Виљануева дел Фресно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виљануева дел Фресно
Поглед на Виљануева дел Фресно
ДржаваШпанија
Автономна заедницаЕкстремадура
ПокраинаБадахос
ОпштинаВиљануева дел Фресно
Површина
 • Вкупна360 км2 (140 ми2)
Надм. вис.&10000000000000256000000256 м
Население (2006)
 • Вкупно3.564
 • Густина9,9/км2 (260/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Виљануева дел Фресно — град во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија.

Виљануева дел Фресно е најјужниот град во округот Оливенса и еден од најбликите градови до границата со Португалија, со која има значајна трговска размена.

Историја[уреди | уреди извор]

Луѓето се населиле во долината Гвадијана уште од праисториски времиња, односно откриени се остатоци од неолитот и палеолитот. Најважниот археолошки остаток е примитивна најверојатно исламска населба позната како Кунко, сместен меѓу Рибеира де Кункос и реката Гвадијана. Најверојатно, претходните населби се под оваа населба.[1]

Областа била освоена во периодот на Реконкистата, и подоцна за време на португалската борба за независност од Шпанија, во кој период градот бил наречен „Вила Нова де Португал.“ Кон крајот на XIII век, градот бил дел од поседите на Темпларите, сè до моментот кога папата го распуштил Редот на темпларите во 1312 година. Во 1332 година, кралот Алфонзо XI на својот мајордомо, Мартин Фернадес Портокареро, му доделли земјиште во околината на градот. Се оженил со ќерката на друг аристократ, и нивните потомци станале познати како лордови на Могер и Виљануева дел Фресно. Семејството Портокареро станало едно од најпознатите семејства во шпанија и во 1530 година Карло V го именувал за маркиз на Виљануева дел Фресно, Хуан Портокареро. Семејството служело и во колониите и биле познати војводи во Шпанија. Кастилијанските владетели му ја признавале независноста на градот. Кулата на верноста била доградена на замокот во периодот на XIV век, за да се осигура безбедноста на градот во тој дел од границата. Португалците го нападнале градот во неколку наврати, од кои повеќето биле одбиени. Во 1643 година, португалската армија под водство на Матијас Албакеркски го заземала градот и замокот по долгата опсада, по што во 1646 година биле разрушени за време на Португалската борба за независност.

Обновата започнала 25 години подоцна, по потпишувањето на Лисабонскиот договор. Новиот град бил изграден на другата страна на ридот од првичната населба и како и соседниот град Челан, поголемиот дел од населението биле португалци. Новоизградениот град бил осмислен да има широки улици и садници кои опстоиле до денес.

Демографија[уреди | уреди извор]

Растот на населението во Виљануева дел Фресно во периодот од 1900 до 2007 година
1900 1910 1920 1930 1940 1950 1960
4393 4692 5387 6430 6535 6585 6621
1970 1981 1991 1996 1999 2007
4253 3469 3295 3449 3522 3610

Архитектура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Останати се само рушевините од тврдината која на градот му ја давала стратешката важност. Областа меѓу стоечките ѕидови е претворена во амфитеатар. Оваа тврдина била изградена во XV век со цврсто ограден обем и крепост со високи кули, но била уништена два века подоцна.

Градот во XVII век имал многу традиционални, двокатни куќи, особено на улиците Хиларио Лопес, Нуева, Сан Хуанито, Протокареро, Сан Хинес и Светиот Дух. Некои од фасадите се украсени со одрини, порти и балкони. Плоштадот Шпанија е тредиционалниот центар на градот, каде се наоѓа и историската градска куќа и црква. Плоштадот се одликува со пространост и отвореност. Други поважни историски знаменитости се столбот дел Конде и де ла Мора, трите хермити, остатоците од аквадуктот во близина на поранешниот манастир Пресвета Богородица и обновената средновековна тврдина и мостот од XVII век на патот кон блиското село Алкончел.

Во околината на општината е земјоделската задруга „Планинска и низинска коза“ која се простира на површина од 2.688 хектари, површина експроприрана од советот на Екстремадура од Војвотката на Алба и отстапена на граѓаните од блискиот град Захинос.

Областа исто тка изобилува и со природни знаменитости кој се познати туристички атракции за планинари, ловци и рибари. Блиските шуми и диви предели изобилуваат со ретки животински видови од коридорот Рио Алкараче (Големиот ушест був, Црниот штрк и диви мачки се едни од заштитените ретки видови) и заштитената област за птици Сиера де Херез.[2] Две поголеми хидроелектрани се изградени во областа, со резервоари во Кунко и Аквелва (Португалија). Риболовот е дозволен во резервоарите и се изградени платформи за набљудување.

Храна[уреди | уреди извор]

Обласната гастрономија се состои од ибериска шунка, јагнешко и зајачко месо. Во полињата во близина на Виљануева дел Фресно се собираат диви јадливи печурки, меѓу кои се сончарката, приземната мувоморка[3] и летниот вргањ.

Месни прослави[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Local Government Information Архивирано на 4 март 2016 г..
  2. „Dehesas de Jerez“. Birding in Extremadura. Extremadura Government. Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  3. Calvo Perez, Javi (23 Jan 2009), Fungipedia, Архивирано од изворникот на 2013-09-30, Посетено на 10 September 2012