Санстефанска Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Граници на Бугарија според Санстефанскиот договор
Бугарската земја според кнез Черкаски 1877 година

Санстефанска Бугариjаиредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежество на Отоманската Империја со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март - 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманската Империја во 1878.[1] Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.

Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.

Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.

Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамос. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот залив.

Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Орфанскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно море, оставајќи го Едрене во Османската империја, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.

Види исто така[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Inari Karsh - „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90