Прејди на содржината

Нобелова награда за физика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нобелова награда за физика
ДржаваШведска Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://nobelprize.org/ Уреди на Википодатоците

Нобелова награда за физика (шведски: Nobelpriset i fysik) — годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на физиката. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел (1833-1896). Останатите награди се: Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за физиологија или медицина, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија.[1]

Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на Нобеловата задолжбина, а ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската академија на науките.[2] Првата Нобелова награда за физика е доделена во 1901 година на Вилхелм Конрад Рентген, од Германија.

Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која не е иста секоја година.[3] Во 1901 година, Рентген добил 150.782 шведски круни, што е околу 7.731.004 шведски круни во декември 2007 година. Во 2008 година, наградата им е доделена на Макото Кобајаши, Тошихиде Маскава и Јоичиро Намбу, кои поделија износ од десет милиони шведски круни (малку повеќе од 1 милион , или 1,4 милиони американски долари.[4]

Наградата се доделува на секој 10 декември во Стокхолм, на годишницата од смртта на Нобел.[5]

Добитници

[уреди | уреди извор]
Година Добитник Земја Заслуги
1901 Вилхелм Конрад Рентген Германија „во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со откривањето на извонредните зраци подоцна наречени по него“[6]
1902 Хендрик Лоренц Холандија „во знак на признание за исклучителните услуги во полза на науката со нивните истражувања за влијанието на магнетизмот врз зрачењето како појава“[7]
Питер Земан Холандија
1903 Анри Бекерел Франција „за откривањето на спонтаната радиоактивност[8]
Пјер Кири Франција „за заедничкото истражување на појавите на зрачењето откриено од проф. Анри Бекерел[8]
Марија Кири Полска
Франција
1904 Лорд Рејли Велика Британија „за неговите иследувања во густините на најважните гасови и откривањето на аргонот во состав на овие изучувања“[9]
1905 Филип Ленард Австроунгарија
Германија
„за неговата работа на катодната цевка““[10]
1906 Џозеф Џон Томсон Велика Британија „за неговите теориски и опитни иследувања во електричната спроводливост на гасовите“[11]
1907 Алберт Абрахам Мајкелсон САД „за неговите прецизни оптички инструменти и спектроскопските и метеоролошки истражувања извршени со нив“[12]
1908 Габриел Липман Франција „за неговиот метод на фотографско доловување на боите на основа на брановата интерференција[13]
1909 Гуљелмо Маркони Италија “за нивните придонеси за развојот на безжичната телеграфија[14]
Карл Фердинанд Браун Германија
1910 Јоханес ван дер Валс Холандија „за неговата работа на состојбената равенка за гасовите и течностите“[15]
1911 Вилхелм Вин Германија „за неговите откритија во врска со законитостите на зрачењето на топлината“[16]
1912 Густаф Дален Шведска „за пронаоѓањето на автоматски вентил предвиден за употреба заедно со гасните акумулатори кај светилниците и пловките“[17]
1913 Хејке Камерлинг Онес Холандија „за неговите иследувања во својствата на материјата при ниски температури кои, меѓу останатото, доведоа до добивање на течен хелиум[18]
1914 Макс фон Лауе Германија „за откривањето на дифракцијата на рендгенските зраци со кристали“[19] — важен чекор во развојот на рендгенска спектроскопија.
