Наутичка милја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споредба на наутичката милја, конпнената милја и километарот.

Наутичка милја или морска милја (симбол: НМ, M, NM, нми или nmi) — единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан, но приближно една лачна минута географска должина само на екваторот. По меѓународен договор, една наутичка милја изнесува точно 1.852 метри.

Единицата не му припаѓа на SI-системот, но е прифатена за употреба со неговите единици. Наоѓа особена примена во морската шпедиција и воздухопловството,[1] но и во поларните експедиции. Застапена е во меѓународното право и меѓународните договори, особено во однос на границите на територијалните води на државите. Наутичката милја потекнува од т.н. „морска милја“ и сродна е на копнената милја.

Наутичката милја се користи од морепловците и авијатичарите ширум светот бидејќи е згодна при работа со карти. Највеќето карти се изработени со Меркаторовата проекција, чиј размер варира за фактор од 6 од екваторот до 80° СГШ и ЈГШ. Затоа не е можно да се приложи една иста скала кај размери помали од 1:80.000.[2] Бидејќи во практичното морепловство и воздухопловство, наутичката милја е еднаква на една минута геог. ширина, растојанието на картите лесно се мери со поделба, користејќи ја скалата за ГШ.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Историска дефиниција на наутичката милја

Меѓународната наутичка милја е дефинирана на Првото вонредно хидрографско собрание во Монако (1929) како точно 1852 метри.[1] Ова е единствената дефиниција во широка употреба според Меѓународната хидрографска организација (МХО) и Меѓународното биро за тегови и мерки (МБТМ). Пред 1929 постоеле разни дефиниции во разни земји, и затоа требало да помине време за новоутврдената мерка да се прифати СССР, Британија и САД.

Изразено во други единици[уреди | уреди извор]

Една наутичка милја е еднаква на:

  • 1,852 километри (точно)
  • 1,150779 милји (копнени) (точно: 57.875/50.292 милји)
  • 2.025,372 јарди (точно: 2.315.000/1.143 јард)
  • 6.076,1155 стапки (точно: 2.315.000/381 стапки или 1.822.831/300 геодетски стапки)
  • 1.012,6859 фата (точно: 1.157.500/1.143 фата)
  • 10 меѓународни кабли (точно)
  • 10,126859 британски (100-фатен) кабли (точно: 11.575/1.143 британски кабли)
  • 8,439049 американски (120-фатен) кабли (точно: 57.875/6.858 американски кабли)
  • 0,998383 екваторски лачни минути (традиционални географски милји)
  • 0,9998834 средни меридијански лачни минути (средни историски наутички милји)

Сродни единици[уреди | уреди извор]

Од наутичката милја е изведена и единицата за брзина јазол. Таа се дефинира како една наутичка милја на час. Поимите „јазол“ произлегува од традиционалниот начин на мерење брзина со јаже и парче талпа („лог“) т.е. со броење на јазлите на јажето што ќе заминат во водата во текот на дадено време.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII изд.), стр. 127, ISBN 92-822-2213-6  (англиски)
  2. Bowditch, Nathaniel, LLD; et al, The American Practical Navigator (PDF) (2002 изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр. 34–35 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bowditch, Nathaniel, LLD; et al, The American Practical Navigator (PDF) (2002 изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр. 716–854 
  • Bowditch, Nathaniel, LLD; et al (1966 - Corrected Print), The American Practical Navigator, Washington: U.S. Navy Hydrographic Office, стр. 945  Check date values in: |date= (помош)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]