Список на птици во Македонија
Списокот на птици во Македонија е сочинет од 329 вида.
Следниве ознаки се користени за да се истакнат изумрените видови. Неозначените птици се вообичаени видови.
(А) Случајно — вид кој ретко или случајно се јавува во Македонија
(Ex) Локално исчезнат — вид кој повеќе не се среќава во Македонија иако популации постојат на други места
Гусковидни
[уреди | уреди извор]Ред: Anseriformes Семејство: Anatidae
Гусковидните ги вклучува патки, гуски, лебеди и слично. Овие птици се приспособени за водни живеалишта со ципести стапала, рамни клунови и пердуви кои се одлични за вода. Постојат 31 вида во Македонија, еден кој е истребен:
- Дива гуска, Anser anser
- Обична белочелна гуска, Anser albifrons
- Мала белочелна гуска, Anser erythropus (A)
- Тајганска полска гуска, Anser fabalis
- Тундранска полска гуска, Anser serrirostris
- Црвенограда гуска, Branta ruficollis (A)
- Црвеноклун лебед, Cygnus olor
- Мал лебед, Cygnus columbianus bewickii (A)
- Жолтоклун лебед, Cygnus cygnus (A)
- Лисеста гусковидна патка, Tadorna ferruginea (A)
- Обична гусковидна патка, Tadorna tadorna
- Патка крецка, Spatula querquedula
- Патка лажичарка, Spatula clypeata
- Сива патка, Mareca strepera
- Патка свиркач, Mareca penelope
- Дива патка, Anas platyrhynchos
- Патка ластовичарка, Anas acuta
- Патка берија, Anas crecca
- Mраморна патка, Marmaronetta angustirostris (Ex)
- Патка превез, Netta rufina
- Црвеноглав кожувар, Aythya ferina
- Црн кожувар, Aythya nyroca
- Цуцулест кожувар, Aythya fuligula
- Морски кожувар, Aythya marila (A)
- Белокрила црнка, Melanitta fusca (A)
- Долгоопашеста патка, Clangula hyemalis (A)
- Четириока патка, Bucephala clangula
- Бел нуркач, Mergus albellus
- Голем северен нуркач, Mergus merganser
- Среден северен нуркач, Mergus serrator
- Белоглава патка, Oxyura leucocephala (А)
Фазани
[уреди | уреди извор]Ред: Galliformes Семејство: Phasianidae
Фазаните се фамилија на копнени птици. Во принцип, тие се дебели (иако се разликуваат по големина) и имаат широки, релативно кратки крилја. Има 7 видови во Македонија:
- Потполошка, Coturnix coturnix
- Еребица камењарка, Alectoris graeca
- Oбичен фазан, Phasianus colchicus
- Полска еребица, Perdix perdix
- Голем тетреб Tetrao urogallus (A)
- Лештарка, Tetrastes bonasia
- Мал тетреб, Lyrurus tetrix (A)
Фламинга
[уреди | уреди извор]Ред: Phoenicopteriformes Семејство: Phoenicopteridae
Фламингата се движат во јато, високи се 3 до 5 метри, а нивниот необичен клун е специјално прилагоден за одбирање на храната во тињата и калта. Има еден вид во Македонија:
- Розово фламинго, Phoenicopterus roseus (А)
Нуркачи
[уреди | уреди извор]Ред: Podicipediformes Семејство: Podicipedidae
Нуркачите се мали до средноголеми водни, нуркачки птици. Тие имаат споени прсти и се одлични пливачи и нуркачи. Имаат нозе, но сместени им се поназад на телото, па затоа се тромави на копно. Има 5 видови во Македонија:
- Mал нуркач, Tachybaptus ruficollis
- Ушест нуркач, Podiceps auritus (А)
- Црвеноврат нуркач, Podiceps grisegena (А)
- Цуцулест нуркач, Podiceps cristatus
- Црноврат нуркач, Podiceps nigricollis
Гулаби
[уреди | уреди извор]Ред: Columbiformes Семејство: Columbidae
Гулабите и гугутките имаат витко тело, краток врат и кратки тенки клунови со здебелено мевце. Постојат 5 видови во Македонија:
- Див гулаб, Columba livia
- Горски гулаб, Columba oenas
- Гулаб гривинаш, Columba palumbus
- Грлица, Streptopelia turtur
- Гугутка, Streptopelia decaocto
Дропли
