21 февруари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1613  Првиот руски владетел од династијата Романови, Михаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата.
1795  Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1848  Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1916  Започнала битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
1925  Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“.
1947  Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала.
1972  Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина.
1986  Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“.
1992  Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
1999  Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.