Бадахос (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бадахоз (покраина))
Прејди на: содржини, барај
Бадахос
Provincia de Badajoz
Покраина
Бадахос во рамките на Шпанија
Бадахос во рамките на Шпанија
Земја Шпанија
Автономна заедница Екстремадура
Главен град Бадахос
Површина
 • Вкупна 21.766 км2
Службен јазик шпански
Окрузи во покраината Бадахос

Бадахос (шпански: Provincia de Badajoz) — покаина во автономната заедница Екстремадура, западна Шпанија. Се граничи со покраините Касерес на север, Толедо, Сјудад Реал на исток, Кордоба на југоисток, Севилја и Уелва на југ, и Португалија на запад.

Со површина од 21.766 км2, ова е најголемата покраина во Шпанија.[1] и е поретко населена од другите покраини.[2] Според пописот од 2010 г., населението брои 692.137 жители. Главен град е Бадахос.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на покраината уживало просперитет за време на Римското царство кога Мерида била меѓу главните центри во Хиспанија. Со завршувањето на визиготскиот и навлегувањето на Маврите, династијата Ибн ел-Афатас во Бадахос воспоставила значаен културен и научен центар. Многу од морепловците кои го освојувале новиот свет биле од оваа покраина.[2]

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Иако има повеќе делови на Бадахос со пониски ридски венци, површината е претежно пуста, со еднолични рамни или благо накосени предели. Најважна река е Гвадијана, која го пресекува северот на покраината во превец исток-запад и има голем број притоки; сепак, реката е полноводна само во некои делови од годината, па затоа често може да се преминува без пловило. Климата е континентална, со мошне топли лета и студени зими и силни западни и северозападни ветришта на рамнините. Растителноста е типично средоземна.[1]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Покраината е поделена на 134 општини. Покрај градот Бадахос, поважни населени места се Алмендралехо, Азуага, Дон Бенито, Херез де лос Кабалјерос, Мерида, Зафра, Монтихо и Вилјануева де ла Серена. Има и традиционални окрузи (комарки) кои немаат административна улога: Ла Сиберија и Љанос де Оливенза. Главниот град Бадахос е Најважен стопански и трговски центар во покраината.[2]

Посетителски знаменитости[уреди | уреди извор]

Најважни стопански гранки во Бадахос се туризмот и земјоделството.[2] Најпосетувани места се градот Бадахос со тврдината, Фрехенал де ла Сиера, Херез де лос Кабалјерос, Љерена, Мерида, Оливенза, Аланхе, Албуркерке и Алмендралехо. Месната кујна е позната по јадења како див зајак, еребица и разни свински производи.

Значајни знаменитости во Мерида се римскиот театар, Националниот музеј на римска уметност и тврдината (aлказаба). Во Бадахос, од значење се градската тврдина и споменикот на Ибн Мерван[1].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]