1915 Вилијам Хенри Брег Велика Британија „за нивните услуги во полза на науката во анализата на кристалната структура со помош на рендгенски зраци“,[20] — важен чекор во развојот на рендгенската кристалографија
Вилијам Лоренс Брег Австралија

Велика Британија

1916 недоделена (Прва светска војна)
1917 Чарлс Гловер Баркла Велика Британија „за откривањето на карактеристичното рендгенско зрачење на елементите",[21] — важен чекор во развојот на рендгенската спектроскопија
1918 Макс Планк Германија „за неговите услуги во полза на развојот на физиката со откривањето на енергетски квантови[22]
1919 Јоханес Штарк Германија „за откривањето на Доплеровиот ефект кај каналските зраци и расцепувањето на спектралните линии во електричните полиња[23]
1920 Шарл Едуар Гијом Швајцарија „за неговите услуги во полза на прецизните мерења во физиката со откритието на аномалиите во легурите на никел и челик“[24]
1921 Алберт Ајнштајн Германија
Швајцарија
„за неговите услуги во полза на теориската физика, особено поради откривањето на фотоелектричниот ефект[25]
1922 Нилс Бор Данска „за неговите услуги во полза на иследувањето на структурата на атомите и зрачењето што го оддаваат“[26]
1923 Роберт Миликан САД „за неговара работа на елементарниот полнеж на електрицитетот и фотоелектричниот ефект“[27]
1924 Мане Сигбан Шведска „за неговите откритија и истражување на полето на рендгенската спектроскопија[28]
1925 Џејмс Франк Германија „за откривањето на законитостите кои го раководат влијанието на електронот врз атомот“[29]
Густав Лудвиг Херц Германија
1926 Жан Батист Перен Франција „за неговата работа на прекинатата структура на материјата, а особено за откривањето на таложната рамнотежа[30]
1927 Артур Комптон САД „за откривањето на ефектот наречен по него[31]
Чарлс Вилсон Велика Британија „за неговиот метод на видливо претставување на патеките на наелектризираните честички со кондензирана пареа“[31]
1928 Овен Виланс Ричардсон Велика Британија „за неговата работа на термоелектронската појава, а особено за откривањето на законот наречен по него“[32]
1929 Луј де Број Франција „за откривањето на брановата природа на електроните[33]
1930 Чандрасекара Венката Раман Индија „за неговата работа на расејувањето на светлината и откривањето на ефектот наречен по него[34]
1931 недоделена
1932 Вернер Хајзенберг Германија „за создавањето на квантната механика, чија примена, меѓу другото, доведе до откривањето на алотропските облици на водородот“[35]
1933 Ервин Шредингер Австрија „за откривањето на нови продуктивни облици на атомската теорија[36]
Пол Дирак Велика Британија
1934 недоделена
1935 Џејмс Чедвик Велика Британија „за откривањето на неутронот[37]
1936 Виктор Франц Хес Австрија „за откривањето на космичкото зрачење[38]
Карл Дејвид Андерсон САД „за откривањето на позитронот[38]
1937 Клинтон Дејвисон САД „за опитното откривање на дифракцијата на електроните со кристали“[39]
Џорџ Паџет Томсон Велика Британија
1938 Енрико Ферми Италија „за покажаното постоење на нови радиоактивни елементи произведени од неутронско озрачување и сродното откритие на јадрени реакции предизвикани од бавни неутрони“[40]
1939 Ернест Лоренс САД „за измислувањето и развојот на циклотронот и резултатите добиени со него, особено во однос на вештачките радиоактивни елементи“[41]
1940 недоделена (Втора светска војна)
1941 недоделена (Втора светска војна)
1942 недоделена (Втора светска војна)
1943 Ото Штерн САД „за неговите придонеси во развојот на методот на молекулски зраци магнетниот момент на протонот[42]
1944 Исидор Ајзек Раби САД „за неговиот резонантен метод на мерење на магнетните својства на атомските јадра[43]
1945 Волфганг Паули Австрија „за откривањето на начелото на исклучување, наречено Паулиево начело[44]
