Јован Долгач
| Јован Долгач | ||
![]() | ||
| Роден | 1860 Кошино, Румелиски Пашалак, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 1915 Кошино | |
Јован Цветковски, познат како Јован Долгач ― македонски (србомански) војвода на Српскиот комитет на четничката акција во Западна Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Долгач е роден во селото Кошино, Прилепско. Како млади со својот брат Змејко криумчареле оружје, а потоа влегле во ВМРО со цел да се борат против Османлиите и албанските качаци.
До 1904 тој бил член на ВМРО. Влегол во Српскиот комитет на четничката акција затоа што злоупотребил голема сума пари на ВМРО.[1]
Во 1906 година, тој го убил сопствениот брат Змејко, војвода на Македонската револуционерна организација, бидејќи не сакал да премине на српска страна.[2]
Учествувал во борбите кај Мукоса во 1905 и Крапа во 1906.
Во 1905 година, по долги натегања, тој го убил војводата Максим Костов.[3]. Учествувал во Балканските војни, но српските власти го уапсиле бидејќи се обидел да убие еден Бошњак, кој го сметал за Турчин [4].
Во текот на Првата светска војна во есента 1915 година во родното село, тој бил заробен од чета на ВМРО и бил ликвидиран заедно со целото жандармериско одделение.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Киров-Мајски, Никола (1935). Крушово и борбите му за свобода. Софија. стр. 35.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 51.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 83.
- ↑ „Биография на Йован Долгач“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.
- ↑ Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 146.
Други наводи: http://www.srpsko-nasledje.rs/sr-c/1998/12/article-11.html Архивирано на 6 ноември 2015 г.