[уреди | уреди извор]Ред: Otidiformes Семејство: Otididae
Дроплите се големи копнени птици главно поврзани со сува отворена земја. Сештојади се и се гнездат на земја. Одат на силни нозе и големи прсти, имаат долги широки крилја и прават впечатливи модели при летањето. Многу од нив имаат интересни прикази при парењето. Постојат 2 вида во Македонија:
- Голема дропла, Otis tarda (А)
- Мала дропла, Tetrax tetrax (А)
Кукавици
[уреди | уреди извор]Ред: Cuculiformes Семејство: Cuculidae
Кукавиците се птици со различна големина со тенки тела, долги опашки и силни нозе. Постојат 2 вида во Македонија:
- Цуцулеста кукавица, Clamator glandarius (А)
- Обична кукавица, Cuculus canorus
Ноќни ластовици
[уреди | уреди извор]Ред: Caprimulgiformes. Семејство: Caprimulgidae
Ноќните ластовици се средни ноќни птици со долги крилја, кратки нозе и многу краток клун. Обично се гнездат на земја. Повеќето имаат мали нозе, кои малку ги употребуваат за пешачење, и долги зашилени крилја. Нивните меки пердуви личат на кора или лисја и им служат за камуфлажа. Постои еден вид во Македонија:
- Европска ноќна ластовица, Caprimulgus europaeus
Пиштарки
[уреди | уреди извор]Ред: Apodiformes Семејство: Apodidae
Пиштарките се мали воздушни птици, кои го трошат поголемиот дел од својот живот летајќи. Овие птици имаат многу кратки нозе и никогаш не се доброволно на земја. Многу од нив имаат долги наназад свртени крила кои личат на полумесечина или бумеранг. Постојат 3 видови во Македонија:
- Голема пиштарка, Tachymarptis melba
- Mала пиштарка Apus apus
- Сива пиштарка, Apus pallidus (A)
Блатни кокошки
[уреди | уреди извор]Ред: Gruiformes Семејство: Rallidae
Блатните кокошки (барски кокошки) се големо семејство на мали и средни птици. Тие обично живеат во густа вегетација, во влажни средини во близина на езера, мочуришта или реки. Начелно се срамежливи и таинствени птици кои тешко може да се набљудуваат. Повеќето видови имаат силни нозе и долги прсти кои добро се прилагодуваат на меката нерамна површина. Имаат кратки, заоблени крилја и се слаби летачи. Постојат 7 видови во Македонија:
- Барска кокошка, Rallus aquaticus
- Прдавец, Crex crex
- Дамчеста барска кокошка, Porzana porzana
- Црвеноклуна блатна кокошка, Gallinula chloropus
- Лиска, Fulica atra
- Мала барска кокошка, Zapornia parva
- Мала блатна кокошка, Zapornia pusilla (A)
Жерави
[уреди | уреди извор]Ред: Gruiformes Семејство: Gruidae
Жеравите се големи, долгоноги и долговрати птици. За разлика од чапјите, жеравите летаат со испружени вратови. Карактеристични се по бучното додворување проследено со посебен танц. Во Македонија постои еден вид:
- Евроазиски жерав, Grus grus
Чурулини
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Burhinidae
Тие се средни до големи птици со црн или жолто-црн клун, големи жолти очи и непробојни перја. И покрај тоа што се класифицирани како птици кои се непробојни на влага, повеќето видови живеат во суви или полупустински живеалишта. Во Македонија постои еден вид:
- Евроазиски чурулин, Burhinus oedicnemus
Сабјарки
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Recurvirostridae
Сабјарките се семејство на големи птици со долги нозе и долг нагоре свиткан клун. Во Македонија постојат 2 вида:
- Црвенонога сабјарка, Himantopus himantopus
- Модронога сабјарка, Recurvirostra avosetta (А)
Остригари
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Haematopodidae
Остригари се големи и бучни птици слични на пескари, со силни клунови кои ги користат за кршење или отворање на мекотели.
