Шванзен

Координати: 54°34′N 9°54′E / 54.567° СГШ; 9.900° ИГД / 54.567; 9.900
Од Википедија — слободната енциклопедија
Зизеби во Шванзен
Двојазична карта за Шванзен

Шванзен (германски: Schwansen; дански: Svans или Svansø, што означува „лебедово езеро“) — полуостров во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, опкружен од Балтичкото Море. Се наоѓа помеѓу Екернфердскиот Залив на ју и морскиот ракав Шлај на север. На полуостровот живеат околу 20.000 жители.

Јужнојитландскиот дијалект на данскиот јазик се користел во Шванзен околу 1780 година (последен пат во селата близу Шлај). Данска го загубила Шванзен во текот на Втората шлезвишка војна во 1864 година.

Шванзен е име и на поранешната истоимена општинска заедница, која го зафаќала поголемиот дел од полуостровот. Седиштето на општинската заедница било во Дамп.

На полуостровот се наоѓаат следниве општини:

Покрај овие општини, на полуостровот влегуваат и градските единици Борби и Лујзенберг на градот Екернферде и градските единици Олпениц и Коперби (Еленберг) на градот Капелн.

54°34′N 9°54′E / 54.567° СГШ; 9.900° ИГД / 54.567; 9.900