1946 Перси Вилијамс Бриџмен САД „за направата што произведува крајно висок притисок и за откритијата што ги направи со неа во полето на високопритисочната физика“[45]
1947 Едвард Виктор Еплтон Велика Британија „за неговите иследувања во физичките законитости на горната атмосфера, особено за откритието на т.н. Еплтонов слој“[46]
1948 Патрик Блекет Велика Британија „за развојот на Вилсоновата маглена комора и откритијата направени со неа во полето на јадрената физика и космичкото зрачење[47]
1949 Хидеки Јукава Јапонија „за предвидувањето за постоењето на мезони врз основа на теориската работа на јадрените сили“[48]
1950 Сесил Франк Пауел Велика Британија „за развојот на фотографски метод за проучување на јадрените процеси и откритијатата за мезоните направни по овој метод“[49]
1951 Џон Кокрофт Велика Британија „за нивната пионерска работа на претворањето (трансмутација) на атомски јадра со вештачки забрзани атомски честички“[50]
Ернест Волтон Ирска
1952 Феликс Блох Швајцарија
САД
„за развојот на нови методи за прецизни магнетни јадрена мерења и откритијата поврзани со нив“[51]
Едвард Милс Персел САД
1953 Фриц Цернике Холандија „за покажаниот метод на фазен контраст, особено за измислениоит фазнокотрастниот микроскоп]“[52]
1954 Макс Борн Германија
Велика Британија
„за неговите основоположнички истражувања во полето на квантната механика, особено за статистичкото толкување на брановата функција"[53]
Валтер Боте Западна Германија „за методот на совпаѓање и откритијата направени со него"[53]
1955 Вилис Лем САД „за откритијата во врска со ситната структура на водородниот спектар"[54]
Поликарп Куш САД „за прецизното утврдување на магнетниот момент на електронот"[54]
1956 Џон Бардин САД „за нивните истражувања на полето на полупроводниците и откривањето на транзисторскиот ефект“[55]
Волтер Хаузер Братејн САД
Вилијам Шокли САД
1957 Ли Џенгдао Кина
САД
„за проникливото иследување на законите за парност што доведе до важни откритија за елементарните честички[56]
Џенинг Јанг Кина
САД
1958 Павел Черенков СССР „за откривањето и толкувањето на Черниковиот ефект[57]
Иљја Франк СССР
Игор Там СССР
1959 Овен Чемберлејн САД „за откривањето на антипротонот[58]
Емилио Сегре Италија
САД
1960 Доналд Глејзер САД „за пронаоѓањето на меурната комора[59]
1961 Роберт Хофштатер САД „за пионерските изучувања на расејувањето на електроните во атомските јадра и откритијата за структурата на нуклеоните направени со него"[60]
Рудолф Месбауер Западна Германија „за истражувањата во впивањето на одекот на гама-зрачењето и откривањето на поврзаниот ефект кој го носи неговото име"[60]
1962 Лав Ландау СССР „за пионерските теории за кондензираната материја, особено течниот хелиум“[61]
1963 Јуџин Вигнер Унгарија
САД
„за неговите придонеси кон теоријата за атомското јадро и елементарните честички, особено со откривањето и примената на основни начела на симетријата"[62]
Марија Геперт-Мајер САД „за откритијата поврзани со структурата на јадрената обвивка"[62]
Јоханес Ханс Д. Јенсен Западна Германија
1964 Николај Басов СССР „за основоположничката работа на полето на квантната електроника, која доведе до изградба на треперници (осцилатори) и засилувачи засновани на мазерсколасерското начело“[63]
Александар Прохоров СССР
Чарлс Хард Таунс САД
1965 Ричард Фајнман САД „за основоположничката работа на полето на квантната електродинамика, со далекусежни последици во физиката на елементарните честички“[64]
Џулијан Швингер САД
Шиничиро Томонага Јапонија
1966 Алфред Кастлер Франција „за откривањето и развојот на оптички методи на изучување на Херцова резонанца во атомите“[65]
1967 Ханс Бете САД „за придонесите кон теоријата за јадрени реакции, особено откритијата за производството на енергија во ѕвездите[66]