- Евроазиски остригар, Haematopus ostralegus (А)
Блатарки
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Charadriidae
Блатарките се мали и средни птици со компактни тела, кратки и дебели вратови и долги насочени крила. Претежно живеат во близина на вода, иако постојат некои исклучоци. Постојат 7 вида во Македонија:
- Сиво блатарче, Pluvialis squatarola (А)
- Златно блатарче, Pluvialis apricaria (А)
- Северна калуѓерка, Vanellus vanellus
- Боцкокрила калуѓерка, Vanellus spinosus (А)
- Мал пескар, Charadrius dubius
- Планински пескар, Charadrius morinellus (A)
- Среден пескар, Charadrius hiaticula (A)
Мочварки
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Scolopacidae
Мочварките се големо и разновидно семејството на мали и средни крајбрежни птици. Поголемиот дел од видовите јадат мали безрбетници кои ги собираат во калта или почвата. Варијациите во должината на нозете и клунот им овозможува различните видови да се хранат во исто живеалиште, без директно да си конкурираат за храна. Постојат 23 вида во Македонија, еден кој е истребен:
- Шарен српоклун свиркач, Numenius phaeopus (А)
- Голем српоклун свиркач, Numenius arquata
- Tенкоклун српоклун свиркач, Numenius tenuirostris (Ex)
- Црноопашна блатарка, Limosa limosa
- Камењарче, Arenaria interpres (А)
- Бојник, Calidris pugnax
- Блатен свиркач, Calidris falcinellus (А)
- Белокрстен свиркач, Calidris ferruginea (А)
- Белоопашест свиркач, Calidris temminckii (А)
- Бел свиркач, Calidris alba (А)
- Обичен свиркач, Calidris alpina
- Мал свиркач, Calidris minuta
- Мала шлука, Lymnocryptes minimus
- Шумска шлука, Scolopax rusticola (А)
- Шлука ливадарка, Gallinago media (А)
- Барска шлука, Gallinago gallinago
- Речна тринга, Actitis hypoleucos
- Шарена тринга, Tringa ochropus
- Црна тринга, Tringa erythropus
- Зеленонога тринга, Tringa nebularia
- Блатна тринга, Tringa stagnatilis
- Шумска тринга, Tringa glareola
- Црвенонога тринга, Tringa totanus
Блатни ластовици
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Glareolidae
Во ова семејство на птици-преселници спаѓаат ласовиците кои имаат кратки нозе, долги остри крила и долги чаталести опашки. Постои еден вид во Македонија:
- Блатна ластовица, Glareola pratincola (A)
Поморници
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Stercorariidae
Тие се средни до големи птици, типично со сив или кафеави пердуви, често со бели ознаки на крилјата. Тие се гнездат на земја во умерените и арктичките региони и се преселници на долги растојанија.
- Широкоопашест поморник, Stercorarius pomarinus (A)
- Краткоопашест поморник, Stercorarius parasiticus (A)
Галеби и рибарки
[уреди | уреди извор]Ред: Charadriiformes Семејство: Laridae
Laridae е семејство на средни до големи морски птици. Тие се обично сиви или бели, со црни белези на главата или крилата. Имаат стројно тело, долгнавести клунови и ципести нозе. Постојат 19 вида во Македонија:
- Тропрст галеб, Rissa tridactyla (А)
- Тенкоклун галеб, Chroicocephalus genei (A)
- Речен галеб, Chroicocephalus ridibundus
- Мал галеб, Hydrocoloeus minutus
- Розов галеб, Rhodostethia rosea (А)
- Црноглав галеб, Ichthyaetus melanocephalus
- Голем црноглав галеб, Ichthyaetus ichthyaetus (А)
- Обичен галеб, Larus canus
- Жолтоног галеб, Larus michahellis
- Касписки галеб, Larus cachinnans (А)
- Мал црногрб галеб, Larus fuscus (А)
- Мала рибарка, Sternula albifrons (А)
- Дебелоклуна рибарка, Gelochelidon nilotica (А)
- Касписка рибарка, Hydroprogne caspia (А)
- Црна рибарка, Chlidonias niger
- Белокрила рибарка, Chlidonias leucopterus (А)
- Белобрада рибарка, Chlidonias hybridа (А)
- Речна рибарка, Sterna hirundo
- Тенкоклуна рибарка, Thalasseus sandvicensis (А)
Морски нуркачи
[уреди | уреди извор]Ред: Gaviiformes Семејство: Gaviidae
Морските нуркачи се големи птици, пливачи и нуркачи, долги од 53 до 91 см и со распон на крилата меѓу 106 и 152 см. Тежината се движи од 1, па сè до 6,4 кг, зависно од видот. Тоа значи дека овие големи видови се значително потешки од гуските. Овие птици се разликуваат од нуркачите пред сè по целосните пливачки кожички кои ги поврзуваат трите нанапред свртени прсти (анизодактилија), како и многу добро видливата, иако кратка, опашка. Има пет вида во светот, од кои два ги среќаваме во Македонија:
