Петар Дрвингов
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Петар Дрвингов | ||
![]() | ||
| Роден | 25 мај 1875 Кукуш, Солунски Вилает, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 7 март 1958 (возр. 82) Софија, НР Бугарија | |
Петар Георгиев Дрвингов — бугарски офицер од македонска народност, полковник во бугарската армија и историчар роден во Кукуш, денес во егејскиот дел на Македонија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Го завршил своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и потоа во Военото училиште во Софија. Учесник е во Горноџумајското востание на ВМОК во 1902 година и во Илинденското востание на ВМОРО во 1903 година. За време на Балканските војни бил начелник на штабот на Македонско-одринскиот доброволен корпус. Во Првата светска воjна е началник на Штабот на Единаесетта пешадиска македонска дивизија од 1915, од мај 1916 година е командир на Први пешадиски македонски полк, а од мај 1917 година e началник на Штабот на Моравската воено-инспекционна област. По воjните како историчар пишува претежно истражувања на воената историjа и националната психологиjа како тие за Македонско-одринскиот доброволен корпус, нападот на Одрин во 1913 година, Единаесетта пешадиска македонска дивизија и моралниот лик на бугарскиот воjник.
Ордени
[уреди | уреди извор]- Орден „За храброст“
- Орден „Св. Александар“
- Орден „За заслуга“
|
- Бугарски офицери од Македонија
- Македонски научници во Бугарија
- Членови на БАН
- Луѓе од Кукуш
- Дописни членови на БАН
- Македонски преселници во Софија
- Носители на Железниот крст (1914) од II класа
- Починати во Софија
- Воени историчари
- Родени во 1875 година
- Починати во 1958 година
- Македонски општественици
- Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија)
