Петар Бојовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војвода
Петар Бојовиќ
Војвода Петар Бојовиќ
Воена служба
Припадност Србија Кнежевина Србија
 Кралство Југославија
 Кралство Југославија
Род Српска армија
Траење 1876–1921
1941
Чин Војвода,(фелдмаршал)
Заповеда со Прва српска армија
Битки/војни Српско-тирска војна (1876–78)
Српско-тирска војна
Прва балканска војна
Втора балканска војна
Прва светска војна
Втора светска војна

Петар Бојовиќ (Мишевиќи кај Нова Варош, 4/16 јули 1858Белград, 19 јануари 1945) година бил српски и југословенски војвода (фелдмаршал).

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од скромно семејство чии корени водат од Андријевица каде што и денес постои село на Бојовиќеви, но неговите предци се преселиле во село Мишевиќи, а потоа во неговото детство во село Радаљево кај Ивањице.

Основно училиште завршил во Ивањица, а прва година гимнаѕија во Ужице, но неговото семејство немало средства да го плати негово образование, а министерство за образование одбило негова молба за стипендија. Тогаш со брат му Лука заминал во Белград во служба кај аѓутант на кнезот Михаил, таму продолжил образование во гимназија и по завршување се запишал во Артилериско училиште, каде имал можност да се запознае со своите подоцнежни соборци припадници на 11. класа Степа Степановиќ и Живојин Мишиќ.

Поминал обука во пешадиски и инженерски единици на белградскиот гарнизон, и го добил првиот офицерск чин артиљеријски потпоручник. Во исто време покажал исклучителна склоност кон преведување на книги од воена книжевност.

Бил исклучително предаден кон учење и напредување, во 1886 година го положил капетанскиот испит и започнал служба во Генерал штабот. Со Степа Степановиќ поминувале и дополнителни обуки и усовршувања, а работел и на подготвување на воени мапи на теренот. Кон крајот на 1887 и почеток на 1888 боравел во Франција каде освен воена обука учел и француски јаѕик. Напредувал брзо и со исклучително високи оценки.[1] Неговиот приватен живот не бил јавен, бил оженет со Микена Јовановиќ (1872—1956), ќерка на Никола Јовановиќ, трговец од Крагуевац о со неа имал шест деца.

Воена и книжевна кариера[уреди | уреди извор]

Според своето образованике и посветеност на службата Петар Бојовиќ бил високо ценет офицер, па во септември 1900 година бил поставен за помошник на началникот на Штабаот на Команда на активна војска до мај 1901 година. Во чин генералштабен полковник бил унапреден на 6 мај 1901 година и поставен за командант на Моравска пешадиска бригада во Ниш. Во 1902 година, на маневри на Моравската и Тимочката дивизија, командувал со пешадиската бригада. Во исто време Бојовиќ работел на книги од воени области. Додека бил на служба во Ниш објавил три книги.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Милићевић, Милић; Поповић, Љубодраг (2003). Генерали Војске Кнежевнине и Краљевине Србије. Београд: Војноиздавачки завод. ISBN 978-86-335-0142-2.