- Мал морски нуркач, Gavia stellata (А)
- Белец, Gavia arctica
- Голем морски нуркач, Gavia immer (А)
Штркови
[уреди | уреди извор]Ред: Ciconiiformes. Семејство: Ciconiidae
Штрковите се големи, долгоноги и долговратни птици кои полетуваат со истегнат врат. Штрковите се неми, а комуницираат со клопот на клунот. Гнездата им се големи и ги користат и по неколку години. Има 19 вида во светот, а во Македонија 2:
Корморани
[уреди | уреди извор]Ред: Pelecaniformes Семејство: Phalacrocoracidae
Кормораните се семејство средни до големи крајбрежни птици кои се хранат со риби. Бојата на перјата им е претежно темна, црно-бела, но некои се и шарени. Има 38 вида во светот, од кои 2 се во Македонија:
- Мал корморан, Microcarbo pygmeus
- Голем корморан, Phalacrocorax carbo
Пеликани
[уреди | уреди извор]Ред: Pelecaniformes Семејство: Pelecanidae
Пеликаните се големи водни птици со специфична торбичка под клунот. Тие имаат ципести нозе со 4 прсти. Има 8 вида во светот, а во Македонија се сретнуваат 2:
- Обичен пеликан, Pelecanus onocrotalus
- Кадрав пеликан, Pelecanus crispus
Чапји и бикови
[уреди | уреди извор]Ред: Pelecaniformes Семејство: Ardeidae
Чапјите се средни до големи птици со долг врат и нозе. Биковите се со пократок врат и се повнимателни. Постојат 61 видови во светот, и 9 во Македонија:
- Голем воден бик, Botaurus stellaris
- Мал воден бик, Ixobrychus minutus
- Сива чапја, Ardea cinerea
- Црвена чапја, Ardea purpurea
- Голема бела чапја, Ardea alba
- Мала бела чапја, Egretta garzetta
- Чапја говедарка, Bubulcus ibis (A)
- Жолта чапја, Ardeola ralloides
- Ноќна чапја, Nycticorax nycticorax
Ибиси и лажичарки
[уреди | уреди извор]Ред: Pelecaniformes Семејство: Threskiornithidae
Тие се големи крајбрежни птици со долги, широки крилја, со 11 основни и околу 20 секундарни пердуви. Иако се големи, тие се силни летачи. Во светот има 36 вида, а во Македонија 2:
- Црн ибис, Plegadis falcinellus (A)
- Чапја лажичарка, Platalea leucorodia
Орел-рибар
[уреди | уреди извор]Ред: Accipitriformes Семејство: Pandionidae
Во ова семејство постои само еден вид, а тоа е орелот-рибар, кој е средноголема граблива птица чија специјалност е риболовот.
- Орел-рибар, Pandion haliaetus (А)
Јастреби, орли и луњи
[уреди | уреди извор]Ред: Accipitriformes Семејство: Accipitridae
Во ова семејство грабливи птици се вклучени: јастребите, орлите и мршојадците. Тие имаат моќни клунови за кинење месо од својот плен, силни нозе, силни канџи и остар вид. Постојат 233 вида во светот од кои 25 вида во Македонија:
- Брадест мршојадец, Gypaetus barbatus (Ex)
- Египетски мршојадец, Neophron percnopterus
- Осојад, Pernis apivorus
- Црн мршојадец, Aegypius monachus
- Белоглав мршојадец, Gyps fulvus
- Орел-змијар, Cicaetus gallicus
- Мал орел кликач, Clanga pomarina
- Голем орел кликач, Clanga clanga (A)
- Мал орел, Hieraaetus pennatus
- Степски орел, Aquila nipalensis (А)
- Царски орел, Aquila heliaca
- Златен орел, Aquila chrysaetos
- Планински орел, Aquila fasciatа (А)
- Блатна еја, Circus aeruginosus
- Полска еја, Circus cyaneus
- Степска еја, Circus macrourus (А)
- Ливадска еја, Circus pygargus
- Краткопрст јастреб, Accipiter brevipes
- Јастреб врапчар, Accipiter nisus
- Јастреб кокошкар, Accipiter gentilis
- Црвена луња, Milvus milvus
- Црна луња, Milvus migrans
- Белоопашест орел, Haliaeetus albicilla
- Гаќест глувчар, Buteo lagopus (А)
- Јастреб глувчар, Buteo buteo
- Лисест глувчар, Buteo rufinus
Кукувија
[уреди | уреди извор]Ред: Strigiformes Семејство: Tytonidae
Овие се средни до големи утки (утковидни) со големи глави и карактеристични срцовидни лица. Тие имаат долги силни нозе со моќни канџи. Постојат 16 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Кукувија, Tyto alba (А)
Утки
[уреди | уреди извор]Ред: Strigiformes Семејство: Strigidae
Утките се мали до големи осамени ноќни птици грабливки. Тие имаат големи напред насочени очи и уши, јастребовиден клун, и впечатлив круг од пердуви околу секое око, т.н. фацијален диск. Постојат 195 вида во светот и 9 во Македонија:
- Ќук, Otus scops
- Голем ушест був, Bubo bubo
- Мал був, Glaucidium passerinum
- Кукумјавка, Athene noctua
- Планинска улулајка, Strix aluco
