Асе (општинска заедница)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Асегермански: Asse) — поранешна општинска заедница во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри југоисточно од Волфенбител. На 1 јануари 2015 година била споена со општинската заедница Шепенштет и ја создале новата општинска заедница Елм-Асе.

Грб на Асе

Била именувана по ридскиот масив Асе. Нејзиното седиште било во селото Ремлинген.

Општинската заедница Асе се состоела од следниве општини:

  1. Денкте
  2. Хедепер
  3. Кисенбрик
  4. Ремлинген
  5. Роклум
  6. Земенштет
  7. Витмар