16 јануари (настани)
Изглед
27 п.н.е. | Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Октавијан. Подоцна, сите римски цареви си ја придодавале оваа титула. |
1492 | Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик ѝ е претставена на кралицата Изабела I. |
1547 | Кнезот Иван IV Васиљевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. |
1605 | Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигел де Сервантес. |
1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
1920 | Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
1945 | Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна. |
1979 | Реза Пахлеви, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република на чело со верскиот водач Хомеини. |
1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
2020 | Михаил Мишустин е назначен за премиер на Русија. |