- Уралска улулајка, Strix uralensis
- Планински був, Asio otus
- Блатен був, Asio flammeus
- Пердувеста кукумјавка, Aegolius funereus (А)
Пупунци
[уреди | уреди извор]Ред: Bucerotiformes Семејство: Upupidae
Пупунците имаат црна, бела и портокалова боја со големa пувка (креста) на главата. Постојат 2 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Пупунец, Upupa epops
Рибарчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Coraciiformes Семејство: Alcedinidae
Рибарчињата се средни птици со големи глави, долги остри клунови, кратки нозе и мали набиени опашки. Постојат 93 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Рибарче, Alcedo atthis
Пчеларки
[уреди | уреди извор]Ред: Coraciiformes Семејство: Meropidae
Пчеларките се одликуваат со богато обоени пердуви, тенки тела и обично издолжен централен пердув на опашка. Сите се шарени и имаат долг надолу свртен клун и зашилени крила, кои им даваат ластовицовидна појава кога се гледаат од далеку. Постојат 26 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Пчеларка, Merops apiaster
Модроврани
[уреди | уреди извор]Ред: Coraciiformes Семејство: Coraciidae
Модровраните личат на врани по големина и градба, но потесно се поврзани со рибарчињата и пчелојадните. Постојат 12 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Модроврана, Coracias garrulus
Клукајдрвци
[уреди | уреди извор]Ред: Piciformes Семејство: Picidae
Клукајдрвците се мали и средни птици со клунови како длето, кратки нозе, цврста опашка и долг јазик кој им користи за ловење инсекти. Некои видови имаат нозе со два прста насочени нанапред и два наназад, додека неколку видови имаат само три прста. Многу клукајдрвци имаат навика бучно да удираат на стеблата со клуновите. Постојат 218 вида светот и 9 во Македонија:
- Вртивратка, Jynx torquilla
- Среден шарен клукајдрвец, Dendrocoptes medius
- Мал шарен клукајдрвец, Dryobates minor
- Белокрстен шарен клукајдрвец, Dendrocopos leucotos
- Голем шарен клукајдрвец, Dendrocopos major
- Сириски клукајдрвец, Dendrocopos syriacus
- Црн клукајдрвец, Dryocopus martius
- Зелен клукајдрвец, Picus viridis
- Сив клукајдрвец, Picus canus
Соколовидни
[уреди | уреди извор]Ред: Falconiformes Семејство: Falconidae
Соколовидните се дневни птици-грабливки. Се разликуваат од јастребите, орлите и мршојадците по тоа што својот плен го убиваат со клунот, а не со канџите. Има 62 вида во светот и 9 во Македонија:
- Белонокта ветрушка, Falco naumanni
- Обична ветрушка, Falco tinnunculus
- Модра ветрушка, Falco vespertinus
- Средоземен сокол, Falco eleonorae (А)
- Мал сокол, Falco columbarius
- Сокол ластовичар, Falco subbuteo
- Планински сокол, Falco biarmicus
- Степски сокол, Falco cherrug (А)
- Сив сокол, Falco peregrinus
Жолни
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Oriolidae
Жолните се шарени врапчевидни птици. Постојат 29 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Жолна, Oriolus oriolus
Сврачиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Laniidae
Сврачињата се врапчевидни птици познати по нивната навика за ловење други птици и мали животни и закачување на недојадените делови на трње. Клунот им е кукест. Постои 31 вид во целиот свет и 5 во Македонија:
- Сиво свраче, Lanius collurio
- Големо свраче, Lanius excubitor
- Мало свраче, Lanius minor
- Нубиско свраче, Lanius nubicus
- Црвеноглаво свраче, Lanius senator
Врани
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Corvidae
Некои видови од семејството на враните се натпросечно големи за редот на врапчевидни птици. Некои од големите видови покажуваат високо ниво на способност за учење на соодветно поведение. Има 120 вида во светот, а 10 во Македонија:
- Сојка, Garrulus glandarius
- Страчка, Pica pica
- Лешникарка, Nucifraga caryocatactes
- Црвеноклуна галица, Pyrrhocorax pyrrhocorax
- Жолтоклуна галица, Pyrrhocorax graculus
- Чавка, Corvus monedula
- Полска врана, Corvus frugilegus
- Гавран, Corvus corax
- Сива врана, Corvus cornix
Сипки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Paridae
Сипките се главно мали, ниски и набиени шумски птици со краток и тенок клун. Тие се прилагодливи птици, со мешана исхрана вклучувајќи семиња и инсекти. Постојат 59 вида во светот и 7 во Македонија:
