Прва балканска војна
| ||||||||||||||||||||||||||||||
|
Прва балканска војна — воен конфликт помеѓу Османлиското Царство и членките на Балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора. Војната започнала на 25 септември (8 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.
Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиското Царство ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово, северозападна Македонија и во други области, Грција - Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии каде што живеле во една политичка целина останало неостварено.
Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиското Царство, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии.
Заднина
[уреди | уреди извор]Кај голем дел водечки државници во Србија ... може да се воочи убедувањето дека Ориенталното прашање не е докрај решено, и дека порано или подоцна, Турција ќе биде натерана сè повеќе да се повлекува од Балканскиот Полуостров...
— Фон Баир, Извештај, 1880[5]
Берлински конгрес
[уреди | уреди извор]Некои од големите сили, особено Австроунгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок.
Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со Ото фон Бизмарк[6].
На Конгресот било одлучено: на Отоманското Царство да ѝ бидат вратени Македонија и Одринска Тракија, а територијата на Бугарија е околу трипати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор.
Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област; Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност; Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманското Царство; Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австроунгарија. По Берлинскиот конгрес, Солсбери, Роберт Гаскон-Сесил истакнал:
Треба повторно да го воспоставиме неодржливото турско управување со јужниот Балкан. Иако ова е чисто одложување на крајот. Не останала виталност (б.н животна сила) повеќе во нив...[7]
На овој начин моќта на Отоманското Царство во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското Царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австроунгарија. Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.
Источно прашање
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век, големите сили имале различни погледи за решавање на т.н. „Источно прашање“ и интегритетот на Отоманското Царство. Руското Царство се стремело да воспостави контрола над Босфорот и преку него да си обезбеди излез на Средоземното Море, руската влада водела пансловенски надворешна политика и ги поддржувала Бугарија и Србија. Велика Британија од своја страна сакала да го спречи Руското Царство да излезе на Средоземното Море и залагала за зачувување на Османлиското Царство и статус кво. Еден француски историчар во 1898 година истакнал:
Источното прашање долго било ограничено на односите помеѓу Османлиското Царство и христијанските европски земји. И не можело да биде поинаку бидејќи единствените проблеми со кој европските политичари се соочувале биле независноста на дунавските кнежевства или независноста на Грција, војната помеѓу Русија и Турција околу превласта во Црното Море, автономијата на Египет, Внатрешната организација и административните реформи на Османлиското Царство под европско влијание, дипломатските односи помеѓу христијанските сили и султанот...
Австроунгарија имала агресивна политика кон Балканот. Откако Хабсбурзите ја изгубиле Италија, Монархијата немала основа за создавање на колнијално царство, Австроунгарија реално можела територијално да се прошири само на Балканскиот Полуостров, нивна стратрешка цел е освојување на Солун и излегување на Егејското Море. Од тактички причини, Хабсбурзите се залагале за зачувување на Отоманското Царство со цел добивање на време за остварување на своите планови. Една од главните цели на Италија е да недозволи некоја од големите сили да добие пристап на Јадранското Море. Германија се стремело за зачувување на суверенитетот и инегритетот на Османлиското Царство со цела да ја претвори во своја колонија.
Македонско прашање
[уреди | уреди извор]Кон крајот на 19 и почетоко на 20 век, особено било актуелно Македонското прашање околу кое се кршеле копјата на балканските држави. Бугарија, Србија и Грција имале свои пропаганди на територијата на Македонија со цел да биле придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Покрај пропагандната дејснот, била водена и жива дипломатска активност по ова прашање.
Грчкиот премиер Трикупис во 1899 година повеќе мислел на грчко-турска војна, отколку на балкански сојуз. Според него, грчки соперник на Грција во Македонија била Бугарија. Тој сметал дека расплетот на македонското прашање ќе дојде по една голема војна по 3, 5 или 8 години. Трикупис сметал дека Македонија ќе биде грчка или бугарска, зависно од победникот во војната. Доколку победат Бугарите, ќе успеат да го словенизираат населението до Тесалија. Ако победи Грција, ќе ги направи сите Грци до Источна Румелија.[8]
На 6 април 1896 година, штотуку признатиот бугарски кнез Фердинанд I се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевиќ. Фердинанд ја истакнал потребата од српско-бугарско зближување за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека Србите и Бугарите се расправале за раженот, зајакот сè уште бил во шума. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:
Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде (Цариград б.н) кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција[9]
Тој понудил формирање на сојуз во кој, според него, требало да влезат Бугарија, Србија и Црна Гора, но бил против влегувањето на Грција, сметајќи дека таа сака да го искористи српско-бугарскиот антагонизам и да приграби голем дел од Македонија. На 1 март 1897 г. во Софија пристигнал српскиот крал со својата делегација. Два дена подоцна бил потпишан договорот меѓу кралството Србија и кнежевството Бугарија, а договорот предвидувал:
- 1) Двете влади договорно да ги разгледуваат прашањата од заеднички интерес на српскиот и бугарскиот народ во Османлиското Царство
- 2) Ниедна од договорните страни, без претходна согласност на другата, да не презема ништо на политички и воен план што ќе го наруши постојното статус кво
- 3) Додека заемно не се утврдат српските и бугарските интерси на национален, црковен и просветен план во Отоманското Царство, двете страни да не си пречат, туку заемно да си помагаат
- 4) Со спогодбата да се запознае кнезот на Црна Гора и да се покани и тој да пристапи[8]
По потпишувањето на договорот, Србија постојано барала поделба на Македонија 50:50 и, според Белград, териториите западно од реката Вардар требало да ѝ припаднат на Србија заедно со Скопје и Куманово, а источно од Вардар на Бугарија, додека Солун требало да се наоѓа под заедничка управа. Меѓутоа, српско-бугарските односи биле влошени поради бугарскиот трговски аген Димитар Ризов од Скопје. Во почетокот на 1899 година, Владан Ѓорѓевиќ во Париз имал средба со бугарскиот дипломатски претставник каде јасно истакнал дека Македонското прашање за Србија претставува борба за живот или смрт. Тој исткнал дека ако Србија и Бугарија не се договорат околу Македонија, тогаш Србите ќе си го земат она што им припаѓа. Овој став, од страна на Александар Обреновиќ му бил презентиран и на Шишманов, бугарскиот дипломатски претставник во Белград. Набргу потоа, Шишманов имал аудиенција кај Милан. Во текот на средбата, Милан истакнал:
Македонците лесно може да се амалгамираат со бугарскиот или српскиот елемент, бидејќи разликата меѓу двата јазика била многу мала... во Македонија можело да се сретнат чисти Срби или Бугари, но тие биле толку малку што не можат да го определат карактерот на Македонија, која од своја страна била словенска земја, ниту бугарска, ниту српска... Македонија требало да се подели помеѓу Бугарија и Србија.[10]
Поради развојот на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на XX век грчката влада во Атина сметала дека нејзините интереси во Македонија се згрозени, отука Грците искажале готовност во помагање на Османлиите за уништување на Македонската револуционерна организација. Во 1900 година, овој став во Цариград бил изнесен од Маврокордатис пред османлиските власти. Од своја страна грчкиот конзул во престолнината на Османлиското Царство, Евгенијадис сметал дека Македонија треба да остане под османска власт сè додека грцизмот не успее таму да ја заземе власта. Во 1903 г., поради случувањата во Македонија дошло до влошување на односите меѓу Бугарија и останатите балкански држави. Францускиот амбасадор во Лондон - Кабон, по средбата со српскиот крал и романскиот дипломатски претставник, истакнал:
Романија, Србија и Грција имале желба да ја видат Бугарија на колена пред султанот, исто како што балканските земји сакале да ја видат Грција во една грчко-турска војна... христијанските народи на Балканот биле подготвени да се уништат меѓу себе, поради што прифаќале соработка со неверникот
Српскиот крал на средбата со Кабон се искажал: против сите опции за Македонија. Против делење, против автономија, бидејќи не сакал да види реприза на Источна Румелија и против реформи спроведени од страна на големите сили... да види војна меѓу Бугарија и Турција, со што Бугарија би добила една лекција за наредните 25 години да не помисли да се меша во Македонија.
Во текот на Илинденското востание, црногорскиот кнез Никола имал средба со бугарскиот дипломатски претставник во Цетиње. На оваа средба, кнезот истакнал дека Црна Гора може да покрене 50.000 војници против Османлиското Царство, а Србија, Бугарија и Црна Гора би можеле заедно да изведат 500.000 војници. Меѓу другото, кнезот сметал на руска, англиска и италијанска помош и така би го решиле македонското прашање со делба или автономија. Во текот на 1903 г. дошло до затегнување на турско-бугарската граница. За да се нормализираат односите, во октомври 1903 г., во Цариград бил испратен Григор Начовиќ. Под притисок на големите сили, двете држави започнале преговори, а Фердинанд, под притисок на Германија, се откажал од барањето за спроведување на реформи во Одринско. Од овие преговори произлегла Бугарско-турска спогодба од 1904 г.
По Илинденското востание било евинденто дека македонскиот народ предводен од Македонската револуционерна организација тргнал по свој сопствен пат кој не се вклопувал во визиите на балканските држави за иднината на Македонија. Отука тие ја засилиле вооружената пропагандна и започнала т.н Борба за Македонија која траела сè до Младотурската револуција. Овој конфликт е кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во Македонија, кој работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била Македонската револуционерна организација, таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и слобода преку едно внатрешно востание.
Врховистичките, грчките и српските чети ја имале поддршката на Бугарија, Грција и Србија, а грчките чети, поради отворениот Турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата Империја, но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на Српското четничко движење. На територијата на Македонија грчките чети се судрувале и со Власите кај кој била силна романската пропаганда како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на Младотурската револуција во Македонија, според турските извори, имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.
Босанска криза
[уреди | уреди извор]Во 1908 г., австрискиот министер Алојз Лекс фон Ерентал ја анектирал Босна и Херцеговина. Оваа област, врз основа на Берлинскиот конгрес, била под австриски мандат, но формално-правно таа сè уште била дел од Османлиското Царство[11]. Областа била анектирана без консултации со останатите големи сили. Франц Јосиф I во царска прокламација од 7 октомври 1908 истакнал:
Кога пред едно поколение Нашата Војска ја прекорачи Вашата земја, дедено ви е Вам уверување, дека не дошле како душмани, туку како Ваши пријатели со цврста волја, да ги отстранат сите зла, кои Вашата татковина со години тешко ја притискале. Овие зборови, дадени Вам во оној сериозен момент, чесно е одржана. Нашат влада отсекогаш сериозно се трудела во мир и законитост внимателно да работи, а на Вашата татковина да ѝ донесе среќна иднина...[12]
Кралството Србија од стратешки интереси имала територијални претензии кон оваа област. Србија извршила мобилизација и ја повикала Русија на помош, Австроунгарија се обратила кон Германија. Со тоа е создала првата криза која ја тресела Европа во почетокот на XX век.
Русија била подготвена да влезе во војна, но под влијание на Франција се откажала од таквата намера. Во целата криза била вовлечена Бугарија и кнезот Фердинанд. На Австроунгарија ѝ бил потребен сојузник на Балканот, кој би ја неутрализирал Србија во евентуална војна и Виена го избрала Фердинанд. Неколку дена пред самата анексија, во Виена биле водени тајни преговори меѓу Фердинанд и Франц Јосиф. Кнезот прифатил да биде австриски сојузник, под услов да се прогласи за цар и Бугарија да стане независна држава[13]. Условите биле прифатени. По извршената анексија, Србија своите територијални апетити можела да ги задоволи само кон југ (Македонија) и југозапад (Албанија).
Албанско национално движење
[уреди | уреди извор]Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. По Берлинскиот конгрес дошло до појава на албанското национално движење. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат исправка на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности.
На 10 јуни 1878 година во Призрен била формирана Албанската лига. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротивстават на балканските држави и големите сили. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци.
По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта почнала да се подготвува да ја ликвидира Призренската Лига. Албанците кои барале автономија Султанот ги прогласил за најопасни непријатели на Османлиското Царство. Во декември 1880 г. на Косово започнале албански вооружени напади против османлиската администрација. Во почетокот на 1881. г. бил организиран вонреден собир на Лигата во Призрен на кој учествувале само оние кои ја поддржувале програмата за автономија.
Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја поддржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила Привремена влада на чело со Имер Призрени - претседател, а за потпретседател бил избран Шаип Спахиу. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта.
Воените сили биле под команда на Сулејман Вокши. Во јануари 1881 г. силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 г. османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и Абдул Фрашери, член на Привремената влада. Младотурската револуција од 1908 година, повторно ги раздвижила Албанците. На Балканот, Албанците поради изгубените привилегии кренале две поголеми востанија[14][15]. Првото востание било кренато во 1910 година, а второто во јануари 1912 година. Албанците особено биле незадоволни од: зголемување на даноците, обврзна воена служба и разоружување на цивилното албанско население[16].
Првото поголемо востание кое било кренато во пролета 1910 година, било задушено од казнена младотурска експедиција предводена од Шефкет Торгут Паша. Првото востание било помогнато од Црна Гора и Бугарија. Второто востание започанло во јануари 1912 година, со пари и оружје помогнале Србија и Црна Гора[17]. Востанието било предводено од Општ вистанички комитет, а водачи на востанието биле Хасан Приштина, Бајрам Цури, Неџиб Драга, Риза Бег Креизи и други. Најважните востанички барања биле: обединување на четирите вилаети (Косовскиот, Скадарскиот Јанискиот и Скопскиот) во еден Албански вилает[18] и Албанците да добијат поголеми политички права во однос на неалбанското христијанско население. Востанието ја принудило Османлиското Царство да прифати спроведување на 12 од 14 барања на албанските востаници. Повторното деградација на христијанското население како граѓани од втор ред во Османлиското Царство, од страна на балканските држави било искористено како еден од поводите за започнување на Првата балканска војна.
Дипломатски подотовки
[уреди | уреди извор]Од почетокот на влошувањето на кризата на Балканот следниве две точки јасно се истакнати на царското министерство: 1. Дека избувнувањето на војната на Балканот е готово неизбежно 2. Неопходно е да се стори сè за мирот во регионот, треба истовремено да се преземат мерки за локализација на војната во случај на негово избивање. Дури кога ќе бидат постигнати овие две цели, можеме да очекуваме директен контакт со виенскиот кабинет... Ако и понатаму продолжиме со проценка на овие значајнио акции, прво мора да укажеме на декларацијата за неповредливост на територијалниот статус кво и друго, мора да бидеме свесни на следните фактори: Општо е познато дека оваа декларација била нераскинливо поврзана со уште еден фактор - дека и големите сили ќе преземат одговорност за успехот на реформите. А кој ги спречи во тоа? Балканските земји. Не, тие само спроведоа истражување за значењето на договорените гаранции. Всушност било сосема спротивно. Големите сили не барале од Турција таква декларација и Турција одговорила дека нема да дозволи странска интервенција и дека сама ќе ги спроведе потребните реформи. Така што второто прашање кое се однесува на декларацијата - спроведување на реформите од страна на големите сили - останало нерешено поради Турција, која не дозволувала странска интервенција. Ова, по нашето мислење, ја поништува декларацијата за неповредливост на територијалниот статус кво, ние нема да бидеме препрека на балканските земји по ова прашање. Ако се размислува на овој начин, прашањето за статусот кво не е за нас од пресудно значење, во случај на негово кршење треба да се истакне следното: 1. Недостаток одинтерес на големите сили за територијално ширење 2. Како компезација, принцип на рамнотежа помеѓу балканските земји заоснован врз договорите кои претходеле на нивниот сојуз...
