Градиште (Долно Ѓуѓанци)

Координати: 41°46′54″N 21°59′44″E / 41.78167° СГШ; 21.99556° ИГД / 41.78167; 21.99556
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Градиште (Долно Ѓуѓанце))
Градиште


Местоположба 41°46′54″N 21°59′44″E / 41.78167° СГШ; 21.99556° ИГД / 41.78167; 21.99556
Основни податоци
Место Долно Ѓуѓанци
Општина Свети Николе
Тип

 тврдина


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште — утврдување од доцноантичкото време кај селото Долно Ѓуѓанци, Светиниколско. Непосредно до јужниот крај на селото се издига висок рид опкружен со стрмни падини од сите страни. На половината од неговата височина има полукружна тераса, со простор од околу 200 × 220 м, на чиј раб има остатоци од темели на бедем, цврсто граден од кршен камен и варов малтер, кој селаните со години го раскопувале вадејќи градежен материјал за изградба на своите куќи. По површината има фрагменти од керамички садови, тегули, тули и стакло. Најдени се монети и шест питоси[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069