- Елова сипка, Periparus ater
- Цуцулеста сипка, Lophophanes cristatus
- Голема црноглава сипка, Poecile lugubris
- Мала црноглава сипка, Poecile palustris
- Планинска сипка, Poecile montana
- Голема сипка, Parus major
- Сина сипка, Cyanistes caeruleus
Торбасти сипки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Remizidae
Торбарестите сипки се група мали врапчевидни птици, поврзани со вистинските сипки. Тие се хранат со инсекти. Постојат 13 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Сипка торбарка, Remiz pendulinus
Чучурлиги
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Alaudidae
Чучурлигите се мали копнени птици со екстравагантни песни и летови, а невпечатлив изглед. Се хранат со инсекти и семиња. Постојат 91 вид во светот и 6 во Македонија:
- Алпска ушеста чучурлига, Eremophila alpestris
- Мала чучурлига, Calandrella brachydactyla
- Дебелоклуна чучурлига, Melanocorypha calandra
- Шумска чучурлига, Lullula arborea
- Полска чучурлига, Alauda arvensis
- Цуцул чучурлига, Galerida cristata
Папагалести сипки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Paradoxornithidae
Папагалестите сипки се група мали птици со долга опашка и папагаловиден клун. Постојат 20 вида во целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Мустаклеста сипка, Panurus biarmicus
Цистиколи
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Cisticolidae
Cisticolidae се свиркачи кои се наоѓаат главно во потоплите јужни региони на Стариот свет. Тие се генерално многу мали птици со слаб кафеав или сив изглед кои се наоѓаат на отворени места како што се пасиштата или грмушките.
- Широкоопашесто грмушарче[1], Cisticola juncidis (А)
Трскари
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Acrocephalidae
Трскарите обично се прилично големи свиркачи. Повеќето се прилично обични маслиново кафеави горе со многу жолто до беж долу. Тие обично се наоѓаат во отворени шуми, трски или висока трева. Во Македонија постојат 9 видови:
- Тенкоклунест трскар, Acrocephalus melanopogon
- Мал трскар, Acrocephalus schoenobaenus
- Трскар рогозар, Acrocephalus scirpaceus
- Блатен трскар, Acrocephalus palustris
- Обичен трскар, Acrocephalus arundinaceus
- Сиво гушанче, Iduna pallida
- Големо гушанче, Hippolais olivetorum
- Жолто гушанче, Hippolais icterina
Тревни трскари
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Locustellidae
Locustellidae е новопризнаена фамилија на мали свиркачи. Видовите се мали птици со опашки кои обично се долги и зашилени. Во Македонија постои еден вид:
- Штурче трскарче, Locustella luscinioides
Ластовици
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Hirundinidae
Ластовиците се одликуваат со воздушно хранење. Имаат тенко тело, долги зашилени крила и кратки клунови со широк отвор. Нозете се наменети за слетување, а предните прсти се речиси споени со стапалото. Постојат 75 вида во светот и 5 во Македонија:
- Брегова ластовичка, Riparia riparia
- Карпеста ластовичка, Ptyonoprogne rupestris
- Селска ластовичка, Hirundo rustica
- Даурска ластовичка, Cecropis daurica
- Градска ластовичка, Delichon urbica
Лисни свиркачи
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Phylloscopidae
Видовите се со различни големини, често со зелени пердуви горе и жолти одоздола, или повеќе пригушени со сиво-зелена до сиво-кафеава боја, кои се разликуваат малку или воопшто не се разликуваат во зависност од годишните времиња. Многу видови полесно се препознаваат по нивните карактеристични песни отколку по нивните досадни пердуви.
- Брезов свиркач, Phylloscopus trochilus
- Елов свиркач, Phylloscopus collybita
- Планински свиркач, Phylloscopus orientalis
- Буков свиркач, Phylloscopus sibilatrix
- Шаренокрилест свиркач, Phylloscopus inornatus (A)
Цетиидни свиркачи
[уреди | уреди извор]Род: Passeriformes Семејство: Cetiidae
Видовите се мали птици. Повеќето од нив имаат умерено долги до долги опашки. Групата обично има досадни пердуви, често со линија над окото. Севкупно, Cettiidae се доста променлива група која содржи многу аберантни птици кои досега биле непријатно сместени во широк опсег на неповрзани семејства. Повеќето живеат во грмушки и често ловат храна низ густиот заплетен раст.