— Сазонов, Сергеj Димитриевич, Циркуларно писмо до руските претставништва во странство[19]
Улогата на Русија
[уреди | уреди извор]Анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија бил силен удар за Србија која со доаѓањето на Петар Караѓорѓевиќ на српскиот престол, ги прекинала блиските врски со Виена. Српските националисти, во претходниот период, се надевале дека Босна и Херцеговина ќе стане дел од српската држава. Меѓутоа со анексијата таквите желби сè помалку имале реална основа. Настанала вистинска криза. Српските водачи се свртеле кон Руското Царство за помош. Меѓутоа руската влада не била во можност да ѝ помогне на Србија и српските водачи биле принудени да го изменат првобитниот став кон анексијата и да дадат уверување дека Србија: ќе ја смени актуелната политика кон Австроунгарија и... од сега со неа ќе живее во добрососедски односи[20]. Барбара Јелавич истакнува:
Дури и посеризозен бил потикот на Русија им го дала на балканските држави за започнување преговори за создавање на меѓусебен сојуз. Руската цел била да се создаде фронт против Хабсбуршката Монархија, а не да испровоцира војна или крајна поделба на османлиските области во Европа. Сепак, со активна помош на дипломатски претставници, балканските влади потпишале серија документи, што, всушност, претставувале сојузи насочени против Османлиското Царство...
Босанската криза била понижувачка за Србија и Русија. Од тој момент, Руското Царство ја менува својата позиција кон Виена и ја напушта политиката на соработка со Австроунгарија. Русија отогаш била подготвена да договара и да поддржува политика на повторно отворање на т.н Источно прашање. Но, Русија имала за цел да создаде фронт против Австроунгарија, а не да потикне војна или поделба на османлиските провинции на Балканот. Меѓутоа, со активна поддршка на руската дипломатија, балканските држави потпишале серија на документи со кој всушност се создал Балканскиот сојуз против Османлиското Царство.
Балкански сојуз
[уреди | уреди извор]Содавањето на еден Балкански сојуз бил дамнешна желба. Бугаринот Иван Вазов истакнал:
Балкански сојуз е два збора за кои од целото свое срце посакувам да добијат тело и крв, и што поскоро да станат стварност. А зошто сè уште не станале стварност. За тоа има многу причини: грешки од нашата историја (и српски и бугарски), и блиски и далечни, недостаток на зрели политички мисли меѓу оние кои управуваат со судбината или со нашите две држави, склоност кон судири и соперништво типично само за Словените. Како што се гледа, има многу препреки за реализација на оваа идеја. Треба да вооружи со храброст за меѓусебни остапки, ни треба храброст за меѓусебни остапки да ги заборавиме сите себични национални интереси и да мислиме само на едно: дека и бугарскиот и српскиот народ ќе бидат слободни, моќни само во братски марш напреди во цврст политички сојуз...[21]
Обидите за создавање на сојуз помеѓу Бугарија и Србија започнале уште пред стивнувањето на Босанската криза, која била предизвикана од анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија[22]. Преговорите се одолговлекувале три години (1909-1911) поради Македонија. Софија и Белград не можеле да се договорат околу поделбата на оваа османлиска провинција. Руското Царство посредува во српско-бугарските преговори и обидот за постигнување на договор, меѓутоа руските дипломати одбиле да ѝ дадат на Бугарија гаранции во случај на романски напад[23]. Меѓутоа, неколку околности ги забрзуваат преговорите и ја потикнуваат војната:
- Обидите на бугарската дипломатија да издејствуват од Цариград прекин на прогонството врз македонското егзархиско население, пропаднале[24].
- Неуспешните обиди на бугарската дипломатија биле повод за ВМРО да започне борба против Младотурската власт преку терористички методи со извршување на т.н Магарешки атентати. Со атентатите и со очекуваните последици од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците.
- Во септември 1911 година избувнува Турско-италијанската војна. Конфликтот го одвлекол вниманието и силите на Отоманското Царство од Балканот за заштита на својата провинција Либија. Релативно брзо по анексијата на Босна и Херцеговина уште една голема сила, овој пат Италија, го прекршила принципот на статус кво, односно зачувување на суверенитетот и интегритетот на Отоманското Царство[25].
- Во летото на 1912 година, албанските востаници ги освојуваат Косово и Скопје. Османлиската влада е принудена на отстапки кон албанските барањата за автономија. Можноста од албанска контрола врз Косово и Македонија, ги потикнува балканските сојузници да ги забрзаат воените подготовки и постигнување на меѓусебен договор[26][27].
На 29 февруари 1912 година Бугарија и Србија го склучуваат Српско-бугарски договор, кои во следните месеци бил зацврстен со Бугарско-српска воена конвенција потпишан помеѓу генерал штабовите на двете држави. Одделно од Србите, владата на Иван Гешов влегла во преговори со Грција, кои резултираат со Бугарско-грчкиот договор од 16 мај. Неколку дена пред почетокот на воените дејствија Софија и Атина договараат и меѓусебна воена конвенција. Во меѓувреме, во август, е постигнат Бугарско-црногорски договор[28].
Кон крајот на летото на 1912 година се направени последните обиди за спречување на вооружениот конфликт. На 25 септември, кога мобилизацијата на војските на балканските земји веќе е во тек, Австроунгарија и Русија издаваат декларација во која ги предупредуваат дека нема да дозволат промена на границите на Балканот, и ветуваат дека ќе ги обноват напорите за реформи во Македонија. Следниот ден црногорската војска ја напаѓа Скадарската тврдина. На 30 септември, Бугарија испраќа нота од името на балканските сојузници во која ја повикува османлиската влада да обезбеди во рок од шест месеци автономија на етничките малцинства во империјата. Како одговор на ова барање, Цариград им објавил војна на сојузниците на 4 октомври[29][30]. Бугарија и Грција на 5 октомври и објавиле војна на империјата, а Србија два дена подоцна[31]
Воени подготовки
[уреди | уреди извор]Балканските држави сигурно не тргнуваат во војна за да добијат нешто од ветувањата за реформи во Турција, туку со надеж дека ќе добијат политичка полна автономија за христијанските провинции или барем донекаде територијално да се прошираат... Конечниот успех на балканските држави ќе зависи секако од нивната воена подготвеност и во пронаоѓањето на заеднички интереси. Ако тој сојуз е создаден на солидни темели успехот ќе му биде сигурен, а ќе може да се спротивстави како една целина, како една власт, на сите обиди однадвор.
— Обзор, згребски дневен лист, 10 октомври 1912[32]
Демографски и економски потенцијал. Односот на силите
[уреди | уреди извор]Балканските сојузници биле мали држави, кои финансиски зависеле од големите европски земји (Франција, Германија, Австроунгарија), со аграрна економија (со исклучок на Грција, која била ориентирана исклучиво кон надворешната трговија) и неразвиена индустрија, неспособна да издржи долготрајна војна. Последното особено било видливо за време на војната, кога бугарската и другите сојузнички армии немаат доволно облека, муниција и сл.[33] Османлиското Царство има слични економски и финансиски слабости. Империјата по бројот на населението и површината на територијатабилае надмоќна во однос на балканските држави, меѓутоа таа предност била кородирала од слабата администрација, националните судири, слабата економија и недоразвитата транспортна мрежа[34].
Зголемување на балканското население 1878-1912
[уреди | уреди извор]Датум на пописот | Романија | Бугарија | Србија | Грција |
---|---|---|---|---|
1878 - 1879 | 4.486 | 1.679 | ||
1880 | 2.823 | |||
1884 | 1.902 | |||
1887 | 3.154 | |||
1889 - 1890 | 5.038 | 2.162 | 2.187 | |
1892 | 3.311 | |||
1894 | 5.406 | 714.000 | ||
1895 - 1896 | 2.312 | 2.434 | ||
1899 - 1900 | 5.957 | 3.744 | 2.494 | |
1905 | 4.036 | 2.689 | ||
1907 | 2.632 | |||
1910 | 4.338 | 2.912 | ||
1912 | 7.235[35] |
Буџетите на балканските држави 1898-1912
[уреди | уреди извор]Години | Романија | Бугарија | Србија | Грција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Приходи | Расходи | П-Р | Приходи | Расходи | П-Р | Приходи | Расходи | П-Р | Приходи | Расходи | П-Р | |
1900 | 210 | 237 | -27 | 81 | 96 | -15 | 75 | 84 | -9 | 120 | 109 | +11 |
1905 | 308 | 263 | +45 | 128 | 125 | +3 | 95 | 87 | +8 | 130 | 116 | +4 |
1910 | 583 | 525 | +58 | 81 | 198 | -17 | 126 | 128 | -2 | 175 | 141 | +34 |
1911 | 644 | 533 | +111 | 199 | 181 | +18 | 140 | 125 | +15 | 240 | 181 | +59[36] |
Човекови ресурси за време на балканските војни 1912-1913 г.
[уреди | уреди извор]Страни | Површина (км2) | Население (1912 г.) | Воени резерви |
---|---|---|---|
Бугарија | 96.345 | 4.430.000 | 714.000 |
Србија | 48.303 | 2.910.000 | 400.000 |
Грција | 63.211 | 2.630.000 | 300.000 |
Црна Гора | 9.000 | 247.000 | 30.000 |
Балкански сојуз | 216.859 | 10.217.000 | 1.444.000 |
Османска Империја | 2.983.000[37] | 24.800.000 | 1.000.000 |
Мобилизција и планови на Османлиското Царство
[уреди | уреди извор]Во моментот, кога балканските сојузници ги мобилизирале своите војници, дел од османлиските сили веќе биле мобилизирани за војната против Италија. На 10 и 12 септември, османлиската власт извршила делумна мобилизација во своите европски провинции: Тракија, Македонија, Косово и Албанија, а на 18 септември е прогласена општа мобилизација[38].
На 5 октомври, кога Бугарија и Грција извршиле напад врз Османлиското Царство, во Лозана бил склучен мировен договор со Италија[39], со што османлиските власти можеле да се фокусираат на Балканот. Пред почетокот на Првата балканска војна, османлиските власти се соочувале со голем број на проблеми и војната со Италија, а воениот судир со четирите балкански држави за многумина во империјата бил неочекуван. Изет Фуад-паша истакнува:
Никој од нашето окружување не веруваше дека ќе има војна со Бугарија, а уште помалку со останатите четири балкански државаи. Сите и секаде говореа: „Тоа е блеф.“ Сепак, веќе долго ( б.н време) беше очигледно дека овие мали земји, заедно со Русија и Австрија, не смеат да ни дадат време да еден ден да станеме особено моќни. Ако режимот на Абдул Хамид опстанеше, до војна немаше ни да дојде бидејќи политичарите на тие мали и големи сили добро знаеја дека тој режим мошне брзо ќе доведеше до резултатите за кои тие сонуваа...
Османлиската врховна комада сакала да мобилизира 750.000 луѓе. Меѓутоа, поради лошата организација и проблемите во транспортот (недостиг на персонал во железницата и на товарни животни), мобилизацијата и концентрацијата на воените сили се одвивале бавно во споредба со балканските држави[40]. До почетокот на воените дејствија, османската власт и команда успеале да соберат 430.000 војници со 930 топови[41], а според други извори - само 300.000 војници[42]. Во текот на воените дејствија, османските сили се искачиле на 570.000 војници и 4.000 топови[43]. Османлискиот план за војна против балканските сојузници предвидувал:
- 1) концентрација на главните сили на север против Бугарите и Србите во Тракија и Македонија; и
- 2) одбранбени операции против Грција и Црна Гора, за кои биле одвоени послаби воени сили.
Против бугарските сили во Тракија, требало да настапи Источната армија на чело со Абдула Паша. До 4 октомври оваа армија одвај броела 120.000 војници, наместо предвидените 320.000 војници според предвидениот план[44]. Во оваа армија влегувале нецелосните сили на I, II, III, IV и XVII корпус, војници од Одринскиот утврден регион (шест дивизии и дополнителни сили), Самостојната коњаничка дивизија и Крџалискиот одред.
Според османлискиот план, до завршувањето на концентрирањето на Источната армија северозападно од Виза, Одринската тврдина требало да ја заштити оваа османлиска армија од бугарските сили. Крџалискиот одред кои се состоел од две дивизии и еден полк, ја зазел реката Арда и требало да ги пресече бугарските сили од пристапот кон Егејското Море и на тој начин да ги заштити комуникациите помеѓу Цариград и Македонија. Османлискиот план за воени дејствија предвидувал опколување и странични напади врз бугарските сили меѓу Тунџели и Странџа[40].
Планот предвидувал доколку османлиските сили успешно се пресметаат со бугарските војски, да се преземе офанзива врз Царството Бугарија по двата брега на реката Марица, освојување на Хасково и Трново со Сејмен (Симеоновград), како и потиснување на бугарската армија кон север во правец на Стара Планина[45]. Меѓутоа, османлискиот план не го предвидел настапувањето на Третата бугарска армија во правец на Лозенград[40].
Против српско-бугарската офанзива во Македонија била сконцентрирана Вардарската армија на чело со Зеки Паша, кој сметал дека главниот српски напад ќе биде извршен во правец на Врање. Отука, Зеки Паша ги собрал своите главни сили (V, VI и VII корпсус - вкупно околу 58.000 луѓе) за против напад во реонот Штип и Куманово. Струмскиот корпус во јачина од 28.000 војници.[46], трбало да изврши помошен напад во Кресненската Клисура против Втората сојузничка армија и на тој начин д аго обезбеди десното османлиско крило во борбите околу Куманово и Врање.[47][48]
Против грчките сили требало да се спротивстави Јанискиот корпус во јачина од 22.000 војници под команда на Еасат Паша кој имал задача да ги одбрани Епир и Јужна Албанија. VIII корпус во јачина од 29.000 војници и под команда на Хасан Тахсин Паша го преградил преминот помеѓу Тесалија и Солун[49]. Во Северна Албанија во борбите против црногорските сили и одбраната на Скадар биле сконцентрирани 25.000 војници [46]. Сите османлиски сили западно од реката Места ја формирале Западната армија под команда на Али Риза Паша[50].
За да се спротивстават на грчката поморска надмоќност, османлиските власти се обиделе да ги купат модерните германски оклопни крстосувачи Блухер и Молотке. Меѓутоа, османлиските власти не можеле да си ја дозволата нивната висока цена и затоа се задоволиле со двата стари воени брод од класата Брандербург, а двата брода биле именувани како Барбароса Хајредин и Тургут Реис. Овие два брода и крстосувачите Хамидиие и Мисидије го сочинувале јадрото на Османлиската флота[51] до летото 1912 година, меѓутоа се наоѓале во тешка механичка состоја. Флотата имала задача да ги обезбеди османлиските комуникации во Црното, Мраморното и Егејското Море. Во почетокот на војната Отоманското Царство имала десет авиони. Два од нив се наоѓале во близината на Солун, а другите осум биле стационирани во Сан Стефано[52].
