1 август (настани)
Изглед
| 30 п.н.е. | Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет. |
| 527 | Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство. |
| 1291 | Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација. |
| 1492 | Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија. |
| 1498 | Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела. |
| 1834 | Ропството е укинато во Велика Британија. |
| 1902 | САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција. |
| 1944 | Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“. |
| 1960 | Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан. |
| 1981 | Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура. |
| 2012 | Пуштена во погон хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска. |