1968 Луис Алварез САД „за решавачките придонеси кон физиката на елементарните честички, особено откривањето на голем број на резонантни состојби, овозможени од неговиот развој на техниката на водородна меурна комора и анализа на податоците“[67]
1969 Мари Гел-Ман САД „за придонесите и откритијата на класификацијата на елементарните честички и нивните заемодејства“[68]
1970 Ханес Алфвен Шведска „за основоположничката работа и откритија на полето на магнетохидродинамиката со полезна примена во разни области на плазмената физика"[69]
Луј Нел Франција „за основоположничката работа и откритијата во врска со антиферомагнетизмот и феримагнетизмот кои доведоа до нивна важна примена во физиката на цврстата состојба"[69]
1971 Денис Габор Унгарија – Велика Британија „за пронаоѓањето и развојот на холографскиот метод[70]
1972 Џон Бардин САД „за заеднички развиената теорија за суперспроводливоста, обично наречена БКШ-теорија[71]
Леон Купер САД
Џон Роберт Шрифер САД
1973 Лео Есаки Јапонија „за опитните откритија во врска со тунелските појави во полупроводниците и суперпроводниците"[72]
Ивар Јевер САД
Норвешка
cmglee_Cambridge_Wikimedia_Meetup_23_tour_Brian_Josephson.jpg
Брајан Џозефсон Велика Британија „за теориските предвидувања на својствата на суперструјата преку тунелска пречка, особено појавите начелно познати како Џозефсонов ефект"[72]
1974 Мартин Рајл Велика Британија „за пионерските истражувања на полето на радиоастрофизиката: Рајл со неговите набљудувања и пронајдоци (особено техниката на отворна синтеза), а Хјуиш за неговата решавачка улога во откривањето на пулсарите[73]
Податотека:Hewish postcard.jpg Ентони Хјуиш Велика Британија
1975 Оге Бор Данска „за откривањето на поврзаноста помеѓу збирното и честичното движење во атомските јадра и развојот на теоријата за структурата на атомското јадро врз основа на оваа поврзаност“[74]
Бен Рој Мотелсон Данска
Џејмс Рејнвотер САД
1976 Бартон Рихтер САД „за пионерската работа во откривањето на тешка елементарна честичка од нов вид“[75]
Семјуел Тинг САД
1977 Филип Ворен Андерсон САД „за основоположничките теориски иследувања на електронската структура магнетните и безредните системи“[76]
Невил Франсис Мот Велика Британија
Џон Хазбрук ван Флек САД
1978 Петар Капица СССР „за основните пронаоѓања и откритијаво полето на криогениката"[77]
Арно Алан Пензијас САД „за откривањето на космичкото микробраново позадинско зрачење[77]
Роберт Вудро Вилсон САД
1979 Шелдон Ли Глешоу САД „за придонесите кон теоријата на обединетото слабо и електромагнетно заемодејство помеѓу елементарните честички, вклучувајќи го, меѓу другото, предвидувањето на слабата неутрална струја“[78]
Абдус Салам Пакистан
Стивен Вајнберг САД
1980 Џејмс Кронин САД „за откривањето на нарушувањата во основните начела на симетријата при распадот на неутралните K-мезони[79]
Вал Логсдон Фич САД
1981 Николас Блумберген САД „за придонесите кон развојот на ласерската спектроскопија[80]
Артур Леонард Шавлов САД
Кај Сигбан Шведска „за неговиот придонес кон развојот на високоразделителната електронска спектроскопија"[80]
1982 Кенет Вилсон САД „за неговата теорија за критичните појави кај фазните премини[81]
1983 Субраманијан Чандрасекар САД
Индија
„за теориското изучување на физичките процеси од важност за структурата и еволуцијата на ѕвездите[82]
Вилјам Алфред Фаулер САД „за неговите теориски и опитни проучувања на јадрените реакции од важност при образувањето на хемиските елементи во вселената“[82]
1984 Карло Рубија Италија „за решавачките придонеси кон големиот проект кој доведе до откривањето на честичките W и Z, кои ни го приопштуваат слабото заемодејство[83]
Симон ван дер Мер Холандија
1985 Клаус фон Клицинг Западна Германија „за откривањето на квантизираниот Холов ефект[84]
1986 Ернст Руска Западна Германија „за основоположничката работа во електронската оптика и конструирањето на првиот електронски микроскоп[85]