Мобилизција и планови на Балканскиот сојуз
[уреди | уреди извор]Балканскиот сојуз мобилизација на своите војници објавил на 17-18 септември[31]. Четирите балкански држави на оружје кренеале 1,2 милиони луѓе со околу 2000 топа[43]. За вкупниот број на активни војници и офицери постојат повеќе разлини бројки од 632.000[53] до 750.000[54]. Меѓутоа балканските држави имале проблем со транспортот на луѓе и опрема. Бугарскиот генерал Иван Фичев истакнува:
Неодамнешното истражување покажа дека нашата (б.н бугарската) железница нема да биде во состојба да одговори на војните потреби во случај на војна. Значи, нашите оперативни проекти тешко би можеле да се задоволат кога се земаат во предвит потребите за превозот за време на мобилизацијата и концентрацијата на војската на теренот. Поради краткото постоење на бугарското кралство, железницата не можела да го постигне својот полн развој и на тој начин да стане доверливо средство во одбраната на државата. Две товарни железнички пруги кои поминувале низ северена Бугарија и јужна Бугарија и трансбалканската пруга - Горна Ораховица, Трново, Стара Загора, станаа најважните пруги за воент транспорт во време на мобилизацијата. Технички гледано, нашите железнички пруги, кои биле градени исклучиво за потребите на трговијата, имаа многу недостатоци: остар нагиб, мал полупречник, мал број на станици, нема платформи за утовар на војните возови, незадоволувачки залихи на вода во најголемиот дел од железничките станици и многу мал број на скретници...[55].
Прeдвоените договори на Бугарија, Србија и Грција предвидувале конкретни аранжмани за координација на активностите сојузниците, меѓутоа тие немале заеднички план за борбените операции, а секоја страна дејствува во зависност од потребите. Распределбата на балканските сили против империјата не била избалансирана и отука главниот товар против Турција паднал врз грбот на бугарската армија во Источна Тракија. Србите и Грците се насочиле своите војници во Западниот оперативен театар, кој поради оддалеченоста од центарот на османлиската држава е второстепен од воена гледна точка, но има огромно политичко значење, бидејќи од развојот на воените дејствија зависело кој ќе владее Македонија[56].
Бугарија
[уреди | уреди извор]Бугарската армија била мобилизирана во втората половина на септември и броела околу 600.000 војници со 1.116 топови[57]. Редовните активните сили се состоеле од 336.000 војници и офицери, а останатите биле распоредени во волонтерски, гранични и други делови[58][59]. Од редовите на македонската емиграција, македонското револуционерно движење и бегалците од Османлиското Царство кои не биле прифатени во редовната војска, било формирано Македонско-одринското доброволство во јачина од 14.670 души.[60]. Во периодот помеѓу 4-8 октомври[61] биле формирани три главни бугарски армии:
- Прва армија - 67.000 војници под команда на пешадискиот генерал Васил Кутинчев - распоредена на двата брега на реката Тунџели во реонот на Казалагач, а Штабот бил сместен во Јамбол. Во нејзиниот состав влегувале три пешадиски дивизии: 1-ва под команда на генерал-мајор Стефан Тошев, 3-та (генерал-мајор Иван Сарафов) и 10-та (генерал-мајор Стојо Брадистилов)[31][62].
- Втора армија, командант генерал-полковник Никола Иванов, во состав две пешадиски дивизии (8-ма, на чело со генерал-мајор Димитар Кирков, и 9-та на генерал-мајор Радој Сираков) Хасковскиот одред и Коњаничката зборна бригада, распоредени во реонот на Трново Сејмен-Харманли[31][62].
- Трета армија - над 83.000 војници, под команда на генерал-полковник Радко Димитриев - распоредена источно од Јамбол, со седиште во Стралџа. Во нејзиниот состав влегувале три пешадиски дивизии: 4-та под команда на генерал-мајор Климент Бојаџиев, 5-та (генерал-мајор Павел Христов) и 6-та (генерал-мајор Православ Танев)[31][62].
.
Конечниот план за бугарското офанзива во Тракија предвидувал нанасеување на главниот удар со 1-та и 3-та армија во просторот меѓу Одрин и Лозенград со општо напредување кон Цариград. Бугарската команда сметала дека ќе постигне успех преку елементот на изненадување. Затоа армијата на Кутинчев е рапоредена напред, на еден премин на бугарско-турската граница, а војниците на Димитриев биле сместени зад позициите на Самостојната коњаничка дивизија на генералот Атанас Назламов. Втора армија имала задача да го опколи Едрене и со помош на Хасковскиот одред да удри кон Крџали. Општиот фрон кој требало да го покриваат трите бугарски армии бил со широчина ос 120 километри[31][63].
За офанзивата во Западните Родопи и Пиринскиот крај бугарската команда подготвила една целосна дивизија и други делови. Родопскиот одред под команда на генерал Стилијан Ковачева, во јачина од 23.000 војници во сосотав на 2-а пешадиска дивизија, бил фокусиран врз турските сили во Тамрашкиот клин и долината на Места. Седмата рилска пешадиска дивизија во јачина од 37.000 војници под команда на генерал Георги Тодоров, кај Дупница и Ќустендил челкала наредба за офанзива по текот на долината на Струма во правец кон Солун [31][64][65].
Од 22 септември, Бугарскиот генералштаб во соработка со Штабот на македонско-одринските доброволни чети започнал со префрлање на чети на османлиска територија, главно на просторот Македонија, со задача да извршуваат диверзански акции и прибирање на информации за местоположбата, бројот и составот на османлиските сили. Бројот на четите се искачил на 59. На територијата на Македонија веќе дејствувале неколку десетици чети на ВМРО, а вкупниот број на четниците се искачил на 3.000 души[66]. Во октомври 1912 година бугарската борбен флота располага со наставниот команден брод „Надеж“ (тип „Авизо“ 717 т) и шест лесни торпедоносеци „Дрзки“, „Смели“, „Летечки“, „Шумни“, „Храбри“ и „Строги“ (97.5 т) - сите од француско производство[67][68]. Главните бугарски пристаништа Варна и Бургас биле заштитени со подводни мини.
При објавувањето на мобилизацијата на 17 септември 1912 година бугарската војска располага само со два воздушни балони („Софија 1“ и „Годар“) и еден авион („Блерио XI“)[69]. Во текот на војната бројот на авионите во бугарската армија достигнува 29[70]. Врховен командант на бугарската армија бил бугарскиот цар Фердинанд, но реално со целата бугарска армија командувале помошник-командантот генерал Михаил Савов и на началникот на Генералштабот генерал Иван Фичев, кои се наоѓаале во Стара Загора[71].
Србија
[уреди | уреди извор]Пред самиот почеток на војната, во престолнината на Србија преовладувала општа воена атмосфера меѓу обичните граѓани и речиси сите ја посакувале војната. Србите биле заморени од неуспешните војни кои ги воделе во последните 50 години. Весникот Хрватско движење објавува:
Вчера се пренесе низ градот неповолна вест. „Мириса на мир!“ Говореа Белграѓаните, засолнувајќи го својот нос со марамче. Ако на Србинот му дадете да бира: мир или колера? - тој со своите две раце би ја зграбил колерата... Кога ќе започне војната? Сите прашуваат; тоа го знаат само ладниот ветер кои пири од македонската страна и министерските столови, кои долго во ноќта се осветлени од електричното светло, но никои од овие не сака да проговори...[72]
.
Српската држава мобилизира околу 366.000 луѓе со 544 топови, од кои околу 190.000 души биле во активната војска. Од овие сили биле формирани три армии и два самостојни одреда:
- Прва српска армија - била сконцентрирана околу Врање (наијужниот регион на тогашна Србија, најблиску до Македонија). Таа е најсилната српска воена групација со приближно 90.000 борци. Тие формираале пет пешадиски дивизии (I Моравска, I Дунавска, I Дринска, II Дунавската и II Тимошка) и една коњаничка дивизија[73]. Главен командант бил српскиот престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ, меѓутоа клучна улога имале генералите Петар Бојовиќ и Радомир Путник.
- Втора сојузничка армија - составена од една српска (I Тимошка) и една бугарска (7-та Рилска) дивизија со вкупна јачина од 50.000 борци под команда на српскиот генерал Степа Степановиќ. Оваа армија била распоредена на територијата на Бугарија, во реонот помеѓу на Дупница и Ќустендил[73].
- Трета српска армија - под команда на српскиот генерал Божидар Јанковиќ и во состав од три дивизии (I Шумадиска, I Моравска, II Дринска) и една бригада (со вкупно 60.000 војници). Оваа армија била распоредена во реонот помеѓу Куршумлија и Медвеѓе[73].
- Ибарски одред - составен од I Шумадиска дивизија и други сили во вкупна јачина од 12.000 војници. Одредот бил распореден во околината на Кралево и требало да дејствува во правец кон Нови Пазар и Косовска Митровица[73].
- Јаворски одред - состевен од една самостојна бригада со јачина од околу 8.000 војници. Одредот зазел уште позападни позиции, кон Пожега[73].
Српскиот врховнен командант Александар I Караѓорѓевиќ, во консултации генералите Радомир Путник и Петар Бојовиќ, при распоредувањето на српските сили тргнал од претпоставката дека Османлиите во почетокот ќе применат пасивна одбрана на своите албански и македонски територии, било оценето дека најдобрата одбранбена линија се протегала на потегот Врање-Куманово-Штип, според српскиот план за дејствување кон оваа одбранбена линија требало да тргне Првата српска армија. Втората сојузничка армија имала задача да ја обиколи оваа линија од запад преку Крива Паланка и Кочани, a Трета српска армија требала да дејствува на североисток кон Приштина и Скопје. Ибарскиот одред требало да навлезе во Косово, додека пак Јаворски одред требало да остане на својата позиција и да дејствува во случај ако Австроунгарија се вмеша во војната, подцна овој одред се вклучил во воените операции на територијата на Новопазарскиот санџак.[73][74].
Српската воена авијација се состоела од само четири авиони кои своите воени дејствија ги започнале во последните денови на војната, при опсадата на Скадар[75].
Пред официјалното влегување на Србија во војната повторно биле активирани силите на распуштениот Српски комитет на четничка акција чии чети долги години воделе борби со Македонската револуционерна организација во т.н Борба за Македонија. Две недели пред преминувањето на границата од страна на српската регуларна армија, на територијата на Македонија биле активни повеќе српски четнички сили. Четничките сили го запоседнале Козјак и со паралата ослободување и проторување на Османлиите, успеале да ги покренат речиси сите козјачки села во борбата против Османлиското Царство. Биле активирани повеќе познати војводи и четници, меѓу нив биле: Јован Грковиќ Гапон, војводата Доксим Михаиловиќ од Галичник, Спасе Павлов-Гарда, Јован Довезенски, Василие Трбиќ, Јован Бабунски, Јован Долгач и други.
Грција
[уреди | уреди извор]Грчката држава пред почетокот на војната имала на располагање 125.000 војници, а од овие копнени сили биле формирани две армии.
- Тесалиска армија (околу 100.000 борци на чело со грчкиот престолонаследник Константин). Оваа воена групација била распоредена околу градот Лариса, со задача - освојување на Солун преку јужна Македонија.
- Епирска армија (13.000 војници на чело со генералот Константинос Сапундзакис), со задача - офанзива во Епир и јужна Албанија[76]. Двете воени групаци заедно имале околу 250 топа[43][77].
Во последната фаза од војната, бројот на грчките војници се искачил на 215.000 души[78]. Тесалиската армија имала четири авиони. Во 1911-1912 година, грчката држава повторно ги активирала своите андартските чети кои се бореле против Македонската револуционерна организација во т.н Борба за Македонија. Кон крајот на август 1912 година во Македонија влегле андартските вооружени чети на Михаил Анагностакос, Панајотис Пападзанетеас, Александрос Занас и многу други. Нивната активност била насочена во околината на Солун и Халкидик[79]. Со формирањето на Балканскиот сојуз и почетокот на Првата балканска војна, андартските чети активно се вклучиле ја помагале офанзивата на сојузничките армии.
Меѓутоа, Грција била особено важен фактор на Балканскиот сојуз, поради релативно моќната морнарица. Бугарско-грчката воена конвенција од 22 септември 1912 година предвидувала, грчката флота на чело со адмиралот Павлос Кунтуриотис) да го спречи прееминувањето на османлиските војници од Мала Азија на Балканот преку Егејското Море[80]. Грчката флота била поделена на две воени групации и една помошна, односно разузунувачка:
- Егејска флота
- Воени бродови : 4 (Авероф, Спетсаи, Рибар, Хидра)
- Уништувачи : 10 (Стрела, Безел, Ника, Наукратис, Војвода, Нова генерација, Аспис, Бура, Молња, Копје)
- Разузунувачи: 4 (Лав, Пантер, Орел и Сокол)
- Торпедни чамци: 5 (11, 12, 14, 15, 16)
- Подморници: 1 (Делфин)
- Хидроавиони: 1[81]
- Mинери: 1 (Марс)
- Јонска флота
- Парни воени бродови со артилерија 2: (Актион, Амвракија)
- Парни корвети: 4 (Αλφειός, Αχελώος, Πηνειός, Ευρώτας)
- Mали воени бродови (Топовници): 3 (Α, Β, Δ)
- Крстосувачка ескадрила
- Запленети бродови:
- Комерцијални бродови: 5 (Хесперија, Микале, Македонија, Атина, Аркадија)
- Помошни бродови: 3 (Αιγιαλεία, Μονεμβασία, Ναυπλία)
Црна Гора
[уреди | уреди извор]Во почетокот на војната, Црна Гора имала 30.000 војници и 140 топови[31]. Малку подоцна кон нив се приклучиле и околу 4.500 доброволци од Босна, Херцеговина и други области на Австроунгарија, населени со словенско население. Главната цел на црногорската армија е освојување Скадар, со што би се обезбедила доминацијата на Црна Гора во северна Албанија[82]. За таа цел се определени три девизии со јачина од 22.000 војници (од вкупно четири дивизии) кои требало да ја нападнат главната тврдина преку северниот и јужниот брег на Скадарското Езеро. Четвртата дивизија и една бригада требало да дејствуваат кон Новопазарскиот санџак кои територијално ги одвојувал Црна Гора и Србија. Главен командант бил црногорскиот крал Никола I Петровиќ, меѓутоа вистинската команда се наоѓала во рацете на началникот на црногорскиот генералштаб-генерал Лазаровиќ[83][84].
Воружување
[уреди | уреди извор]Главно пешадиско оружје во Првата балканска војна била австриската пушка „Манлихер“ во неколку варијанти (во бугарската армија - примероци од 1888 и 1895 година], во грчката - „Манлихер-Шонауер“) и германската „Маузер“ (во османлиската и српската армија) Масовно била користена и Мартинката („Хенри-Мартин“) од страна на османлиските сили, а бугарските и српските војници ја користеле и „Берданката“, како и други модели со калибар меѓу 6,5 и 7,62 мм. Коњаницата била вооружена со карабини „Манлихер“ и „Маузер“. Балканските и османлиските војски биле вооружени и со тешки митралези „Максим“ (232 парчиња во бугарската армија), „Хочкис“ (420 османлиската армија), „Норденфелд“ и други модели.
Артилеријата на завојуваните страни била произведена од француската фирма „Шнајдер“ и германската „Круп“. Во годините пред војната, „Шнајдер“ ги снабдува Бугарија, Србија и Грција со модерни полски и планински топови, главно во калибар 75-мм. (Во периодот 1897-1907 година трошоците на Бугарија за Шнајдеровото оружје се трипати поголеми отколку за германското и австриското. Меѓутоа најголемиот дел од артилеријата на балканските сојузници се состола од застарени топови. Истото важи и за османлиската армија, но по 1908 година, таа успева да набави над 800 модерни топови од фирмата „Круп“ (75 и 105-мм).
