Скадарски вилает

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скадарскиот вилает во 1900 година

Скадарски вилает (турски: İşkodra Vilayeti, Vilayet-i İşkodra; албански: Vilajeti i Shkodrës) бил вилает на Отоманското Царство од 1867 до 1913 година. Се протегал на просторот на денешна Црна Гора и Албанија. Кон крајот на 19 век вилаетот опфаќал површина од 13.800 km2.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Скадарскиот вилает бил основан во 1867 година[2] со спојување на Скадарскиот и Дебарскиот санџак. Скадарскиот санџак бил основан по османлиското освојување на Скадар во опсадата од 1478—1479 година. Голем дел од Кнежевството Зета бил припоен кон Скадарскиот санџак во 1499 година.[3] Оваа територија во 1514 година била издвоена од Скадарскиот санџак, и од неа бил формиран нов независен Црногорски санџак, со кој владеел Скендербег Црноевиќ. По неговата смрт во 1528 година, Црногорскиот санџак бил припоен кон Скадарскиот санџак со одреден степен на автономија.[4]

Во 1867 година Скадарскиот санџак бил споен со Скопскиот санџак со што се формирал Скадарскиот вилает. Во вилаетот влегувале Скадарскиот, Дебарскиот и Призренскиот санџак. Во 1877 година Призренскиот санџак влегол во состав на Косовскиот вилает, а Деберскиот санџак во состав на Битолскиот вилает, а градското подрачје на Драч станало Драчки санџак. По Руско-турската војна во 1878 година Бар, Подгорица, Спуж и Жабљак биле приспоени кон Црна Гора. Улцињ се споил со Црна Гора во 1881 година.[5]

Во текот на 1912 и почетокот на 1913 година, Скадарскиот вилает го освоиле државите од Балканската лига. Територијата на вилаетот влегла во рамките на Кнежество Албанија во 1914 година, врз основа на мировниот договор потпишан на Лондонската конференција во 1913 година.[6]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Скадарскиот вилает го сочинувале следните санџаци:[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Europe by Éliseé Reclus. стр. 152
  2. Bayly Winder, Richard (1969). Near Eastern round table, 1967-68. New York: Near East Center and the Center for International Studies, New York University. стр. 110. https://books.google.com/books?ei=I4iETvtIzqv6BvmPtCM&ct=result&id=geFBAAAAIAAJ&dq=scutari+vilayet+1867+prizren&q=%22+Ishkodra+%28Scutari+of+Albania%29.%22#search_anchor. посет. 12. 5. 2017 г. „In June 1867, thirteen new vilayets were formed: Bursa, Dardanelles, ... Ankara, Diyarbekir (Kurdistan), Sivas , Kastamonu, Thessaloniki (Salanik) , Konya, and Yanina (Epirus and Thessaly), Prizren, and Ishkodra (Scutari of Albania).“ 
  3. Ćorović, Vladimir (1933). Istorija Jugoslavije. Beograd: Narodno Delo. http://sr.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B5_(%D0%92._%D0%8B%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9B)_3.11. посет. 12. 5. 2017 г. „Год. 1499. припојена је била Црна Гора скадарском санџакату. Али, год. 1514. одвојио је султан поново и поставио јој за управника, као санџак-бега, потурченог Станишу, односно Скендер-бега Црнојевића.“ 
  4. Ćorović, Vladimir (1933). Istorija Jugoslavije. Beograd: Narodno Delo. http://sr.wikisource.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%98%D0%B5_(%D0%92._%D0%8B%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9B)_3.11. посет. 12. 5. 2017 г. „1528... Црна Гора је потом поново припојена скадарском санџакату и остала је са извесним ... правима његов саставни део...“ 
  5. İŞKODRA VİLAYETİ’NİN İDARİ TAKSİMATI VE YAPISI (1867/1868-1908) | GENÇOĞLU | Celal Bayar Üniversitesi Sosyal Bilimler Dergisi
  6. Vickers, Miranda (1999). The Albanians: a modern history. I.B.Tauris. стр. 77, 78. ISBN 978-1-86064-541-9. https://books.google.com/books?id=IzI0uOZ2j6gC. 
  7. Iskodra Vilayeti | Tarih ve Medeniyet

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Public Domain Scutari, Turkey (Vilayet)“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press. (англиски)