Пловило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брод

Пловило или пловен објект – направа која плива, плута и се движи по површината на водата или заронува и се движи под нивото на површината на водата.[1][2]

Пловност[уреди | уреди извор]

Постоењето на пловила го овозможува појавата која се вика пловност. Секое тело, со помала специфична тежина од течноста во која е заронето, останува на површината – плива.

Телото зазема одредена положба на рамнотежа под влијание на две сили: тежината на телото и узгонот (Архимедов закон). Метацентарот ја одредува стабилната положба на телото кое плива. Тоа е точката во која насоката на делувањето на узгонот на телото, кое е извадено од положба на рамнотежа, ја сече насоката на тежишната линија во положба на рамнотежа. Ако метацентарот е над тежиштето, тогаш се јавува пар сили кои го враќаат телото во положба на рамнотежа и пливањето е стабилно. За да се постигне што поголема висина на метацентарот над тежиштето, а со тоа и стабилност, се градат пловила на кои тежиштето им е што пониско, а обликот на трупот што поповолен. Меѓутоа, во ова има граница, бидејќи времето на клатење околу положбата на рамнотежа е дотолку поголемо колку што е метацентарот повисок, а тоа е непогодност за стабилност и сигурност на пловидбата.[1]

Посебно градени пловила на кои пловноста по желба им се поништува со зголемување на делувањето на гравитационата сила може да се движат и под површината на водата. Тоа се подморници и батискафи.[2]

Историјат[уреди | уреди извор]

Сплав
Галија[3]

Пловечки балван, трупец дрво, е првото природно пловило со кое се спасувале и животни и луѓе. Поврзани балвани формираат сплав. Издлабен балван бил првиот чамец, чун. Со весла станал значаен особено на реките. Благодарение на веслата чамецот можел да се движи и насочува. Големите чамци стануваат бродови се движат со помош на весла, а се насочуваат со кормило на крмата. Тоа биле галиите. Чамец со дрвена конструкција на која се оптегнувала животинска кожа бил првиот едреник.[4] Погонска снага му е ветар. Кога во 1807 година, Фултон ја конструирал првата парна машина, бродоградбата доживеала револуција. Пареата под притисок преку преносни механизми покренува лопатки и пропелери со чие вртење се погонува брод. Првпат во историјата движењето не зависи исклучиво од природните околности и директната човечка физичка снага. Со понатамошно усовршување на науката и технологијата настануваат моторите со внатрешно согорување. Габаритот на горивата значително се смалува по единица поминат пат. Човекот плови сè подалеку и сè посигурно. Електричниот погон со електрични мотори е важен особено за движење на подморниците под нивото на водената површина. Настанале и првите пловила на млазен, реактивен погон. Атомската енергија обезбедува со гориво од неколку стотини грама, пловилата да поминат илјадници наутички милји.

Едреник
Титаник[5] - пароброд
Носач на авиони
Супертанкер

Поделба на пловилата[уреди | уреди извор]

  • Според средината во која пловат:
  • речни и езерски
  • морски
  • Според материјалот од кој се градени:
  • дрвени
  • метални
  • пластични
  • Според погонот:
  • Според конструкцијата на трупот:
  • Основна поделба на пловилата:

Употреба[уреди | уреди извор]

Тркачка сцена

Вообичаено целта на пловилата е овозможување риболова и екстракција на ресурси, превоз на товари и патници, поморско образование или слободни активности, како и за изведување борбени или спасувачки операции.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Дизајнот на чија основа се создава пловилото обично настојува да оствари рамнотежа меѓу внатрешниот капацитет (тонажа), брзината и пловноста. Тонажа претежно се разгледува во транспортните операции, брзината е важна за воените бродови, а сигурноста е примарна грижа за помалку искусните корисници на пловила во текот на обуката и ракувањето. Усогласеност со сигурносните прописи е задолжителна за поголемите пловила, со што се осигурува многу ретки случаи на бродолом. Сигурноста се обезбедува со примена на опсежно сметачко моделирање и тестирање на моделот уште пред почетокот на градбата во пловилото.

Пропулзија[уреди | уреди извор]

рчпал (м.), сарак (м.), сопа (ж.), тојага (ж.), ќотек (м.) Историски, пловилата биле погонувани од луѓе со помош на драгови или весла, биле користени едра придвижувани од притисокот на ветрот, и разни проектирани машини кои создаваат потисок под површината на водата со употреба на мотор со внатрешно согорување или на електрична енергија. Технолошката историја на пловила во европската историја може да се подели на основа на бродската пропулзија како: едноставни пловила за веслање, , галии од 8 век пр.н.е . до 15 век, едреници во добата на откритија од раниот 15 век до раниот 17 век, бродови со полна опрема во добата на пловидба од 16 до средината на 19 век.[6] Во текот на добата на пареа биле користени поморски парни машини, главно меѓу 1770 и 1914 година. После тоа во употреба влегла парната турбина, подоцна гасната турбина и моторите со внатрешно согорување кои користат дизел гориво, бензин и ЛНГ како гориво на преминот од 20 века, што е дополнето во одредена мера со нуклеарен бродски погон од 1950-тите во некои поморски пловила. Моменталниот технолошки развој настојува да идентификува, обновливи и помалку загадувачки извори за погон на пловила од сите облици и големини.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.
  2. 2,0 2,1 2,2 Група аутора, Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд, 1959.г.
  3. Rutland, J. (1988) A galleon, 2nd rev. ed., Connaty, M. (ed.), London : Kingfisher, Пловило
  4. Quiller-Couch, Arthur Thomas (1895). The Story of the Sea. 1. Cassell and Company. стр. 760.
  5. Official investigation report – the sinking of RMS Titanic (PDF) (изд. 1.). London: The final board of inquiry. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 октомври 2017. Посетено на 27 јули 2017.
  6. „The Age of Sail“ (англиски). HMS Trincomalee. Архивирано од изворникот на 16 март 2016. Посетено на 12 April 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]