Воени дејствија до првото примирје (октомври - ноември 1912)
[уреди | уреди извор]На петти октомври беше одржана сеопшта молитва. Фердинанд ја прочита прокламацијата за објавувањето на војната, а Методије Кусевич, митрополит на Стара Загора, одржа говор. Се сеќавам на тие моменти како некој сон. Додека излегувавме од црквата, бевме длабоко погодени, но и понесени од воодушевувањето дека ќе победиме. Упорната борба за време на препородот која секогаш била хрбара и успешна - последниот пример е обединувањето на Источна Румелија и Кнежсетсвото Бугарија во 1885. - кое му донесе на бугарскиот народ огромна самодоверба, можам да кажам дури и нова вера во националниот оптимизам. Од друга страна, Шејново, Шипка и Сливница покажаа дека Бугарите останале неослабени и ја покажаа храброста по која нивните предци со векови биле познати. Пред себеси имавме силен непријател, меѓутоа ја потценивме неговата сила. Чудно, после пет векови под турски јарем, сега, откако владеевме со Турците во Бугрија само триесет и четири години, ги потценивме. Во Бугарија беше омилена приказната дека Турција е држава на умирање. Во печатот, султанот секогаш беше прикажуван како болен со повез околу окото. Во војската многу Бугари на вежбите во стрелање од пушка, пукаа во мета која имаше облик на кукла со фес на главата за да се уверат себеси дека султанот е донапред одредена жртва...
— Симеон Радев, Тоа, што го видов
Географските одлики и воено стратешките одлуки на противниците довеле до формирање на неколку театри на воените дејствија во периметар меѓу Цариград, Варна, Скадар и Арта (на Јонско Море). Обидите на османлиската воена команда да се стекне со стратегиска иницијатива во првите денови на војната не успеала, поради иницијативата ја диктирале балканските сојузници. Бугарската армија својот главен удар го нанесува во Источна Тракија. Бугарските и османлиските сили имале помали судири во Родопите и Западна Тракија. Грчката и бугарската војска започанле со свое настапување кон Солун, односно од север, по течението на реката Струма и од југ преку долината на Бистрица. Овие операции се поддржани од грчката флота во Егејското Море. Главниот дел од српската армија навлегува во Македонија, оној дел кој подоцна ќе биде познат како Вардарска Македонија. Заедно со Црногорците, српските сили ги освоиле Санџак и Косово и си пробиле пат низ северна Албанија. Во Епир, грчките и османлиските сили се бореле за тврдината Јанина.
Настапување на бугарските сили во Источна Тракија
[уреди | уреди извор]Во Источна Тракија, од почетокот на октомври па сè до затишјето на воените дејствија во ноември, помеѓу бугарските и османлиските војници се воделе три големи борби. Во текот на Лозенградската операција, 9-10 октомври, Источната османлиска армија на чело со Абдула Паша од Одрин и Лозенград започанала да настапува во правец на север. Абдул Паша испратил проглас во кој истакнал:
Браќа по оружје и земјаци, одлучивме да го поразиме непријателот кој гази по светата замја на нашата татковина. Утрешниот и задутрешниот ден ќе бидат најсветите деннови на Бајрам за секој муслиманин. Конечниот пораз на непријателите кои толку години ја вознемируваат нашата земја и нашиот народ, и не ги оставаат во мир нашите браќа кои во Бугарија, мора да се смета за света должност на секој муслиманин. Затоа секој офицер и секој братски војник треба да се бори до крај за спас на нашата татковина во која секоја стапка е натопена со крв нашите предсти. Спасот на нашата татковина и на нашиот народ ќе зависат од храброста и одлучноста која што вие ќе ја прикажете во следните два дена. Мој храбри и непоколебливи пријатели! Верувам дека желбата за освета која ја чувствувате во своите срца ќе биде гаранција дека ќе ја исполните својата должност... Напред, драги мои деца! Запамтете дека ве чека среќа на земјата и рај после смрта. Со нас е Алах како и мухамедовиот дух и молитвите на калифата земски - нашиот драг султан.[85]
Но Источната османлиска армија не успеала да стигне до турско - бугарската границата кога Првата бугарска армија го одбила нападот и го блокира Одринскиот гранизон. Десното османлиско крило паднало под притисокот на Третата бугарска армија која извршила маневар кај Странџа и се нашла зад позициите на Источната османлиска армија. Главните борби се воделе кај селата Муратчал и Кајпа, Гечкинли, Селиолу, Ескиполос, Петра и Ериклер. Турските војнци почанле да ги напуштаат воените редови, а на 11 октомври, без борба бугарските сили ги окупирале Лозенград[86][87][88].
По освојувањето на Лозенград, бугарските сили не го продолжиле своето дејствување против непријателот кој се повлекувал. Оваа постапка им овозможила на османлиските сили да се реорганизираат и зад реката Караагач, која го попречувала патот кон Цариград, да довлечкаат засилување. Новоформираната Прва источна армија ја зазела областа околу Лулебургаз, а Втората источна армија се разместила во околината на Бунархисар.
На 15 октомври, овие османлиски армии се судриле со Третата бугарска армија, која подоцна била поддржана од Првата бугарска армија. Борбата продолќила во следните шест дена со променлив успех од двете страни. Од двете страни имало повеќе од 40.000 загинати и ранети војници. Под команда на бугарскиот генерал Ратко Димитриев, бугарските сили постигнале решавачки успех со пробивот на центарот на османлиската одбрана[71][89].
И по овој успех, бугарските сили повторно не започнале со гонење на Османлиите. На 24 октомври, Првата и Третата бугарска армија ја обновиле офанзивата во правец на Цариград. Два дена порано, новата османлиска влада на чело со Ќамил Паша побарала од Франција и Русија молба за посредување на примирје со Бугарија, но Фердинанд I го игнорирал османлискиот предлог, како и руското предупредување да не се напаѓа престолнината на Османлиското Царство.[90]. На 4 и 5 ноември, бугарските војски ја нападнале Чаталџанската утврдена позиција која се протегала од Црното и Мраморното Море на 40 километри западно од Цариград. Бугарската иницијатива пропаднала, а од бугарска страна загинале 12.000 војници[91].
Во меѓувреме, на 9 и 18 октомври, бугарските сили кај Одрин ги одбиле двата обида на Османлискиот гарнизон. До средината на ноември, Втората бугарска армија целосно ја блокирала тврдината. Опсадата на Одрин траела следните четири месеци[92]. Успешната офанзива на бугарските сили во Тракија ја принудила османлиската воена команда да ги задржи засилувањата, кои првенствено требало да се испратат против српските и грчките сили, за одбрана на Тракија и Цариград[93].
Српското настапување во Македонија
[уреди | уреди извор]На 7 октомври, Првата српска армија започнала офанзива од Врање и навлегла во Македонија[94]. Пред навлегувањето во Македонија, српските војници имале перцепција дека на оваа територија живеело српско населени, меѓутоа сотојбата била поинаква. Карнегиевата анкета дошла до заклучок дека:
Српскиот војник, како и грчкиот, црврсто верувал дека во Македонија ќе пронајде сонародници, луѓе кои го говорат неговиот јазик и кои ќе го поздрават со да живее. Меѓутоа наишол на луѓе кои говореле поинаков јазик, кои извикувал ура! Или погрешно разбирал или ништо не разбирал. Теоријата за постоењето на српска Македонија и грчка Македонија која ја научил во младоста била погрешна. Но неговото патриотско убедување дека Македонија треба да биде грчка или српска, останало недопрено. Несомнено, Македонија за него била онаква каква што била во времето на Душан Силниот или во времето на визатинските цареви. Бугарските агитатори и активисти кај населението ја всадувале идејата дека се Бугари. Меѓутоа агитаторите треба да се протераат од земјата и таа ќе биде она што отсекогаш била, српска или грчка. Кој биле тие агитатори кои го принудиле народот да го заборави српскиот и грчкиот јазик? Најпрво, тоа биле свешениците, потоа учителите, и најпосле, револуционерните елементи кои под стариот режим основале една организација (б.н ВМРО), потоа предводниците на бандите и нивните членови, селаните кои ги снабдувале со храна и пари - со една реченица целокупното машко население во зависност од тоа колку било образовано и информирано...[95]
Следниот ден, Тимошката дивизија (од Втората сојузна армија) се упатила од Ќустендил и ги освоила Крива Паланка, Страцин и Кратово, меѓутоа на 10 октомври западно од Кратово[96], напредувањето на Тимошката дивизија било запрено до страна на Петнаесеттата османлиска дивизија. Во исто време, главните сили на Вардарската османлиска армија и Првата српска армија се судриле во Битката кај Куманово. Следниот дена (11 октомври), Првата српска армија го разбила турскиот центар[97]. По оваа битка во српски раце, заедно со Куманово се нашла и вантрешноста на Македонија, како и железничката линија што ги поврзвала Солун и Косово Поле.
На 13 октомври српските, на чело со Александар Караѓорѓевиќ, влегле во Скопје.[98]. По три дневни борби (21-23 октомври) во планините северно од Прилеп биле разбиени османлиските сили, оставени од Зеки паша, и го освоиле градот. Поразените османлиски војници се повлекувале кон Битола. Еден дел од нив останале изолирани во долината на Црн Дрим. Во Битола, осмалиските сили се соочиле со притисок од две страни, српските сили од север и грчкото настапување од правец на Острово и Лерин. Во Битката кај селото Екши Су, недалеку од Лерин, на 23-24 октомври Петтата грчка дивизија била поразена и одбиена кон Кожани од страна на Шестиот османлиски корпус под команда на Џавит Паша. Во Битката кај Битола на 4 и 5 ноември, Вардарската османлиска армија билла поразена. На 7 ноември српските сили влегле во Битола. Во почетокот на декември, откако изгубиле добар дел од своите сили, Зеки Паша се повлекол во Корча и Белград до јужна Албанија[99][100].
По победата над Вардарската османлиска армија и повлекувањето на нејзините остатоците во јужна Албанија, српската команда оделила значителни сили за помош на своите сојузници во Тракија и Албанија. Уште во октомври 1912 година, пред Битката кај Битола, под ѕидовите на Одрин биле префрлени Тимошката и Дунавската дивизија под команда на генералот Степа Степановиќ[101]. Други три српски дивизии ја зајакнале црногорската опсада на Скадар во почетокот на 1913 година[102].
Превласт на грчката флота во Егесјкото Море
[уреди | уреди извор]Од октомври па до средината на ноември, грчката воена флота контролирала голем број на егејски острови, вклучувајќи ги Тасос, Самотракија, Тенедос, Хиос, Лезбос. По воспоставувањето на основа на островот Лемнос.[103], на 14 октомври грчкиот адмирал Павлос Кунтуриотис ги блокирал Дарданелите и ги прекинал османлиските поморски комуникации помеѓу Мала Азија и Македонија[104].
На тој начин, грчката флота уште во првите денови на војната се стекнале со доминација во Егесјкото Море и не дозволувала пренесување на турските војници за Солун. Источната османлиска армија, која се борела против бугарските сили кај при Лулебургас и Чаталџа била ослабена, бидејќи била принудена да одвои дел од своите сили за заштита на Галиполскиот полуостров, а засилувањата од Сирија и Палестина многу бавно, преку копнена рута, се движеле кон воените подрчја.
По освојувањето на Солун, кон крајот на октомври сојузниците ги користеле егејски правци (во солунското пристаниште) за испраќање на свои војници во Источна Тракија (Седмата рилска дивизија)[105] и во Албанија (против Скадар)[102].
Грчкиот успех бил олеснет од фактот дека во првите недели на војната османлиската команда главнината од своја флота ја користела за заштита на војниците и воените набавки преку Црното Море, а во почетокот на ноември и за одбивање на нападот на бугарската армија кај Чаталџа со помош на тешката бродска артилерија[106]. Зачувувајќи ја контролата над теснец, османлиската морнарица непречено пренесувала војски против бугарските сили, од Мала Азија во Источна Тракија[89].
Дури на почетокот на декември, по примирјето на фронтот кај Чаталџа, османлиската флота направила обид за пробивање на блокадата на Дарданелите, но во Битката кај Ели (3 декември 1912 година), обидот пробаднал. Месец дена подоцна, бил вториот обид за деблокада, при што дошло до Битката кај Лемнос (5 јануари 1913 година)[104]. Само крстосувачот Хамидије успеал да ја пробие блокадата и до крајот на војната, постојано ја вознемирувал грчката трговска морнарица и воени транспортни бродови во Егејското, Средоземното, Јонското и Јадранското Море[107].
Бугарски и грчки операции за освојување на Солун
[уреди | уреди извор]На 5 октомври грчката армија започнала офанзива од Тесалија кон Солун. Во Битката кај Еласона, следниот ден, грчките сили успеале да ја пробијат османлиската одбрана и напредувале до преминот Гликово. Во Битката кај Гликово (Сарандапоро), на 9-10 октомври, османлиските сили биле разбиени и Тесалиската грчка армија навлегла во долината на реката Бистрица.
На 19 и 20 октомври, Тесалиската армија извојувала решавачка победа кај Ениџе Вардар, со што и бил отворен патот кон Солун. Недела дена подоцна, 27 октомври, османлискиот командант Тахсин-паша го предал градот на принцот Константин[108][109]. По падот на Солун била испратена една грчка телеграма во која било истакнато:
Освојувањето на Солун се очекува во последните 24 часа, меѓутоа објавувањето дека грчката војска вчера вмарширала во градот доведе до силни изливи на емоции и радост. Најпрво Атина, а потоа и останатите делови на Грција, после големите случувања почувствуваа неопишливо олеснување кое избива од душата на целата (грчка б.н) нација. Никој не можеше да верува дека во војната против Турција грчката војска толку брзо победоносно ќе влезе во овој најголем македонски град. А оваа победа - чии губитоци после долгите и тешки борби сразмерни на нејзиното значење, посебно во овој период на годината кога непријателот, повлекувајќи се, ги уништи мостовите па војската се бореше со надојдената река - добива уште на значење поради иронијата со која европското мнение во почеткот ја прими објавата на грчко - турската војна и поради бројноста на непријателските војници против кој се бореше нашата војска. Грчките војници први го ослободија македонскиот град, како некогаш турските, но во суштина, секогаш грчки провинции, па нивното население, кое до вчера беше под турска доминација, сега конечно може слободно да диши. Робовите можат да ги кренат главите и да ја слават својата слобода. Грчката крв која е пролеана во оваа борба дојде како капка роса за да го оживее овеаното цеќе на македонската слобода. Поради тоа никој не е тажен. Родителите кои ги изгубиле синовите во светатат борба за својата земја ја благословуваа својата среќа, а ако некоја мајка пролеала солза, тоа било само затоа што разбрала дека смрта на нејзиниот сакан син ја донесе слободата на илјадници наши браќа. А ако помладите браќа искажуваа тага, тоа беше само затоа што самите немаа среќа да учествуваат во таа благородна победа. Остварувањето на идеалот на нацијата, барем за некој сонародници, создава општо чувство, на неограничена радост. Секое грчко чувство, секоја грчка душа, каде и да се наоѓа на планетата, сега се свртени кон полињата на Македонија. Со влегувањето во Солун, грчката војска додаде уште една славна страница во грчката историја и стекна ново почитување на својата сила.[110]
Од север кон Солун, настапувала Седмата бугарска дивизија која стигнала неколку часа по пристигнувањето на грчките сили. Офанзивата на Седмата бугарска дивизија започнала на 5 октомври со освојувањето на Царево село и Горна Џумаја. Десната колона на 11 октомври го освоила Кочани, а централната и левата колона ја зазеле Кресненската Клисура на 14 октомври, при што бил поразен Струмскиот османлиски одред[111]. Следниот ден, офанзивата била запрена со наредба командантот на Втората сојузна армија, генералот Степановиќ.
