Радомир Путник (книжевник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Радомир Путник)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радомир Путник
Radomir Z Putnik.jpg
Радомир З. Путник
Роден/а9 јули 1946 (1946-07-09) (73 г.)
Оџаци, СФРЈ СФР Југославија
НационалностСрбин

Радомир З. Путник е српски писател, драматург, театролог, театарски и литературен критичар, роден во Оџаци на 9 јули 1946 година. Бил уредник на уметничкиот програм во Телевизија Белград, директор на драма во Народниот театар (Народно позориште) во Белград, театарски критичар во листот Политика, главен уредник во списанието Сцена и професор по драматургија во филмското училиште Дунав филм во Белград.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Основно училиште и гимназија завршил во Вршац.

Дипломирал драматургија на Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1972 година.

Од 1972 до 1976 година бил уредник на театарската и филмска рубрика во листот Књижевна реч. Во Телевизија Белград работел од 1974 година, како хонорарен драматург во Драмската редакција на Првата програма. Од 1978 бил уредник во Драмската редакција, а од 1983 уредник во Редакцијата на играната програма до 1993 година и од 1997. Во меѓувреме бил директор на Драма во Народниот театар во Белград (1993 — 1997). Од мај 1999 година до августа 2001 година бил глаевн и одговорен уредник на Уметничката програма на РТС. Бил и театарски критичар на Третата програма на Радио Белград (1974 — 1993) и Политика (1986—1993) и главен уредник на списанието Сцена (19901994). Од септември 2001 година до јули 2003 работел на местото уредник на Културно-уметничката програма на РТС-ТВБ. Од јули 2003 година бил драматург во БК Телеком. Од 16 ноември 2005 е во старосна пензија. Живееи и работи во Земун.

Објавил повеќе книги поезија, проза, театролошки и драматуршки огледи; напишало петнаесетина драми прикажувани во професионални театри и на телевизија, направил повеќе драматизации и адаптации на книжевни дела за театар и телевизија, како и телевизиска серија Крајот на династијата Обреновиќ (Крај династије Обреновиќ).

Напишал околу 1.500 критики на театарски претстави и книжевни критики за Третата програма на Радио Белград. Дел од критиката е објавен во дневниот печат (Политика, Политика експрес, Дневник, Вечерње новости) и книжевните листови и списанија (Дело, Треќи програм, Летопис на Матица српска, Књижевност, Савременик, Поља, Багдала, Кораци, Свеске, Театрон, Лудус, Књижевна реч, Књижевне новине, Књижевни лист...).

Добитник е на повеќе стручни и јавни признанија, од кои најзначајни се: Златни беочуг КПЗ Београда, Златна значка КПЗ Србије и Вукова награда.

Библиографија – Објавени дела[уреди | уреди извор]

Песни[уреди | уреди извор]

  • Каде да се тргне ( Куда кренути), Клуб на писатели, Вршац, 1964;
  • Птица со розева кожа (Птица ружичасте коже), Клуб на писатели, Вршац, 1970;
  • Резбарии (Резбарије), Багдала, Крушевац, 1971;
  • Заумна пештера (Заумна пећина), Нолит, Белград, 1972;
  • Неделен ручек (Недељни ручак), КОВ, Вршац, 1976;
  • Доцен час (Касни сат) (библиофилско издание, 30 примероци), АПУ, Белград, 1976;
  • Откривање на времиња (Откривање времена), Угао, Вршац, 1991.

Проза[уреди | уреди извор]

  • Раскази за смртта (Приче о смрти), Клуб на писатели, Вршац, 1971;

Драматуршко-театролошки списи[уреди | уреди извор]

Изведени драми[уреди | уреди извор]

  • Што е најголемиот домет на сексот (Шта је највећи домет секса), Атеље 212, 1969;
  • Венијаминов крст, Радио Белград, 1969;
  • Трактат за кафенцето (Трактат о кафици), Народен театар Стерија, Вршац, 1972;
  • Симон од Кирена (Симон из Кирене), Радио Сараево, 1973;
  • Бурек со леш (Бурек с лешом), Радио Сараево, 1973;
  • Покајница, Радио Скопје, 1973;
  • Хероите не умираат (Хероји не умиру), Народен театар, Вршац, 1975;
  • Светковина, Народен театар, Сомбор, 1981;
  • Баца Ица и неговата Мица ( Баца Ица и његова Мица), Народен театар Стерија, Вршац, 1982;
  • Глинени гулаби (Глинени голубови), Народен театар Зеница, 1986;
  • Ноќ во Келтиевата куќа (Ноћ у Келтијевој кући), Радио Белград, 1986;
  • Климактеријум, Народен театар Стерија, Вршац, 1992,
  • Имаме доволно време (Имамо довољно времена), Народен театар, Зајечар, 1993;
  • Последните мигови на кралот Александар и кралицата Драга (Последњи тренуци краља Александра и краљице Драге), Хајат, Белград, 1996;
  • Туцинданска трагедија, Радио Белград, 2000;
  • Куќа на кејот (Кућа на кеју), Радио Белград, 2007.

Драматизации[уреди | уреди извор]

ТВ серии[уреди | уреди извор]

Објавени книги од областа на драматургијата и театрологијата[уреди | уреди извор]

Ги приредил следниве книги[уреди | уреди извор]

  • Бело кафе (Бела кафа), драми на Александар Поповиќ, СКЗ, 1994;
  • Нега на мртовци (Нега мртваца), драми на Александар Поповиќ, Просвета, Белград, 1996;
  • Лица на поетот (Лица песника), РТС, Белград, 1999;
  • Изабрани драми на Александар Поповиќ (Изабране драме Александра Поповића) 1,2, Верзал прес и Војноиздавачки завод, Белград, 2001. и Војноиздавачки завод и Кариќ фондација, Белград, 2003;
  • Антологија на ТВ драмата 5 (Антологија ТВ драме 5), РТС и Војноиздавачки завод, Белград, 2002;
  • Антологија на современата монодрама (Антологија савремене монодраме), Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2003;[4]
  • Панорама монодрама, Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2004;
  • Театарски критики на Авде Мујчиновиќ (Позоришне критике Авде Мујчиновића), Стеријино позорје, Нови Сад, 2005;
  • Театарски и телевизиски монодрами (Позоришне и телевизијске монодраме')', Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2006;
  • Монодрама и пантомима, Фестивал на монодрама и пантомима, Земун, 2008.

Адаптации за театар и ТВ[уреди | уреди извор]

Види уште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Волк Петар, Позоришни живот у Србији 1835-1994. - Писци националног театра, Музеј позоришне уметности Србије, Београд, 1995.
  • Симић Драгослав, Аутобиографије уживо - од Слободана Јовановића до данас, Београд, Драслав. 2007. ISBN 979-86-7614-069-4.
  • Радомир Путник (књижевник) – Српска енциклопедија
  • Kraj dinastije Obrenović na RTS-u
  • http://www.rastko.rs/cms/files/books/4776608e6bbf5
  • http://www.festmono-pan.org.rs/documents/izdanja/antologijasavremenemonodrame.pdf