Валверде де Љерена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Валверде де Љерена
Амблем на Валверде де Љерена
Амблем
Валверде де Љерена се наоѓа во Шпанија
Валверде де Љерена
Местоположба во Шпанија
Координати: 38°13′00″ СГШ 5°49′00″ ЗГД / 
Држава Шпанија
Автономна заедница Екстремадура
Покраина Бадахоз
Општина Валверде де Љерена
Површина
 • Вкупна 41,2 km2 (159 sq mi)
Надм. вис. 572 m (1,877 ft)
Население (2010)
 • Вкупно 763
 • Густина 17,14/km2 (4,440/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Мреж. место Ayuntamiento de Valverde de Llerena

Валверде де Љеренаопштина во покраината Бадахоз, Екстремадура, Шпанија. Општината има население од 763 жители на површина од 41 км².

Местоположба[уреди | уреди извор]

Сместена е во близина на Аилјонес кон Гвадалканал, до самиот раб на Севилја. Станува збор за населба сместена на гребен под ниок агол на ридест терен кој одговара на теренот на Сиера Морена.

Градот припаѓа на заедницата Екстремадура во покраината Бадахози правно под Љерена.

Историја[уреди | уреди извор]

Моменталното име на градот се должи на неговиот основач, дон Родриго де Валверде. Сепак, низ историјата ова место било познато и под други имиња: при крајот на XV век бил нарекуван Валаверде де ла Реина. Исто така бил наречен и „Азуага Валверде“, според надредената управна област.

Валверде де Љерена е основано како населено место во 1240 година од страна на дон Родриго де Валверде, витез од Сантијашкиот ред, управник на Валез, кој во средината на XIII век го апоседнал ова место давајжи им одредени предности на тие што ќе се населат.

Новодоселените потпаднале под управување на Сантијашкиот ред. Во 1594 година, на пописот на покраините и владенија на Кастилјското кралство во XVI век како дел од Сантијашкиот ред во Леон и имало 232 зависни селани.

Во 1559 година било разгледувано дали местото ќе се стекне со титлулата вилја од страна на кралот Филип. Во 1586 година, било отуѓено од владението на Сантијашкиот ред, и продадено на Маркизата Маријана де Кордоба од Вилјануева дел Рио, минувајќи во владение на Семејството Алба.

Во минатото градот бил во делот општини во североисточна Екстремадура. Под управа на Љерена е од 1834 година.

Наследство[уреди | уреди извор]

Католичка парохиска црква именувана како Безгрен зачеток, под надбискупијата Мерида-Бадахоз.