Три дена подоцна, на 18 октомври, заменик командантот на бугарската армија, генералот Савов ја поништил наредбата на српскиот генерал и издал наредба за настапување кон Солун. На 22-23 октомври, бугарските сили ја преминале Рупелската Клисура, а на 27 октомври се наоѓале кај Ајватово на 12 километри од Солун[112]. При овие операции, источното крило на Рилската дивизија била обезбедувана од Родопскиот одред кој го зазел преминот на 11 октомври, Неврокоп (18 октомври) и Сер (25 октомври). По падот на Солун, Родопскиот одред учествувал во офанзива кон исток во правец на Скеча и Ќумурџина[113].
Поразот на Османлиите во Родопите и Западна Тракија
[уреди | уреди извор]Во првите недели на војната, бугарските сили кои биле распоредени во централниот и источниот дел на Родопите, Хасковскиот одред и левото крило на Родопскиот одред (Првата бригада на Втората пешадиска дивизија и Деветтиот полк) имале задача да ги покриваат Чепеларе - Хасково - Пловдив во случај на евентуална контраофанзива на османлиските сили со што би се загрозила позадината на бугарските сили кои дејствувале во Источна Тракија[114]. Затоа до почетокот на ноември, дејствувањето на бугарските сили во Родопите имале ограничен опсег и имале за цел заземање на погодни позиции за одбрана.
На 8 октомври 1912 година, Хасковскиот одред однел победа над Крџалскиот корпус и влегол во Крџали. Османлиските сили под команда на Мехмед Паша Јавер се повлекле во Мастанли. Бугарските сили не ги гонеле непријателите, а по неколку дена поголемиот дел од Хасковскиот одред бил префрлен кај Одрин, за да земе учество во опколувањето на тамошната тврдина. За одбрана на средното течение на Арта биле оставени малубројни сили, од Крџалискиот бугарски одред, кои успеале да го одбијат противнападот на Мехмед Паша Јавер во почетокот на ноември[115][116][117].
До 8 октомври, Родопскиот одред успеал да го освои Довлен со целата Тамрашка област. До 13 октомври, одредот ги контролирал Пашмакли и околните села, а неколку дена подоцна направил неуспешен обид за прекинување на железничката пруга кај селото Бук, меѓу Драма и Скеча. Одредот се зацврстил на заземените позиции и на 19-21 октомври го одбил османлискиот противнапад кај Голем Палас и Смиљан[118].
Во почетокот на ноември, по освојувањето на Солун од страна на грчките сили и протерувањето на главните османлиски сили кон Цариград, главната бугарска команда издала наредба за чистење на Родопските планини од османлиските војници како и освојување на Западна Тракија. Крџалискиот одред на генералот Никола Генев, зајакнат со Третат бригада при Македонско-одринските доброволни чети, 4 ноември презел офанзива и во наредните четири ги разбива османлиските сили кај Мастанли и Балкан Торес[119]. На 8 ноември, одредот ја освоил Ќумурџина и по краток одмор ја продолжува офанзивата во правец на пристаништето Дедеагач[120].
Прогонуван од војските на генерал Генев, Мехмед Паша Јавер со своите главни сили во јачина од 9.000 војници и 8 топа бил принуден да се повлече на југоситок во правец на османлиската база на Галипоскиот полустров. Меѓутоа кај Мерхамли, на десниот брег на Марица, на 14 ноември османлискиот корпус бил пресретнат од одредот на полковник Александар Танев (една коњичка бригада и една бригада на Македонско-одринските доброволни чети и по кратка борба, Мехмед Паша Јавер бил принуден да капитулира[121].
Како резултата на победите кај Балкан Тореси и Мерхамли, бугарските сили ги освоиле Родопите и Западна Тракија. На тој начин била осигурана поздаината на армиите кај Чаталџа и Одрин, а биле обезбедени и снабдувачките линии во пристаништето Дедеагач и железницата во Димотика и Чорлу[122].
Сојузнички операции во Албанија, Косово, Санџак и Епир
[уреди | уреди извор]На 26 септември 1912 година, црногорските војски под команда на престолонаследникот кнезот Данило и генералот Митар Мартиновиќ настапуваат од двете страни на Скадарското Езеро и на почетокот на октомври пристигнале пред Скадар, кој бил бранет од дваесет и четири илјади османлиски војници и бранета од 24 илјади турска војска и пет илјади албански доброволци чело со Хасан Риза Паша и Есад Паша Топтани. Првите два напад (на 11 и 15 октомври) биле некоординирани и со тешки загуби, бидејќи Црногорците немале доволно пешадија и артилерија. Со српска помош во почетокот на ноември тие ги прекинале врските на Есад Паша со централна Албанија, но не успеале целосно да го блокираат Скадар и да запрат снабдувањето на гаризонот[123].
Битката за Косово започнала на 2 октомври со напад на албанските против српските сили кај границата. На 7 октомври, Третата српска армија под команда на генералот Божидар Јанковиќ го пробила својот пат кај Подуево во долината на реката Лаб. На 9 октомври, српските сили влегле во Приштина. Османлискиот приштински одред (со многу албански доброволци во него) го дал последен отпор во преминот кај Качаник, но отстапува при веста за падот на Скопје на 13 октомври[124].
Во тоа време (во средината на октомври) Црногорската источна дивизија, под команда на генералот Јанко Вукотиќ, во соработка со Јаворскиот српски одред, ги освојува западниот дел на Новопазарскиот санџак со градовите Плевља и Бело Поле. Српската ибарска група на 10 октомври го освоила Нови Пазар. Малубројните османлиски сили се повлекле во западниот дел на Косово, прогонувани од црногорските сили. На 20 октомври, црногорските сили го освоиле Пеќ, а два дена подоцна заедно со Третат српска војска влегле во Ѓаково[125].
Успесите во Македонија и Косово и блокирањето на Скадарскиот гарнизон им овозможиле на српските трупи да навлезат во северна и централна Албанија. По пат, тие наипле на отпор само од албанските герилци. На 4 ноември, десната колона на Третата српска армија стигнала до градот Лежа (Леш, Алесио) и се соединиле со црногорските сили во регионот. Левата колона стигнала до Тирана, а на 15 ноември било освоено пристаништето Драч[126]. Иистиот ден (28 ноември по нов стил) албанскот национално собрание во Валона прогласило независност на Албанија и ги повикало големите сили на помош против странските војници кои навлегле во земјата[127].
Во Епир на 21 октомври, грчките сили по освојувањето на Превеза успеале да го контролираат Абракискиот Залив. Во средината на ноември тие пристиганле пред Јанина. По освојувањето на Солун, биле префрлени дополнителни три дивизии. Со нивна помош Јаниската тврдината била блокирана од три страни[108].
Блокада на бугарскиот црноморски брег
[уреди | уреди извор]Иако бугарскиот флота претставува помалку од половина процент од бугарската војска во 1912, воените морнари било активно вклучени во борбите по море и копно. Првата минско-артилериска позиција во историјата на Бугарија била изградена во Варненскиот Залив. Во заливот се наоѓала минската преграда од околу 240 француски ударни мини „Сотер и Харли“. Во Бургаскиот Залив не биле поставени мини, но и двата залива биле прогласени за минирани, што ги принудило османлиските бродови да бидат претпазливи во своите дејствија пред двата бугарски пристанишни града[128].
На 4 октомври 1912 година, османлиската ескадра го блокирала градот Варна, а трговските бродови кои биле на пар кон ова пристаниште биле задржани. На 6-8 октомври, градот и воените објекти биле изложени на артилериски напад од кај морето. За да го спречи бомбардирањето, бугарската команда од Шумен довела тешка артилерија. На 8 октомври, била бомбардирана Каварна, а на 18 октомври и Бургас[106]. Истовремено, со овие операции османлиската флота сакала да ги прикрие испораките на оружје од Германија кои се одвивале преку романското пристаниште Констанца[129].
Бугарските торпедоносни бродови добиле задача да го попречат пренесувањето на оружјето за Османлиското Царство преку романското пристаниште Констанца. Од страна на бугарската разузнавачка служба пристигнала информација за ново пренесување на оружје кое требало да се случи на 7 октомври од страна на египетските бродови „Акдениз“ и „Казалирмак“ под заштита на османлиска воена ескадра. Една група составена од четири бугарски торпедоносци „Летечки“, „Храбар“, „Строг“ и „Дрозок“ под команда на капетанот Димитар Добрев на 7 спроти 8 ноември започанле акција попречување на овој османлиски конвој.
Бугарскиот бродови успеале да ја пронајдат само обезбедувачката османлиска ескадра предводена од крстосувачот Хамидије. Сите бугарски торпедоносци стрелаат кон Хамидије, меѓутоа успешен истрел извршил торпедоносец „Дрзок“. Хамидије бил тешко оштетен и се спасил едниствено поради интервенцијата на османлиските кораби[130][131]. По оваа битка, блокадата на бугарскиот црноморски брег била укината. До 18 ноември, османлсиката флота се насочила кон Дарданелите[132] и по безуспешните обиди за пробивање на грчката блокада, се фокусирала во поддршка на копнените операции на османлиската армија во Источна Тракија.
Улога на воздухопловните сили
[уреди | уреди извор]Во Првата балканска војна борбената авијација сè уште била во својот зародиж. Авионите првенствено биле користени за разузнавање на поголем простор (до 60 километри). Бомбардирањата на непријателските позиции се извршувале со рачно изработени бомби и гранати, самото бомбарадирање имало за цел да влијае врз моралот на непријателот отколку нанаесување на голама физичка штета.[52][70][75][81] Воздушни борби нема, бидејќи авионите не се опремени со оружје[133].
Први во акција атспаиле грчките воздушни сили во Тесалија. На 6 октомври 1912 година грчки авион ги бомбардирал османлиските позиции. По заземањето на Солун, грчкте воздушни сили биле пренесени во Превеза, од каде требало да им помогнат на грчките војнци кои дејствувале против тврдината Јанина[81].
Бугарските воздушни сили биле сместени на еден километар југоисточно од Свиленград. Во периодот помеѓу 16 октомври-17 ноември, бугарските авиони извршиле 15 полетувања, нивните задачи се состоеле од борбени задачи кои најчесто вклучувсле разузунување на одринскиот реон, како и реоните на Караагач, Јуруш, Ескикадин, Доганџа, Емекчикој, и потегот меѓу Марица и Тунџели[134]. Првото бугарско воздушно бомбардирање врз османлиските позиции кај Одрин било извршено на 17 ноември[70].
Чаталџанско примирје
[уреди | уреди извор]Од сите страни во ист момент слушнав дека нашите војници дав дена не добиле леб. Веднаш спроведов истрага. Од мене ја криеле вистината дека Хадемкој Рамнодушниот ги испланирал залихите на тој начин за да ни наштети. А нашите јадни војници сè до последниот момент не се жалеле. Какви храбри луѓе. Луѓе од исклучителен ков. Кога ќе се потпише мир, ќе се одигра голем воен фудбалски натпревар помеѓу нас, помеѓу абдулахистите (Абдулах Паша, командант на Источната османлиска армија б.н) и назимистите (Назим Паша, османлиски министер за војна б.н). Каква шанса, каква среќа да не припаѓаш на ниедна страна! Ова приказна за ускратувањето на леб за војниците сè почесто се потврдува. Од сите страни, од сите корпуси, сите го напаѓаат Хадемкој Рамнодушниот. Ова е лудило. Командантот побудалел, воените заповедници полуделе, сите сме полуделе. Некои луѓе три дена не пробале леб. Железницата е близу, главниот град е веднаш зад нас... Дали некогаш во животот сте се наоѓале меѓу 21 000 луѓе кои четири дена не јаделе леб? Е, јас сега сум во таква состојба...
— Изет Фуад Паша, 15-16 декември 1912[135]
По неуспешниот напад при Чаталџа, Бугарија го прифатила османлиското барање за примирје кон крајот на октомври. Софија го искористила предлогот на големите сили за посредување, упатено непосредно пред борбата и воспоставува контакт со османлиската влада преку рускиот амбасадор во Цариград.
По еднонеделни преговори, на 20 ноември кај Чаталџа бил склучен договор за запирање на воените дејствија меѓу Бугарија, Србија и Црна Гора, од една страна, и Османлиското Царство од друга. Според условите на примирјето армиите на завојуваните страни ги задржале своите позиции. Примирјето не било подпишано од Грција, која ги опседнувала османлиските сили кај Јанина и барала овој град да им биде предаден. Сепак грчките претставници учествувале во мирната конференција, која била отворена на 3 декември во Лондон и се одвивала паралелно со конференција на амбасадорите на големите сили[136].
Во текот на преговорите, османлиската влада понудила Македонија и Албанија да добијат автономија[137], но планот бил отфрлен од сојузниците кои ги сакале сите територии западно од линијата Мидија - Енос. Под притисок на големите сили владата на Ќамил Паша се согласила на отстапки, но пред да го стори тоа, владата паднала. Новата влада, која дошла на власт по Младотурскиот преврат во Цариград на 10 јануари, подготвувала контраофанзива во Источна Тракија и не испратила одговор на сојузничките услови. Неколку дена подоцна, на 16 јануари, преговорите во Лондон биле прекинати[138].
Воени дејствија (декември 1912 - март 1913 г.)
[уреди | уреди извор]Кажуваат дека некои војници кај штабот викале: Бегајте! Што ќе барате тука? Готово е. Секој на своја страна! Така некои војници побегнаа од фронтот. Настана непотребна паника. Војниците, кои ги ширеа тие гласини, беа Бугари. Јас мислам дека тоа е вистина. Имаше Грци и Бугари во нашата војска. Беа наши државјани. Меѓутоа тие беа турски предавници. Многу од нив со години се бореа против нас. Ова ни е лекција. Нашата власт мора илјадници пати го доживеала тоа така што не би смееле да примаме во војската никој освен муслиманите. Меѓутоа тие (унионистите б.н) кажуваат: Таков е уставот. Тоа не може така. И тие се наши граѓани. Тие се со нас и во добро и во лошо. И тоа беше вистина, меѓутоа состојбата беше ваква. Секогаш Турчинот беше тој што го плаќаше крвавиот данок. Секогаш тој плаќаше со својот живот. Турската нација изумираше... Некој кажуваат дека паниката ја предизикале унионистите, кој наводно викале Бегајте! Нашата војска во Румелија ја победија Србите. Војската се повлече длабоко во Албанија. Кажуваат дека албанските баталјони побегнале од фронтот. Србите ги навлекле Албанците да го направат тоа. Тоа беше вистина. Грците ја изведоа опсадата на Јанина. Таму Вехир Паша и неговиот брат Есад Паша даваа жесток отпор. Нивниот главен командант, Али Фуад, покажа големо јунаштво и беше ранет. И албанските војници дезертираа од Јанина. Турските војници беа гладни и болни. Храбрите војници долго ја бранеа Јанина, меѓутоа на крајот и таа падна. Хасан Риза Паша покажа големо јунаштво во Скадар. Благодарение на него, опсадата на овој град траеше мошне долго. Хасан Риза беше извонреден војник. На крајот албанскиот Есад Паша, кој уште одамна го принуди Абдул Хамид на абдикација, нареди Хасан Риза да се погуби. Неговата смрт беше голема загуба за Турците. Есад беше прав никаквец. Подоцна, по стекнувањето на независноста, Албанците го убија, меѓутоа што со тоа добија? Скадар падна. Командантот на Солун, албанецот Ташин Паша безусловно го предаде Солун без борба. КАжуваат дека за тоа зел пари од Грците. Синџирот на случувањата покажува дека сите несреќи ги предизвикале Албанците. Одличен начин за да се покаже што значи поставувањето на надворешен елемент на важни места. Овој кабинет навистина беше глуп.