- Свиларче, Cettia cetti
Долгоопашести сипки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Aegithalidae
Долгоопашестите сипки се фамилија составена од мали, млитави птици со умерено долги опашки. Тие се активни птици, речиси постојано се движат додека бараат инсекти во грмушките и дрвјата на шумите.
- Долгоопашеста сипка, Aegithalos caudatus
Силвидни грмушарчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Sylviidae
Силвидните грмушарчиња се мали до средни во големина. Клунот е генерално тенок и зашилен со влакна. Имаат тенка форма и незабележливи и обични бои.
- Црноглаво грмушарче, Sylvia atricapilla
- Градинско грмушарче, Sylvia borin
- Обично грмушарче, Curruca communis
- Мало белогушесто грмушарче, Curruca curruca
- Дамчесто грмушарче, Curruca nisoria
- Источно средоземно грмушарче, Curruca crassirostris
- Источно црвеногушесто грмушарче, Curruca cantillans
- Мало црноглаво грмушарче, Curruca melanocephala
Кралчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Regulidae
Кралчињата се мала група птици кои спаѓаат во редот на врапчевидните птици. Постојат 7 вида во светот и 2 во Македонија:
- Жолтоглаво кралче, Regulus regulus
- Црвеноглаво кралче, Regulus ignicapillus
Карполазачки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Tichodromadae
Карполазачките се мали птици со неверојатни пурпурни, сиви и црни перја, сродни на семејството на лазачите.
- Планинска карполазачка, Tichodroma muraria
Лазачки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Sittidae
Лазачките се мали шумски птици. Тие имаат невообичаена способност да ползат по дрвото надолу, за разлика од другите птици кои можат да одат само нагоре. Ползачите имаат големи глави, кратки опашки и моќен клун и нозе. Постојат 24 вида во целиот свет и 2 во Македонија:
- Европска лазачка, Sitta europaea
- Карпеста лазачка, Sitta neumayer
Ползачки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Certhiidae
Ползачите се мали шумски птици, кафени одозгора, бели одоздола. Имаат тенки надолу насочени криви клунови кои ги користат за извлекување инсекти од кората. Тие имаат вкочанети опашки за да можат да стојат вертикално на дрвото. Постојат 6 вида низ целиот свет и 2 во Македонија:
- Обичен ползач, Certhia familiaris
- Краткопрст ползач, Certhia brachydactyla
Палчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Troglodytidae
Палчињата се главно мали и незабележителни освен со нивните гласни песни. Овие птици имаат кратки крила и тенок надолу свртен клун. Неколку видови имаат исправени опашки. Сите се хранат со инсекти. Постојат 80 вида во светот и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Палче, Troglodytes troglodytes
Водни косови
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Cinclidae
Водните косови живеат во водни средини. Постојат 5 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Воден кос, Cinclus cinclus
Сколовранци
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Sturnidae
Сколовранците се мали и средни врапчевидни птици. Нивниот лет е силен и директен, а летаат во јато. Омилено живеалиште им е отворената земја. Јадат инсекти и овошје. Перјата им се типично темни, со метален сјај. Постојат 125 вида во светот и 2 во Македонија:
- Розов сколовранец, Sturnus roseus
- Обичен сколовранец, Sturnus vulgaris
Дроздови
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Turdidae
Дроздовите се група врапчевидни птици. Тие се дебели со меки пердуви, мали до средни, се хранат со инсекти или понекогаш се сештојади. Многу од нив имаат привлечни песни. Постојат 335 вида во светот и 6 во Македонија:
- Белограден кос, Turdus torquatus
- Обичен кос, Turdus merula
- Ливадски кос, Turdus pilaris
- Лисест дрозд, Turdus iliacus
- Дрозд пејач, Turdus philomelos
- Имеличар, Turdus viscivorus
Муварчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Muscicapidae
Муварчињата се голема група мали врапчевидни птици. Тие живеат на дрво, се хранат со инсекти, имаат слаби песни и груби повици. Постојат 274 вида во светот и 15 во Македонија:
- Карпест дрозд, Monticola saxatilis
- Модар дрозд, Monticola solitarius
- Сиво муварче, Muscicapa striata
- Црноглаво муварче, Ficedula hypoleuca
- Беловрато муварче, Ficedula albicollis
- Шарено муварче, Ficedula semitorquata
