено на 28 јули 2023.
  4. „с. Бозовце – Долна Лешница – Кривошијски Водопад“. turnimedakinisam.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-28. Посетено на 28 јули 2023.
  5. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр. 68-70
  6. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]