— Риза Нур, Сеќавања[139]
Во Епир и Албанија
[уреди | уреди извор]По одбивањето на Грција да се приклучи кон Чаталџанското примирје, нејзините војници го продолжиле настапувањето во Епир, но долго време немале успех. Првите два напад над Јанинската тврдина (во почетокот на декември 1912 и на 7-9 јануари 1913 година) биле одбиени од османлискиот гаризон. Третиот напад кој се случил на 21 февруари 1913 година завршил со одлучна грчка победа. Поголемиот дел од османлискиот гаризонот на чело со Есад Паша се предал. По падот на Јанина, Грчките сили го освоиле целиот Епир[140].
Примирјето од 20 ноември 1912 година не било почитувано ниту во северна Албанија. По преземањето на градот Елбасан, во почетокот на декември, српските сили ја запреле својата офанзива во правец на југ од реката Шкумба со намера да се освојат териториите на север од неа. Областа јужно од реката останале под контрола на остатоците од Вардарската османлиска армија (корпусот на Џавид Паша), кој се повлекол во јужна Албанија по поразот кај Битола. Во окупираните албански територии се развило силно герилско движење против српските сили. Во март, српските војски ја минале реката Шкумба, за да ги разбијат албанските чети. Иако Џавид Паша бил засилен со неколку илјади борци од Јанискиот гарнизон, бил поразен и се повлекол кон градот Белград на 30 март[141].
Црногорските сили кои го опседнувале Скадар, биле засилени од српски војници, но двата обиди за освојување на тврдината (на 25-27 јануари и на 18-19 февруари 1913 година) пропаднале[142]. Веднаш по примирјето од 1 април, Србија ги повлекла своите војници од Албанија под притисок на Австроунгарија, која се плашела дека српскиот излез на Јадранското Море ќе загрози нејзините поморските комуникации. Црногорските војници ја продолжиле опсадата на Скадар и на 10 април влегле во тврдината, која била напуштена од османлиско-албанскиот гарнизон, меѓутоа под притисок на големите сили, црногорските војници биле принудени да го напуштат Скадар[143][144][145].
Во Источна Тракија
[уреди | уреди извор]Со прекинот на лондонските преговори за мир, Младотурската влада сметала дека ќе дојде до делумен пресврт во војната, со што Османлиското Царство ќе ја задржи контролат над Источна Тракија. За време на примирјето, Младотурската влада поќнала да собира значителни сили кај своитре утврдени позции кај Чаталџа и Булаир (на преминот на Галиполскиот полуостров). Планот на новиот османлиски командант, Ахмед Изет Паша, за одблокирање на Одрин предвидувал троен напад. Главниот удар треба да биде нанесен во Булаир од Галиполската армија. Ударот требало да биде помогнат со десант на брегот на Мраморното Море во тилот на бугарските сили. Чаталџанската османлска армија требало да го изврши вториот помошен удар[146].
Во очекување на османлиската контраофанзива, бугарската команда ги зајакнала позициите на Првата и Треатат бугарска армија при Чаталџа и по брегот на Црното и Мраморното Море. Кај Одрин, Втората бугарска армија била засилена со две дивизии и опсадна артилерија од Србија. За заштита на тилот на трите армии, во средината на декември 1912 година била создадена Четврта бугарска армија на чело со генерал Стилијан Ковачева. Во нејзиниот состав влегувале и две пешадиски дивизии, кои во првата фаза на војната делуваат во Источна Македонија и Родопите, Седмата рилска и Втората тракиска дивизија, делови од Македонско-одринските доброволни чети, Коњаничка дивизија и една Зборна коњичка бригада[147].
На 26 јануари 1913 година, османлиските војски започнале офанзива од Галиполе. Истовремено, кај Шаркој со осум илјади војници бил извршен десант. Во решавачката битка кај Булаир, Галиполската османлиска армија била поразена од Седматата рилска дивизија. Два дена подоцна Десетиот османлиски корпус под команда Хуршид паша се повлекува од плацдармата, заземена кај Шаркој. Бугарската крајбрежна стража одбила уште неколку помали десанти во Источна Тракија. Османлиската офанзива кај Чаталџа започнува три дена пред офанзивата во Булаир, на 23 јануари[148]. По борбите со променлив успех, во почетокот на февруари, бугарските војници се повлекле на 10-20 км западно од Чаталџа.[147].
На 11-13 март 1913 година бугарско-српските сили ја освоиле Одринскта тврдина. Османлискиот командант Шукри Паша се предал со шеесет илјади својата армија. Истовремено со напад на Одрин, Првата и Третата бугарска армија настапуваат против Чаталџа и ги протерале османлиските сили пд територијата која ја зазеле во јануари. На 31 март, завојуваните страни склучиле примирје кое стапило во сила следниот ден[149].
Македонците во балканската војна
[уреди | уреди извор]... Во името на законот на природата, во името на историјата, во име на здравиот разум, ве преколнуваме, браќа, да го прифатите следното известување: Македонија е населена со хомоген словенски народ кои има своја историја, свој начин на живот, кои во минатото имал своја држава, свои идеи, и според кои тој има право сам да одлучува. Македонија треба да биде независна држава внатре во своите етнички, географски и културно-историски граници, со влада одговорна пред народно собрание. Македонската држава треба да биде посебна и рамноправна единица внатре во Балканскиот сојуз со заедничка царинска граница. Во црковните прашања во Македонија е неопходно повторно да се воспостави старата автокефална Охридска црква која потоа би воспоставила канонски односи со другите православни цркви... Браќа сојузници - ослободители! Се надеваме дека нашите зборови ќе најдат пат до вашето срце и душа, и дека ќе го следите примерот на великодушната Русија и во интерес на сопствената историја, неодложно ќе го подржите создавањето на македонската држава со што ќе биде сочуваан мирот и складот помеѓу себе. Ова решение потекнува од големата словенско-хеленска идеја за Балкански сојуз, а во интрес е и на светската култура и правда.
— Димитрија Чуповски, Mеморандум на група македонски интелектуалци[150]
Пред самиот почеток на Балканските војни, Димитрија Чуповски со останатите членови на Македонскотo научно-литературно другарство во Санкт Петербург настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во Велес и со Петар Попарсов организираат Општомакедонска конференција во декември 1912 година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна поддршка и полномошност за застапување на тие интереси преку Македонската колонија во Петроград и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и Европа, воопшто.
Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март 1913 година и „Меморандум на Македонците“[151] на 1 март 1913 година. Сите три, Чуповски ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На 7 јуни бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на 9 јуни 1913 година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на руски јазик „Македонски Глас“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од 20 ноември 1914 година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.
Непосредно пред објавувањето на Првата балканската војна по дознавањето за Српско-бугарската спогодба, македонското национално јадро од Битола, односно македонскиот сепаратистички кружок, на 15 август 1912 година испратил Програмско писмо до Другарството и до високи раководни органи во Русија, во кое се наведува дека Балканскиот сојуз е создаден заради поделба на Македонија од страна на Србија, Бугарија и Грција, а не за нејзино ослободување. Тие не ја признаваат македонската националност, па сакаат да ја србизираат, бугаризираат и грцизираат. На Македонија, на потомците на Кирил и Методиј може да ѝ помогне само Русија, и тоа на следниов начин:
- енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците;
- уништување на бугарската, на српската и на грчката пропаганда во Македонија;
- обновување на црковната независност;
- слободен развиток на националната свест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ;
- отворање училишта на македонски јазик;
- македонската интелигенција треба еднаш засекогаш да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, на српските и на грчките пазари; и
- широка внатрешна самоуправа на Македонија.
Во писмото на крајот се наведува:
дека во Македонија мириса на смрт. Дека единствениот спас за нашето дело, за нашата независност, а со тоа и за спасот на Европа од војна е вмешувањето на Русија, но не во вид на поддршка на словенскиот сојуз против Турција, туку како морална поддршка на Македонија и брз, решителен притисок врз Турција за неодложно спроведување реформи во Македонија. Ако Русија му даде поддршка на Балканскиот сојуз, тогаш ќе избувне балканска воја, а Србија, Бугарија и Грција ќе ја поделат Македонија.
Во предвечерието на војната, македонското револуционерно движење и македонската емиграција се наоѓале во криза и внатрешни поделби. Непосредното организирање на македонската емиграција и нејзиното активирање во подготовките за војна на Бугарија против Турција, започнало во септември 1912 година.
На чело на овие сили бил Александар Протогеров и Централниот комитет на ВМРО - Тодор Александров и други нивни соработници. Истовремено со објавувањето и текот на општата мобилизација во Бугарија во втората половина на септември 1912 година, раководителите на ЦК т.е. десните претставници на ВМРО: Тодор Александров, Александар Протогеров, Тодор Лазаров, потоа, полковник Николов, Петар Д'рвингов, Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската армија, генералот Иван Фичев, од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон организирање на доброволечки - македонски оружени чети.
Организацијата му била доверена на Александар Протогеров и полковникот Петар Д'рвингов. Тие, уште пред почетокот на војната, требало да навлезат во Османската држава, односно Македонија, со цел да развијат известувачка служба и во содејство со месното население да ја попречуваат мобилизацијата и концентрацијата на османските војски[152]
Штабот на Македоно-одринските доброволечки чети во состав: Протогеров, Д'рвингов, Николов, Атанасов и Величков, ја започнал работата околу прифаќањето и организирањето, обуката и испраќањето на доброволечките чети преку граница, во Македонија. Пријавувањето на македонските емигранти било масовно. Во текот на октомври, до почетокот на воените дејствија против Османската држава, до Штабот или лично до Протогеров, или до другите членови на Штабот, пристигнувале бројни телеграми во кои илјадници Македонци се јавувале како доброволци во четите или доброволечките одреди за да учествуваат во војната против Османската држава.
Четите подготвени од Штабот, упатени во Македонија преку одредените пунктови, ја минале границата меѓу 8 и 11 октомври 1912 година и се нашле во заднината на османските војски и власти, по точно означени реони низ Македонија. Овие чети пристигнати од Бугарија, на теренот наишле на други, од порано постоечки чети кои биле под раководството на Централниот комитет на ВМРО, на чело со Тодор Александров, Христо Чернопеев, Петар Чаулев и други војводи. Некои од овие чети дејствувале и самостојно, а имало и такви што биле под раководството на серските револуционери на чело со Јане Сандански.
Во почетокот на Првата балканска војна во Македонија биле формирани два српски четнички одреди, кои биле под српската Врховна команда: Козјачкиот, кој дејствувал во реонот на Скопска Црна Гора, па сè до Крива Паланка со 11 чети, Прекувардарскиот, кој се состоел од 16 чети;
Во летото 1912 година, во Македонија бил формиран Горски штаб на српските чети. Овој штаб извршил реорганизација на српските чети. За командант на Горскиот штаб во Македонија е поставен капетанот Воин Поповиќ-Вук, членови на штабот биле поручник Светозар Ранковиќ, поручник Никола Брзаковиќ, поручник Миливое Чолак Антиќ и потпоручник Милан Ковиниќ. Во Горскиот штаб влегле и поранешните членови на српската четничка организација Српски комитет на четничка акција. Во почетокот на Балканските војни овој штаб бил засилен со седум подофицери од српската армија и со 15 нови војводи.
Со Горскиот штаб непосредно раководела Врховната команда, а бил стациониран на територијата на која дејствувала Првата армија и бил потчинет на штабот на Првата армија. Во штабовите на Втората и на Третата армија имало оддели за комитски работи. Со оглед на тоа дека Горскиот штаб бил стациониран на Козјак и се движел на релацијата Скопска Црна Гора - Крива Паланка, единиците (11 чети) што му припаѓале го нарекувале Козјачки одре. По Кумановската битка, станал Кумановски одред, а најпознат е како четнички одред на Воин Поповиќ-Вук. Штабот на одредот го сочинувале Срби, односно српски офицери, а четниците и локалните војводи главно биле Македонци.
Покрај Козјачкиот горски штаб кој станал главен за цела Македонија, биле создадени горски штабови за Порече и за Азот. Командант на Поречкиот штаб бил потпоручникот Милан Ковиниќ, а во Азот, Милан Ѓокиќ. Со оглед на тоа дека Поречкиот и Азотскиот штаб формирале чети и во околиите на Кичево и на Дебар, таа формација (16 чети) е наречена Прекувардарски одред. Составот на четите бил од 10 до 15 луѓе. Вкупната бројна состојба на четниците според формацискиот состав на двата одреда изнесувала околу 400 луѓе[153].
Операциите на српските и грчките војски во Македонија бил олеснети од активностите на ВМРО во тилот на османлиските сили. Заедно со милициите на локалното македонско население, силите на силите на Внатрешната револуционерна организација достигнале околу 15.000 луѓе. Некои од четите, предводени од Ефрем Чучков, Петар Чаулев, Методи Стојчев, Васил Чекаларов, Христо Силјанов, Иван Попов и други војводи, броеле до неколку стотици четници. Во Прилепското, четата на Милан Ѓурлуков навлегла со околу илјада борци. Овие сили ги ослободите градовите Велес, Кратово, Штип, Крушево и Охрид, уште пред пристигнувањето на српските сили.
Дел од четите на ВМРО земале дирекно учество во Битката кај Куманово, а четата на Милан Ѓурлуков помогнала во освојувањето на преминот кон Прилеп. Костурската здужена чета која била составена од четите на Васил Чекаларов, Христо Силјанов и Иван Попов, по почетокот на воените дејствија, запонале со акција на потегот Лерин - Костур[154]. Одредите на Петар Чаулев, Христо Силјанов и други војводи, во Охридско заробиле стотина османлиски војници, а во Костурско 2.500 војници[155].
Јане Сандански формирал одред од 300 души и заедно со војводите Стоју Хаџиев, Димитар Арнаудов, Ѓорги Казепов, Крсто Чапрашиков, Иван Чонтев и четата на Александар Бујнов кој останал на лекување во Неврокоп, на мазги и на коњи тргнале за Солун како претходница на бугарската Седма дивизија. Одредот од 300 Македонци предводен од Сандански, заедно со бугарската коњаничка група на мајорот Цонев, на 28 октомври 1912 година влегол во Солун. Истовремено, влегле и грчки трупи предводени од престолонаследникот Константин, а потоа влегла главнината на бугарската војска.
Во Солун особено бил свечено пречекан Сандански, кој имал изграден авторитет уште во Младотурската револуција како борец за слобода и за рамноправност прокламирани во неговиот Манифест до сите народности во Османлиското Царство. Поради тоа, народот го пречекал со аплаузи и со повици Да живее Сандански!, а од грчкото население со Зито Сандански!. На една прослава организирана од генералот Георги Тодоров, началник на Штабот на Седмата рилска дивизија, се држеле здравици за ослободувањето на Македонија и за нејзиното приклучување кон татковината Бугарија. На таквите здравици станал и Сандански и наздравил со зборовите:
Пијам за слободна и автономна Македонија, за која се бореа и дадоа скапи жртви обединетите балкански народи.