- Црвеногушесто муварче, Ficedula parva (A)
- Црвеногушка, Erithacus rubecula
- Славејче, Luscinia megarhynchos
- Долгоопашесто свиларче, Cercotrichas galactotes (A)
- Црна црвеноопашка, Phoenicurus ochruros
- Обична црвеноопашка, Phoenicurus phoenicurus
- Обично ливадарче, Saxicola rubetra
- Планинско ливадарче, Saxicola rubicola
- Белогаска, Oenanthe oenanthe
- Источно шпанско камењарче, Oenanthe hispanica
Свиларки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Bombycillidae
Свиларките се група врапчевидни птици кои се одликуваат со меки свилени перја и уникатен црвен врв на некои од пердувите на крилјата. Тие живеат од инсекти во текот на летото и бобинки во зима. Постојат 3 вида низ целиот свет и 1 вид кој се јавува во Македонија:
- Свиларка, Bombycilla garrulus (А)
Попчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Prunellidae
Попчињата се мали, прилично еднолични видови од редот на врапчевидните птици. Постојат 13 вида во светот и 2 во Македонија:
- Алпско попче, Prunella collaris
- Обично попче, Prunella modularis
Врапчиња
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Passeridae
Врапчињата се мали врапчевидни птици. Во принцип, тие се мали, дебели, кафени или сиви птици, со кратки опашки и кратки моќни клунови. Врапчињата јадат семиња и мали инсекти. Постојат 35 вида во целиот свет и 5 во Македонија:
- Градско врапче, Passer domesticus
- Шпанско врапче, Passer hispaniolensis
- Селско врапче, Passer montanus
- Врапче камењарче, Petronia petronia
- Снежна ѕвингалка, Montifringilla nivalis
Треперки и тресиопашки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Motacillidae
Треперките и тресиопашките се мали врапчевидни птици со средни до долги опашки. Тие се тенки птици кои се хранат со инсекти од земјата. Постојат 54 вида во светот и 8 во Македонија:
- Бела тресиопашка Motacilla alba
- Жолта тресиопашка, Motacilla flava
- Жолтоглава тресиопашка, Motacilla citreola (A)
- Планинска тресиопашка, Motacilla cinerea
- Полска треперка, Anthus campestris
- Шумска треперка, Anthus trivialis
- Ливадска треперка, Anthus pratensis
- Црвеногушеста треперка, Anthus cervinus (A)
- Карпеста треперка, Anthus spinoletta
Ѕвингалки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Fringillidae
Ѕвингалките се врапчевидни птици што јадат семиња, имаат мала до средноголема големина и силен клун, обично конусен и понекогаш многу голем. Овие птици имаат силен лет со наизменични налети на замавнување со крилјата и пловење со затворени крилја. Повеќето од нив пеат убаво. Постојат 137 вида во светот и 10 во Македонија:
- Обична ѕвингалка, Fringilla coelebs
- Планинска ѕвингалка, Fringilla montifringilla
- Обичен крстоклун, Loxia curvirostra
- Обична зеленушка, Chloris chloris
- Елова зеленушка, Spinus spinus
- Билбилче, Carduelis carduelis
- Конопларче, Linaria cannabina
- Обично жолтарче, Serinus serinus
- Зимовка, Pyrrhula pyrrhula
- Дебелоклун црешар, Coccothraustes coccothraustes
Стрнарки
[уреди | уреди извор]Ред: Passeriformes Семејство: Emberizidae
Стрнарките спаѓаат во големото семејство на врапчевидни птици. Тие се птици што јадат семе, со изразита форма на клунот. Многу од нив имаат специфични дезени на главата. Постојат 275 вида во светот и 7 во Македонија:
- Жолтогрла стрнарка, Emberiza citrinella
- Црногрла стрнарка, Emberiza cirlus
- Планинска стрнарка, Emberiza cia
- Градинарска стрнарка, Emberiza hortulana
- Црноглава стрнарка, Emberiza melanocephala
- Блатна стрнарка, Emberiza schoeniclus
- Голема стрнарка, Emberiza calandra
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Решение за определување на видовите диви птици кои се корисни“ (PDF). Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. 16 ноември 26. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Извори
[уреди | уреди извор]- Имињата и веродостојноста за постоењето на птиците во Македонија се од списокот на проф. Бранко Мицевски
- Lepage, Denis. „Checklist of birds of Macedonia“. Bird Checklists of the World. Avibase. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 26 април 2007.
- Clements, James F. (2000). Birds of the World: a Checklist. Cornell University Press. стр. 880. ISBN 0-934797-16-1.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012