Јонско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јонското Море)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јонско Море.

Јонското Море претставува дел на Средоземно Море, јужно од Јадранско Море. На запад граничи со јужна Италија, поточно со Калабрија и Сицилија, а на исток со југоисточна Албанија и со голем број на грчки острови, меѓу кои Крф, Закинтос, Кефалонија, Левкас и Итака. Овие острови заеднички се нарекуваат Јонски Острови, а други помали острови кои ги опфаќаат се: Строфадес, Сфагија, Скиза, Сапиенца и Китера. Морето е едно од најсеизмичките области во светот.

Постои фериботска линија меѓу Патра и Бриндизи и Анкона, а истотака голем број на бродови поминуваат преку Јонското Море на пат за или од Атина. Други, помали фериботски линии ги поврзуваат островите и копното.

Поврзано[уреди | уреди извор]