По овие зборови, бугарските офицери со пцости и со закани му се нафрлиле на Сандански, а некои му се заканиле дека за таквите зборови ќе го исечат со своите сабји. Сандански навидум спокоен, си заминал со сознанието дека протерувањето на турските сили за Македонија не значело ослободување, дека македонскиот народ е измамен, дека следи распарчување и нова окупација на Македонија.
Лондонски мировен договор
[уреди | уреди извор]Конечниот пораз на Турција нема да биде крај на балканската трагедија... Државите кои го основале Балканскиот сојуз почнале освојувачка војна за територии. И сосема е природно, кога ќе се земе предвид световното соперништво помеѓу овие народи и нивниот ограничен менталитет, дека најкритичниот момент во развојот на случувањата јужно од Дунав ќе биде моментот кога сојузниците ќе треба да го поделат воениот плен... Под рушевините на европска Турција остана нов вулкан кој за секогаш ќе го тресе европскиот мир. Оваа ситуација не може да се излечи со полумерки и платонски интервенции. Европа има морална обврска да покаже огромна сила за на време да ги спречи надметнувањата и борбите кои го разоруваат балканскиот свет...
— Мискареа, Букурешт 20 март 1913[156]
Состаноците на Лондонската конференција на 18 април 1913 година[157] биле обновени во услови на засилен анатгонизам меѓу балканските сојузници за распределбата на освоени османлиски територии. Во февруари и мај се случиле спорадични судири меѓу бугарските и грчките војници североисточно од Солун. Србија и Грција се подготвуваат за заедничка борба против Бугарија[158][159][160]. Во предвчерието на Втората балканска војна, британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј поставил ултиматум за завршување на преговорите со Османлиското Царство до крајот на месецов. Мировниот договор бил потпишан на 17 мај 1913 година во палатата „Сент Џејмс“[157]. Договорот ставил крај на војната помеѓу Османлиското Царство и Балканскиот сојуз. Империјата се откажала од сите права на запад од линијата Мидија - Енос, Источна Тракија и од суверенитетот над островот Крит. Договорот гарантира создавањето на албанска држава, во која влегувал и Скадар. Други прашања - поделбата на Македонија, статусот на островите во Егејското Море, воените репарации, биле оставени отворени[160][161].
Последици
[уреди | уреди извор]Сите поголеми места во новоослободените краишта беа полни со бедни, голи и боси, гладни и жедни сирачиња. Нивните хранители и бранители заминале во царската војска да се борат, а жените, старците и децата останаа без заштита и тие од страв ги оставија своите домови и се во нив, бегајќи во градовите верувајќи дека таму ќе најдат заштита. Гонети од глата, присилени се да просат за корка леб. И отука во новоослободените градови, човек не може да мине низ улица, а да не му здосадат молбите на турските сираци, нешто да им подели. Еден офицер ми изнесува една ваква слика од Кавадарци: Кавадарци ги полни турските сирачиња кои умираат од глад. На еден агол седнал еден српски војник... на еден камен, во крилото зел две момчиња, Турчиња, еден на едното друг на другото колено, со двете раце ги прегрнал, во едната рака држи таин (војнички леб), а во другата нож. Со ножот го сече таинот, првиот залаг му го дава едното, другиот на другото Турче, а третиот го зема за себе. Јас застанав отстрана и срцето ме заболе, што при рака немам фотографски апарат, да ја сними оваа величествена слика на љубовта на српскиот војник кон децата на победениот непријател и неговото сочувство кон нивната несреќа
— Српски војник им помага на турските деца[162]
Воени жртви
[уреди | уреди извор]Човечките загуби на сојузничките сили одделно за секоја земја биле:
- Бугарија – околу 87.000 души, 14.000 убиени во борби, 19.000 починати од болести, 50.000 ранети;
- Србија - 39.000 убиени, умрени и ранети;
- Грција - околу 29.000 луѓе (околу 5.000 убиени и над 23.000 ранети); и
- Црна Гора - околу 9.500 луѓе (меѓу кои 2.800 убиени).
За загубите на Османлиското Царство нема сигурни податоци. Нејзините загубите се проценуваат на околу 100.000 или 340.000 луѓе (вклучувајќи 225.000 убиени, умрени од болести и ранети, околу 115.000 заробени)[163].
Цивилно население
[уреди | уреди извор]Првата балканска војна нанела голема штета врз жителите на областите низ кои поминале војниците. Во Тракија и Родопите биле уништени голем број села (турски, грчки и бугарски)[164][165]. Од Лозенградскиот округ избегале околу 50.000 Турци. Десетици илјади Бугари биле принудени да побараат заштита во областите заземени од бугарската војска[166]. Муслиманското население во Македонија било подложено на репресија од Македонците и од сојузничките војски, што довело до многу илјадни бегалски бранови кон поголемите градови (Скопје, Битола и Солун) и кон Мала Азија[167]. Опустошувањата, прекинот на трговијата и репресијата врз мирното население, извршени и од двете завојувани страни, довеле до масовен глад во текот на зимата и пролетта 1913 година, кој ги зафатил Одринско, делови од Родопите и регионот на Ќумурџина[168][169]. Епидемијата на колера и дизентеријата ги одзеле животи на многу жители во Источна Тракија и Бугарија во есента 1912 година.
Победниците започнале политика на национална и верска асимилација во новоосвоените територии. Под раководството на Бугарската православна црква во јануари-февруари 1913 година биле покрстени илјадници помаци од Родопите (вклучувајќи ги оние од старите предели на Царството Бугарија) и од Порече на Места и Струма во Македонија[170]. Албанците во Косово и Македонија, кои се спротивставиле на српските и црногорските војски, биле подложени на масовни колежи[171]. Во Вардарска Македонија уште од есента 1912 година српските окупациски власти извршиле притисок врз Македонците да се изјаснуваат како Срби. Управувањето, утврдено од ВМОРО во Охрид, Велес и други градови, било растурено, многу дејци на револуционерната организација биле уапсени или убиени. На гонења биле подложени и егзархиски свештеници и учители, на чие место дошле Срби. Егзархиските училишта биле затворени, а српските чети извршиле насилно разоружување на месните милиција, придружено со тепање и убиства. Грците во југозападна Македонија спроведуваат слична политика спрема Македонците[172][173].
Ескалација и конфликт помеѓу сојузниците
[уреди | уреди извор]Сојузничкиот антагонизам околу Македонија, довел до распаѓање на Балканскиот сојуз веднаш по склучувањето на мирот со Османлиите. Напорите на Русија да ја исполни својата улогата на арбитер, определена со договорот меѓу Бугарија и Србија, пропаднал[174]. На 19 мај 1913 година (два дена по потпишувањето на Лондонскиот мир) бил склучен грчко-српскиот договор со кој двете страни ја гарантирал заедничка граница во Македонија, како и попречување на бугарските стремежи за промена на статус квото. На 16 јуни, бугарската армија ги нападнала позициите на Србите и Грците со што започнала Втората балканска војна[175].
Хронологија
[уреди | уреди извор]Година | Месец | Настани |
---|---|---|
1911 | летото | Оживување на албанското национално движење |
4 декември | Напад на ВМРО во Штип. Османските противмерки биле повод за започнување на преговорите помеѓу Србија и Бугарија. | |
16 септември | Италија и објавила војна на Османлиското Царство поради припојувањето на Либија. | |
1912 | 16 мај | Склучен Тајниот бугарско-грчки мировен договор за одбранбен сојуз. |
21-27 мај | Италија ги презела островите Додеканезите. | |
1 август | ВМРО извршува напад во Кочани. Османлиските против мерки ги раздвижиле балканските христијански држави. | |
30 јули | Албанските бунтовници побарале распуштање на Османлискиот парламент во рок од 48 часа и врачиле барање за автономија (четирите европски вилаети Скадарскиот, Јанискиот, Косовскиот и Битолскиот да се обединат во една провинција, Албанците да служат војска само во таа провинција, албанскиот јазик да биде јазикот на администрацијата и образованието, сите Албанци да имаат право да носат оружје). | |
15 август | Усмен договор помеѓу Србија, Бугарија и Црна Гора: Бугарија дава воен заем на Црна Гора и ја плаќа црногорската војска во текот на војната. Црна Гора прифатила да завојува со Високата Порта без претходна провокација. | |
15 септември | Српската влада го испраќа своето тајно упатство под број 5669 до сите свои амбасади да делуваат за припојување на Охрид и Прилеп кон српската држава. | |
17 септември | Ултиматум на Балканскиот сојуз до Портата за неодложна автономија на Македонија според Берлинскиот конгрес. | |
18 септември | Балканските држави и Империјата објавиле вонредна состојба и општа мобилизација. ВМРО формира 70 мали групи за извидување и саботажи во Македонија и Тракија. | |
22 септември | Таен воен сојуз помеѓу Бугарија и Грција. | |
23 септември | Се формира Македонско-одринското ополчение . | |
26 септември | Црногорската војска започнува воени дејствиа против Високата Порта. | |
2 октомври | Потпишан мировен договор помеѓу Италија и Османлиското Царство. | |
3 октомври | Османлиското Царство го отфрлила ултиматумот на членките на Балканскиот сојуз и ги прекинува дипломатските односи со Србија, Бугарија, Црна Гора, а се обидува да ги подобри односите со Грција. | |
4 октомври | Империјата им објавува војна на балканските сојузници. | |
5-7 октомври | Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора и објавиле војна на Високата Порта. Романија ја објавила својата неутралност. Почеток на воените дејствија. | |
7-15 октомври | Бугарската војска ги освојува Источните Родопи и ја спречува османлиската контраофанзива (15-25 октомври) | |
8-13 октомври | Првата и Третата бугарска армија го пробиле првиот османлиски фронт Ескиполос-Петра, го освоиле Лозенград, а Втората бугарска армија го опоколила Одрин. | |
13 октомври | Српската војска ги освоила Скопје, Куманово, Велес и Штип во Македонија. | |
9-10 октомври | Грчката војска победила во Битката кај Сарантапорос. | |
15 октомври | Воведување на српскиот администратитев систем во Косово и Македонија. | |
16 октомври | Првото бомбардирање од авион во истооријата на војувањето - бугарската авијација го бомбардира одринското утрврдување. | |
17-20 октомври | Првата и Третата бугарска армија го пробиле вториот османлиски одбранбен фронт кај Лула Бургас-Бунархисар. | |
19-20 октомври | Грчката војска победила во Битката кај Јанина. | |
27 октомври | Во Романија била формирана нова влада на чело со Титу Мајореско. | |
28 октомври | Утрото, Грчката војска влегува во Солун, а попладнето во градот влегла бугарската Рилска дивизија. Почетокот на спорот околу Солун. | |
29 октомври | Високата Порта побарала примирје од Софија. Фердинанд I ја убедил бугарската влада да го одбие предлогот и да го прикрие од сојузниците. | |
1 ноември | Почеток на покрстувањето на Помаците во Родопите. | |
4-5 ноември | Првата и Третата бугарска армија извршиле неуспешен напад врз османлиските одбранбени позиции кај Чаталџа | |
4-9 ноември | Декларации на Централниот комитет на ВМРО против српските и грчките активности во Македонија. | |
9 ноември | Воведување на бугарската администрација на освоените територии. | |
14 ноември | Македонско-одринското ополченство ги победува османлиските сили во западна Тракија. | |
18 ноември | Македонско-романското друштво врши притисок врз романската влада за дејствување. | |
20 ноември | Примирје помеѓу сојузниците и Високата Порта. Грција го отфрлила примирјето и продлжила со воените дејствија во северен Епир. | |
20-21 ноември | Првите судири помеѓу бугарската и грчката војска во близината Солун, кон крајот на месецот судирот бил прекинат. | |
28 ноември | Националниот конгрес во Валона ја прогласил независноста на Албанија. | |
3 декември | Грчко-османлиска поморска битка кај островот Ели. | |
3-24 декември | Лондонска мировна конференција. Сојузниците ги побарале османлиските провинции во Европа, западно од линијата Енос-Мидија и островот Крит. Портата предложила на Македонија да ѝ се даде автономија и одбила да ги остапи териториите. На Божиќ, претставниците на Портата се повлекле од преговорите, меѓутоа големите сили извршиле притисок и барањето на балканските сојузници било прифатено. Било истакнато дека Албанија треба да стане независна држава. | |
8-17 декември | Тајна бугарска мисија во Цариград со цел склучување на одделен мир со Османлиското Царство. | |
1913 | 5 јануари | Грчко-османлиска поморска битка кај Лемнос. |
16 јануари | Бугарско-романски протокол во Лондон за корегирање на територијата во Добруџа. Под притисок на Руското Царство, Софија е подготвена на исправка на границата. | |
21 јануари | Поратат го осудува примирјето и тргнува во акција под паролата Софија или смрт! | |
26-28 јануари | Османлиска контраофанзива на Галиполе и Чаталџа, меѓутоа бугарската војска го одбила нападот. | |
30 јануари-2 февруари | Безуспешни бугарско-романски преговори за Добруџа во Софија. | |
5 февруари | Објавен тајниот мировен договор помеѓу Австроунгарија и Романија. | |
21 февруари | Грчката војска ја освоила Јанина. Бугарско-грчки инцидент кај Нигрита. | |
5 март | Убиство на грчкиот крал Георгиос I во Солун. | |
11 март-13 март | Бугарската војска го освоила Одрин. | |
11 март-26 април | Конференција на големите сили во Санкт Петербург по прашањето за Добруџа. Бугарија ја отстапила Силистрија на Романија и ги гарантира правата на Власите во Македонија. Тензиите продолжуваат. | |
10 април | Црногорската војска го освоила Скадар. | |
13 април | Примирје помеѓу Сојузниците и Портата. | |
22 април | Потпишан грчко-српски протокол, следниот ден двете држави потпишале воен сојуз. | |
19-21 мај | Бугарско-грчката комисија во Солун, постигнала договор за разграничување помеѓу двете страни. | |
17 мај | Лондонски договор. |
Галерија
[уреди | уреди извор]Карти
[уреди | уреди извор]Општо
[уреди | уреди извор]Битки
[уреди | уреди извор]Споменици
[уреди | уреди извор]Карикатури и друго
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bulgarian troops losses during the Balkan Wars
- ↑ Hellenic Army General staff: A concise history of the Balkan Wars, page 287, 1998.
- ↑ Erickson, Edward J. (2003). Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912–1913. Greenwood Publishing Group. ISBN 0-275-97888-5.
- ↑ Βιβλίο εργασίας 3, Οι Βαλκανικοί Πόλεμοι, ΒΑΛΕΡΙ ΚΟΛΕΦ and ΧΡΙΣΤΙΝΑ ΚΟΥΛΟΥΡΗ, translation by ΙΟΥΛΙΑ ΠΕΝΤΑΖΟΥ, CDRSEE, Thessaloniki 2005, page 120,(Greek). Retrieved from http://www.cdsee.org Архивирано на 27 јуни 2015 г.
- ↑ Извештај 55 Белград 18.10.1880 г., 14400.
- ↑ Krasner, Stephen D. (1999). „Sovereignty: Organized Hypocrisy“. Princeton University Press. стр. 165. ISBN 069100711X.
- ↑ Taylor, A. J. P. (1954). The Struggle for Mastery in Europe 1848–1918. Oxford University Press. p. 253.
- ↑ 8,0 8,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...
- ↑ Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф.446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896.
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903, Скопје, 2003.