Герд Биниг Западна Германија „за проектирањето на отчитувачки тунелски микроскоп[85]
Хајнрих Рорер Швајцарија
1987 Георг Беднорц Западна Германија „за епохалното откритие на суперспроводливоста кај керамичките материјали“[86]
Карл Александар Милер Швајцарија
1988 Леон Ледерман САД „за методот на неутрински сноп и покажувањето на двоичната структура на лептоните со откривањето на мионското неутрино[87]
Мелвин Шварц САД
Џек Стајнбергер САД
1989 Норман Фостер Ремзи САД „за откривањето на методот на одвоени трепетни (осцилаторни) полиња и неговата примена во водородниот мазер и други атомски часовници"[88]
Ханс Георг Демелт САД „за развојот на јонската замка"[88]
Волфганг Паул Западна Германија
1990 Џером Ајзек Фридман САД „за пионерските иследувања на длабокото нееластично расејување на електроните врз протони и врзани неутрони, што беше од суштинско значење за развојот на кварковиот модел во честичната физика“[89]
Хенри Веј Кендал САД
Ричард Едвард Тејлор Канада
1991 Пјер-Жил де Жен Франција „за откритието дека методите разработени за проучување на поредочните појави во простите системи можат да се воопштат во посложени облици на материја, особено во течни кристали и полимери[90]
1992 Жорж Шарпак Франција/Полска „за пронаоѓањето и развојот на детектор на честички, особено повеќежичената пропорционална комора“[91]
1993 Расел Алан Халс САД „за откривањето на нов вид на пулсар кое отвори нови можности во проучувањето на гравитацијата[92]
Џозеф Хутон Тејлор САД
1994 Бертам Брокхаус Канада „за развојот на неутронската спектроскопија“ и „за пионерски придонеси кон развојот на техниките на неутронско расејување за проучување на кондензираната материја"[93]
Клифорд Шал САД „за развојот на неутронското расејување“ и „пионерски придонеси кон развојо на неутронското расејување со цел проучување на кондензираната материја“[93]
1995 Мартин Луис Перл САД „за откривањето на тау-лептонот“ и „за пионерските опитни придонеси кон лептонската физика“[94]
Фредерик Рајнес САД „за доказното пронаоѓање на неутриното“ и „за пионерски опитни придонеси кон лептонската физика"[94]
1996 Дејвид Ли САД „за откривањето на супертечноста на хелиумот-3[95]
Даглас Ошероф САД
Роберт Колман Ричардсон САД
1997 Стивен Чу САД „за развивањето на методи за разладување и ловење на атоми со ласерска светлина.“[96]
Клод Коен Тануџи Франција
Вилијам Даниел Филипс САД
1998 Роберт Лафлин САД „за откривањето на нов облик на квантна течност со дробнонаелектризирани возбуди“[97]
Хорст Лудвиг Штермер Германија
Даниел Цуј САД
1999 Герард 'т Хофт Холандија „за разјаснување на квантната структура на електрослабите заемодејства во физиката“[98]
Мартинус Велтман Холандија
2000 Жорес Алферов Русија „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката[99]
Херберт Кремер Германија
Џек Килби САД „за неговиот удел во измислувањето на интегралното коло[99]
2001 Ерик Корнел САД „за постигнувањето на Бозе-Ајнштајновата кондензација во раредените гасови кај алкални атоми и основоположничките проучувања на својствата на кондензатите“[100]
Карл Виман САД
Волфганг Кетерле Германија
2002 Рејмонд Дејвис САД „за пионерските придонеси кон астрофизиката, особено за доказното пронаоѓање на космичките неутрина“[101]
Масатоши Кошиба Јапонија
Рикардо Џакони Италија
САД
„за пионерските придонеси кон астрофизиката кои доведоа до откривањето на вселенските рендгенски извори"[101]
2003 Алексеј Абрикосов Русија „за пионерските придонеси кон теоријата на суперспроводливоста и супертечностите[102]
Виталиј Гинзбург Русија
Ентони Џејмс Легет Велика Британија
САД
2004 Дејвид Грос САД „за откривањето на асимптотската слобода во теоријата за силното заемодејство[103]
Дејвид Полицер САД
Франк Вилчек САД
2005 Рој Глаубер САД „за придонесите кон квантната теорија на оптичката кохерентност"[104]
Џон Хол САД „за придонесите кон развојот на ласерски прецизна спектроскопија, вклучувајќи го оптичкиот честотен чешел"[104]
Теодор Хенш Германија
2006 Џон Мадер САД „за откривањето на црнотелесниот облик и анизотропијата на космичкото микробраново позадинско зрачење[105]
Џорџ Смут САД
2007 Албер Фер Франција „за откривањето на гигантската магнетоотпорност[106]
Петер Гринберг Германија
2008 Макото Кобајаши Јапонија „за откривање на потеклото на нарушената симетрија која предвидува постоење на барем три семејства на кваркови во природата“[107]
Тошихиде Маскава Јапонија
Јоичиро Намбу Јапонија
САД
„за откривањето на маханизмот на спонтано нарушување на симетријата во субатомската физика"[107]
2009 Чарлс Као Хонгконг
Велика Британија
САД
„за епохалните достигнувања во преносот на светлина со влакна во оптичката комуникација“[108]
Вилард Бојл Канада
САД
„за пронаоѓањето на начин на добивање слики со полупроводничко коло, т.е. сетилник со напојна врска (CDD)"[108]
Џорџ Смит САД
2010 Андреј Гејм Русија
Холандија
„за епохалните опити врз дводимензионалниот материјал графен[109]
Константин Новоселов Русија
Велика Британија
2011 Сол Перлмутер САД „за откривањето на забрзувањето на вселената по пат на набљудување на далечни супернови[110]
Брајан Шмит Австралија
САД
Адам Рис САД
2012 Серж Арош Франција „за епохалните опитни методи кои овозможуваат мерење и манипулација на поединечни квантни системи."[111]
Дејвид Вајнленд САД
2013 Франсоа Англер Белгија „за теориското откривање на механизмот кој придонесува кон нашето осознавање на потеклото на масата на субатомските честички, неодамна потврден со откривањето на фундаменталната честичка од опитите ATLAS и Компактен мионски соленоид (CMS) во Големиот хадронски судирач на CERN[112]
Питер Хигс Велика Британија
2014 Исаму Акасаки Јапонија „за измислувањето на делотворни светлечки диоди што даваат бела и штедлива светлина"[113]
Хироши Амано Јапонија
Шуџи Накамура Јапонија
САД
2015 Такаки Каџита Јапонија „за откривањето на неутринските осцилации, со кои се покажува дека неутрината имаат маса“[114]
Артур Мекдоналд Канада
2016 Дејвид Таулес  Обединето Кралство
 САД
„за теориските откритија на тополошките фазни премини и тополошките фази на материјата“[115]
Данкан Холдејн  Обединето Кралство
 САД
Џон Костерлиц  Обединето Кралство
2017 Рајнер Вајс  САД „за решителниот придонес за ЛИГО детекторот и опсервациите на гравитациските бранови“[116]
Кип Торн  САД
Бери Бериш  САД
2018 Артур Ешкин  САД „за епохалните откритија во полето на ласерската физика“[117]
Жерар Муру  Франција
Дона Стрикленд  Канада
2019 Џим Пиблс  Канада
 САД
„за теоретските откритија на полето на физичката космологија [118]
Мишел Мајор  Швајцарија „за откривањето на вонсончева планета околу ѕвезда од типот на нашето сонце“
Дидје Кело  Швајцарија
2020 Роџер Пенроуз  Обединето Кралство „за откритието дека образувањето на црните дупки претставува крепко предвидување на општата теорија за релативноста [119]
Рајнхард Генцел  Германија „за откривањето на супермасивно збиено тело во средиштето на нашата галаксија
Андреја Гец  САД
Општи
  • „Сите добитници на Нобеловата награда за физика“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-08.
  • „Нобеловци по категории (физика)“. Енциклопедија Британика. Посетено на 2008-10-08.
Поединечни
  1. „Alfred Nobel – The Man Behind the Nobel Prize“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
  2. „The Nobel Prize Awarders“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
  3. „The Nobel Prize“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
  4. „The Nobel Prize Amounts“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
  5. „The Nobel Prize Award Ceremonies“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-29.
