Капелн
| Капелн | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Шлезвиг-Фленсбург |
| Градоначалник | Хајко Траулсен |
| Основни податоци | |
| Површина | 43,32 км2 |
| Надм. височина | 9 м |
| Население | 8.607 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 199 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | SL |
| Пошт. бр. | 24376 |
| Повик. бр. | 04642, 04644 |
| Портал | www.stadt-kappeln.de |
| Местоположба на градот Капелн во рамките на округот Шлезвиг-Фленсбург | |
| Координати | 54°39′41″N 9°55′52″E / 54.66139°N 9.93111°E |
Капелн (германски: Kappeln; дански: Kappel) — мал град на полуостровот Ангелн, во округот Шлезвиг-Фленсбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северниот брег на фјордот Шлај, околу 30 километри североисточно од градот Шлезвиг и 35 километри југоисточно од Фленсбург.
За источниот дел на полуостровот Ангелн и северниот дел на полуостровот Шванзен, градот има средишна функција. Градот на Шлај е рибарско место и до 2006 година во градската единица Олпениц се наоѓала касарна на германската војска.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Капелн-Ланд, иако самиот град не претставува дел од заедницата.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Кон градот Капелн припаѓаат местата Мелби, Дотмарк, Зандбек, Штутебил, Еленберг, Олпениц и Коперби.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Градот бил првпат споменат во 1357 година.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Капелн е збратимен со следниве градови:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Градски единици“. Град Капелн. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 10 јуни 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Капелн на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
|
| Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