- ↑ THE BALKAN WARS 1912–1913[мртва врска]
- ↑ Иван Божић, Сима Ћирковић, Милорад Екмечић, Владимир Дедијер, Историја Југославије, Просвета, Београд 1972. — скуп слика између страна 368-369. Чланак написан на основу факсимила објављене прокламације.
- ↑ Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996.
- ↑ Arabs and Young Turks - Ottomanism, Arabism, and Islamism in the Ottoman Empire, 1908–1918, Hasan Kayalı, UNIVERSITY OF CALIFORNIA PRESS, Berkeley · Los Angeles · London, © 1997 The Regents of the University of California
- ↑ Vladimir Ćorović, Istorija Srpskog naroda, (1885-1941), Balkanski ratovi
- ↑ „The Highland Uprising of 1911 - Romeo Gurakuqi, University of Shkodra "Luigj Gurakuqi" - Department of History, Phoenix Shkodra 2002“. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на 2012-11-07.
- ↑ СРБИЈА, ЦРНА ГОРА И КОСОВО – ПРЕГЛЕД 1878-1914
- ↑ „Intervju Dr. Slavenka Terzića“. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 2012-11-07.
- ↑ Balkanski rat ili Ruska narandžasta knjiga, str. 19.-21.
- ↑ Barbara Jelavich, St. Petersburg and Moscow: Tsarist and Soviet Foreign Policy, 1814-1974, Bloomington: Indiana University Press, 1974, страна 266-265
- ↑ Balkanski rat u slici i riječi, br. 6, 24. feb. (9. mart) 1913.
- ↑ Стр. Димитров, стр. 300-304.
- ↑ Стателова, стр. 407-408, 410-413.
- ↑ Стателова, стр. 409-410, 422-423.
- ↑ Стателова, стр. 423-424.
- ↑ Елдъров, стр. 3-5 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ Карнегиева анкета, стр. 44
- ↑ Стателова, стр. 434-438, 442-443.
- ↑ Карнегиева анкета, стр. 45-46
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 20-21.
- ↑ 31,0 31,1 31,2 31,3 31,4 31,5 31,6 31,7 ЕБ, т. I, стр. 188-189.
- ↑ „Обзор“, који је излазио измеѓу 1860. и 1941, био један од најчитанијих дневних листова у Загребу. Кад су избили балкански ратови, уредник је био Славко Водварка.
- ↑ Балканската война 1912-1913 (ДВИ 1961), стр. 67-72.
- ↑ Балканската война 1912-1913 (ДВИ 1961), стр. 73-74.
- ↑ Jackson-Lampe, str. 166.
- ↑ Jackson-Lampe, p. 234.
- ↑ Г. Георгиев, Лјудски ресурси замалја које су судјеловале у Балканском рату 1912.-1913..
- ↑ ВБТ, т. I, стр. 312-313.
- ↑ Encyclopedia Britannica: Italo-Turkish War 1911-1912
- ↑ 40,0 40,1 40,2 Erickson, стр. 78-84.
- ↑ История на Българите: Военна история, том V, стр. 417.
- ↑ Большая советская энциклопедия: Балканские войны 1912-1913
- ↑ 43,0 43,1 43,2 Въчков, стр. 93.
- ↑ ВБТ, т. I, стр. 505-506.
- ↑ ВБТ, т. I, стр. 428-429.
- ↑ 46,0 46,1 ВБТ, т. I, стр. 511.
- ↑ Erickson, стр. 173.
- ↑ Hall, стр. 47-48.
- ↑ Erickson, стр. 214-216.
- ↑ Erickson, стр. 163-164.
- ↑ Erickson (2003), p. 131.
- ↑ 52,0 52,1 Жирохов, М. Турецкая авиация в Первой Балканской войне (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)
- ↑ Рябинин, стр. 147
- ↑ Encyclopaedia Britannica: Balkan Wars (21.04.2009)
- ↑ Вълков, Г., Генерал Иван Фичев. Избрани произведения, София, 1988, Военно издателство
- ↑ Криворов, стр. 15-16 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ Крапчански, стр. 161
- ↑ ВБТ, т. I, стр. 308-309.
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 39-41.
- ↑ Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, том III, стр. 269-273.
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 53.
- ↑ 62,0 62,1 62,2 ВБТ, т. II, стр. 10-11.
- ↑ Криворов, стр. 12-13 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ Крапчански, стр. 181-182.
- ↑ ЕБ, т. V, стр. 806.
- ↑ Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, том III, стр. 274-277.
- ↑ Балканская война на море, стр. 5-7.
- ↑ Георги Купов, Торпилирането на крайцера „Хамидие“, стр. 6-7.
- ↑ Миланов, стр. 23, 24.
- ↑ 70,0 70,1 70,2 Жирохов, М. Болгарская авиация в Первой Балканской войне (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)
- ↑ 71,0 71,1 Саздов, Лалков, стр. 279.
- ↑ Hrvatski pokret, 9-31 oktobar 1912.
- ↑ 73,0 73,1 73,2 73,3 73,4 73,5 ВБТ, т. I, стр. 420-421, 500-501.
- ↑ Криворов, стр. 13-14 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ 75,0 75,1 Жирохов, М. Сербская авиация в Первой Балканской войне (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)
- ↑ Erickson, стр. 216; Hall, стр. 59.
- ↑ История на българите, том V: Военна история, стр. 418.
- ↑ Карнегиева анкета стр. 366
- ↑ The Macedonian Struggle1903-1912.Pavingthe Way fortheLiberation Basil K. Gounari
- ↑ Фуракис, стр. 17-18 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ 81,0 81,1 81,2 Жирохов, М. Греческая авиация в Первой Балканской войне (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)
- ↑ Hall, стр. 55, 57.
- ↑ ВБТ, т. I, стр. 422-423.
- ↑ Криворов, стр. 14-15 Архивирано на 9 мај 2008 г.
- ↑ В. Георгиев – Ст. Трифонов
- ↑ Пейчев, стр. 224.
- ↑ Атанасов, стр. 128.
- ↑ Марков, 1.2. Преломната изненада Лозенград
- ↑ 89,0 89,1 Марков, 1.3. Битката между Бунархисар и Люлебургаз пречупва статуквото
- ↑ Марков, 1.5. Високата порта моли за милост
- ↑ Марков, 2.1. Бугарска иницијатива
- ↑ ЕБ, т. IV, стр. 695.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 1, 4.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 68.
- ↑ Carnegie, str. 51., 52..
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 137.
- ↑ ВБТ, VI, стр. 76-88, 90-91.
- ↑ Рябинин, стр. 207
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 163-166, 207-211.
- ↑ Рябинин, стр. 216-218
- ↑ Hall, стр. 41.
- ↑ 102,0 102,1 ВБТ, т. VI, стр. 235-237.
- ↑ Hall, стр. 64.
- ↑ 104,0 104,1 Фуракис, стр. 19-20 Архивирано на 9 мај 2008 г. (27.2.2008)
- ↑ ВБТ, т. VII, стр. 62-63.
- ↑ 106,0 106,1 Балканская война на море, стр. 11-14.
- ↑ Венедиков, Й., стр. 952-954
- ↑ 108,0 108,1 Стр. Димитров, стр. 334-335.
- ↑ Марков, 1.4. Напредување кон Солун
- ↑ Емброс, Атина, 27 октомври 1912.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 100-104, 106-111, 113-120.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 122, 126-127, 131-136, 182-184, 190-193.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 32-44, 50, 171-181.
- ↑ Иванов, стр. 43-44
ВБТ, т. VI, стр. 51. - ↑ Иванов, стр. 59-60.
- ↑ Михов, стр. 41-42, 180-181.
- ↑ Erickson, стр. 149-150.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 22, 29-30, 51-61.
- ↑ Иванов, стр. 162 сл.
- ↑ ЕБ, т. I, стр. 185, 190.
- ↑ Иванов, стр. 176-178.
- ↑ ЕБ, т. III, стр. 675.
- ↑ Hall, стр. 55-57.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 138-139.
- ↑ Hall, стр. 54, 58.
- ↑ Hall, стр. 54.
- ↑ Stickney, стр. 19-20.
- ↑ Георги Купов, Торпилирането на крайцера „Хамидие“, стр. 10.
- ↑ ЕБ, т. VII, стр. 247.
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 62-63.
- ↑ Георги Купов, Торпилирането на крайцера „Хамидие“, стр. 55-77.
- ↑ Балканская война на море, стр. 15-16.
- ↑ Жирохов, М. Авиация в Балканской войне 1912-13 гг.
- ↑ Миланов, стр. 36.
- ↑ Изет-Фуад Паша, стр. 255.
- ↑ Стателова, стр. 452-455.
- ↑ Стр. Димитров, стр. 335-337.
- ↑ Стателова, стр. 458-460.
- ↑ Риза Нур, Сеќавања
- ↑ Erickson, стр. 293-304.
- ↑ Hall, стр. 85.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 234-237.
- ↑ Hall, стр. 73.
- ↑ Boekh, стр. 46-47.
- ↑ ВБТ, т. VI, стр. 238-239.
- ↑ ВБТ, т. VII, стр. 166-168.
- ↑ 147,0 147,1 Erickson, стр. 273-274.
- ↑ Марков, 3.1. Сражението „кланица“ при Булаир и Шаркьой
- ↑ Марков, 3.4. Бойните действия временно се прекратяват
- ↑ Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, стр. 810-812.
- ↑ Меморандум за независност на Македонија од 1 март 1913 година
- ↑ Виолета Аковска и Никола Жежов „ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА“, Скопје, 2004.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009 г., стр. 382-383.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 580, 892.
- ↑ Гоцев, стр. 21-24.
- ↑ Miscarea, Bukurest, 20. mart/ 2. april 1913.
- ↑ 157,0 157,1 Гиза, 3.4. Лондонската конференция
- ↑ Саздов, Лалков, стр. 289.
- ↑ Марков, 3.2.
- ↑ 160,0 160,1 Марков, 4.4. Лондонският договор за мир
- ↑ Boeckh, стр. 54.
- ↑ Балкански рат у слици и ријечи 12, 7. (20.) април 1913.
- ↑ Erickson, стр. 329.
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 115-116, 128, 133.
- ↑ Карнегиева анкета, стр. 117-120
- ↑ Трифонов, Тракия, стр. 32-34, 37
- ↑ Карнегиева анкета, стр. 67-71, стр. 144
- ↑ Трифонов, Тракия, стр. 36
- ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 115, 119, 122, 135;
Карнегиева анкета, стр. 104-107 - ↑ Георгиев, Трифонов, стр. 117-121, 126-131.
- ↑ Hall, стр. 137-138.
- ↑ Гоцев, стр. 30-35.
- ↑ Гоцев, стр. 35-36.
- ↑ Саздов, Лалков, стр. 276, 290.
- ↑ Стр. Димитров, стр. 344-346.
Литература
[уреди | уреди извор]На македонски
[уреди | уреди извор]- „Македонија во времето на Балканските и првата светска војна “(1912-1918)– Д-р Петар Стојанов, Институт за Национална Историја, Скопје, 1969
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
На руски
[уреди | уреди извор]- Жебокрицкий В. А., Болгария накануне Балканских войн 1912—1913 г., Киев, 1960
- Жогов П. В., Дипломатия Германии и Австро-Венгрии и Первая Балканская война, М., 1969
- Мерников А. Г., Спектор А. А., Всемирная история войн, Минск, 2005
- Петросян Ю. А., Османская империя: могущество и гибель. Исторические очерки, М., 1990
- Писарев Ю. А., Великие державы и Балканы накануне Первой мировой войны, М., 1986
- Хальгартен Г., Империализм до 1914 года. Социологическое исследование германской внешней политики до Первой мировой войны, М., 1961
- Балканские народы и европейские правительства в XVIII — начале XX в М., Документы и исследования, 1982
На бугарски
[уреди | уреди извор]- Атанасов, Щ. и др.'Българското военно изкуство през капитализма, Държавно военно издателство при МНО, София 1959
- Балканската война 1912-1913, Държавно военно издателство, София 1961
- Венедиков, Йордан. Морските действия между Турците и гърците в Балканската война (1912-1913), Българска военна мисъл, г.IV, кн.40, София 1937, с. 947-954
- Войната между България и Турция през 1912-1913 г. (ВБТ), Том I, II, VI, VII, Министерство на войната, София 1928-1937
- Въчков, Ал. Балканската война 1912-1913, „Анжела“, София 2005
- Гиза', А. Балканските държави и македонският въпрос, София, 2001, Македонски Научен Институт (от сайта „Книги за Македония“, 06.05.2009)
- Георгиев, В.; Трифонов, Ст. История на българите 1878-1944 в документи, том II, „Просвета“, София 1996, ISBN 954-01-0756-3
- Гоцев, Д. Национално-освободителната борба в Македония 1912-1915, Издателство на БАН, София 1981
- История на Българите, том V: Военна история (колектив), ИК „Труд“, София 2007, ISBN 954-528752-7
- Крапчански, В. и др. Кратък обзор на бойния състав, организацията, попълването и мобилизацията на българската армия от 1878 до 1944 г., Държавно военно издателство, София 1961
На англиски
[уреди | уреди извор]- Erickson, Edward J. (2003). Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912–1913. Greenwood Publishing Group. ISBN 0-275-97888-5.
- Fotakis, Zisis (2005). Greek naval strategy and policy, 1910–1919. Routledge. ISBN 978-0-415-35014-3.
- Hall, Richard C. (2000). The Balkan Wars, 1912–1913: Prelude to the First World War. Routledge. ISBN 0-415-22946-4.
- Langensiepen, Bernd; Güleryüz, Ahmet (1995). The Ottoman Steam Navy, 1828–1923. Conway Maritime Press. ISBN 0-85177-610-8.
- Schurman, Jacob Gould (2004). The Balkan Wars, 1912 to 1913. Kessinger Publishing. ISBN 1-4191-5345-5.
- Seton-Watson, R. W. (2009) [1917]. The Rise of Nationality in the Balkans. BiblioBazaar. ISBN 978-1-113-88264-6.
- Uyar, Mesut; Erickson, Edward (2009). A Military History of the Ottomans: From Osman to Atatürk. ISBN 978-0-275-98876-0.
На грчки
[уреди | уреди извор]- Γενικόν Επιτελείον Στρατού., Ο ελληνικός στρατός κατά τους Βαλκανικούς Πολέμους 1912—1913, Τόμοι Α'—Γ'
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Прва балканска војна“ на Ризницата ? |
- Историјска библиотека:Савез склопљен у возу
- 1912. Први балкански рат („Вечерње новости“, фељтон, септембар 2012) Архивирано на 2 декември 2012 г.
- Sto godina od Prvog Balkanskog rata Архивирано на 5 март 2016 г.
- Рат је добијен после неколико седмица („Политика“, 7. октобар 2012)
- Књегиња Долгорукова лечила Србе („Политика“, 21. октобар 2012)
- Project Guttenberg: The Balkan Wars: 1912-1913
- Замисълът на действие на страните през Балканската война (карта)
- Карта на немски Архивирано на 10 јануари 2006 г.
- Атаката на „Дръзки“ срещу „Хамидие“ Архивирано на 11 јануари 2010 г.
- Отон Барбар. Моите спомени отъ войните 1912—1918, част I Спомени от Балканската война 1912—1913, София 1923
- Сайт за 100 години от балканските войни Архивирано на 20 март 2014 г. на Национален военноисторически музей|Националния военноисторически музей
Статијата „Прва балканска војна“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |