Прејди на содржината

Јован Довезенски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Станојков
Роден 8 април 1871
Довезенце, Косовски Вилает, Османлиска Империја
Починал 2 мај 1935(1935-05-02) (возр. 64)
Куманово, Вардарска Бановина, Кралство Југославија

Јован Станојков (иќ) - Довезенски (8 април 1871 - 2 мај 1935 ) — србомански деец и еден од првите војводи на Српскиот комитет на четничката акција во Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Просрпските војводи Јован Довезенски и Мицко Крстевски и двајца четници.

Тој бил роден во селото Довезенце, Кумановско. Основно училиште учел во манастир на старословенски. Потоа заминал за Србија и учел во гимназија, меѓутоа поради немање на пари морал да ја напушти, по што завршил богословско-учителска школа.

Бил учител во родниот крај. Во 1904 година, тој се приклучил на Српскиот комитет на четничката акција.

Довезенски бил меѓу првите српски војводи во Македонија и од тука имал силен авторитет меѓу четниците и војводите. Тој ја создал српската тајна организација од левата страна на реката Вардар.

Учествувал во Балканските војни и Првата светска војна.

Починал во 1935 година. Погребан бил во Куманово. Во Белград, во честа на Јован Довезенски, била именувана една улица.[1][2]

Улица „Војвода Довезенски“ во Белград.
  1. „Биография на Довезенски“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.
  2. „„Српство", број 15, Maj 2000“. Архивирано од изворникот на 2009-09-09. Посетено на 2010-12-20.