Елм-Асе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грбот на општинската заедница

Елм-Асе (германски: Elm-Asse) — општинска заедница во округот Волфенбител, во Долна Саксонија, Германија. Била именувана по ридските масиви Елм и Асе. Нејзиното седиште е во градот Шепенштет. Била создадена на 1 јануари 2015 година со спојување на поранешните општински заедници Асе и Шепенштет.

Општинската заедница Елм-Асе се состои од следниве општини:

  1. Далум
  2. Денкте
  3. Хедепер
  4. Кисенбрик
  5. Кнајтлинген
  6. Ремлинген-Земенштет
  7. Роклум
  8. Шепенштет
  9. Ирде
  10. Фалберг
  11. Винигштет
  12. Витмар

Координати: 52°8′N 10°47′E / 52.133° СГШ; 10.783° ИГД / 52.133; 10.783