  6. „Нобеловата награда за физика за 1901“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  7. „Нобеловата награда за физика за 1902“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  8. 8,0 8,1 „Нобеловата награда за физика за 1903“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  9. „Нобеловата награда за физика за 1904“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  10. „Нобеловата награда за физика за 1905“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  11. „Нобеловата награда за физика за 1906“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  12. „Нобеловата награда за физика за 1907“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  13. „Нобеловата награда за физика за 1908“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  14. „Нобеловата награда за физика за 1909“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  15. „Нобеловата награда за физика за 1910“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  16. „Нобеловата награда за физика за 1911“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  17. „Нобеловата награда за физика за 1912“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  18. „Нобеловата награда за физика за 1913“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  19. „Нобеловата награда за физика за 1914“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  20. „Нобеловата награда за физика за 1915“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  21. „Нобеловата награда за физика за 1917“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  22. „Нобеловата награда за физика за 1918“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  23. „Нобеловата награда за физика за 1919“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  24. „Нобеловата награда за физика за 1920“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  25. „Нобеловата награда за физика за 1921“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  26. „Нобеловата награда за физика за 1922“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  27. „Нобеловата награда за физика за 1923“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  28. „Нобеловата награда за физика за 1924“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  29. „Нобеловата награда за физика за 1925“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  30. „Нобеловата награда за физика за 1926“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  31. 31,0 31,1 „Нобеловата награда за физика за 1927“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  32. „Нобеловата награда за физика за 1928“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  33. „Нобеловата награда за физика за 1929“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  34. „Нобеловата награда за физика за 1930“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  35. „Нобеловата награда за физика за 1932“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  36. „Нобеловата награда за физика за 1933“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  37. „Нобеловата награда за физика за 1935“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  38. 38,0 38,1 „Нобеловата награда за физика за 1936“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  39. „Нобеловата награда за физика за 1937“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  40. „Нобеловата награда за физика за 1938“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  41. „Нобеловата награда за физика за 1939“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  42. „Нобеловата награда за физика за 1943“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  43. „Нобеловата награда за физика за 1944“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  44. „Нобеловата награда за физика за 1945“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  45. „Нобеловата награда за физика за 1946“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  46. „Нобеловата награда за физика за 1947“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  47. „Нобеловата награда за физика за 1948“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  48. „Нобеловата награда за физика за 1949“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  49. „Нобеловата награда за физика за 1950“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  50. „Нобеловата награда за физика за 1951“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  51. „Нобеловата награда за физика за 1952“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  52. „Нобеловата награда за физика за 1953“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  53. 53,0 53,1 „Нобеловата награда за физика за 1954“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  54. 54,0 54,1 „Нобеловата награда за физика за 1955“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  55. „Нобеловата награда за физика за 1956“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  56. „Нобеловата награда за физика за 1957“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  57. „Нобеловата награда за физика за 1958“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  58. „Нобеловата награда за физика за 1959“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  59. „Нобеловата награда за физика за 1960“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  60. 60,0 60,1 „Нобеловата награда за физика за 1961“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  61. „Нобеловата награда за физика за 1962“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  62. 62,0 62,1 „Нобеловата награда за физика за 1963“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  63. „Нобеловата награда за физика за 1964“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  64. „Нобеловата награда за физика за 1965“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  65. „Нобеловата награда за физика за 1966“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  66. „Нобеловата награда за физика за 1967“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  67. „Нобеловата награда за физика за 1968“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  68. „Нобеловата награда за физика за 1969“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  69. 69,0 69,1 „Нобеловата награда за физика за 1970“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  70. „Нобеловата награда за физика за 1971“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  71. „Нобеловата награда за физика за 1972“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  72. 72,0 72,1 „Нобеловата награда за физика за 1973“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  73. „Нобеловата награда за физика за 1974“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  74. „Нобеловата награда за физика за 1975“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  75. „Нобеловата награда за физика за 1976“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  76. „Нобеловата награда за физика за 1977“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  77. 77,0 77,1 „Нобеловата награда за физика за 1978“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  78. „Нобеловата награда за физика за 1979“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  79. „Нобеловата награда за физика за 1980“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  80. 80,0 80,1 „Нобеловата награда за физика за 1981“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  81. „Нобеловата награда за физика за 1982“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  82. 82,0 82,1 „Нобеловата награда за физика за 1983“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  83. „Нобеловата награда за физика за 1984“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  84. „Нобеловата награда за физика за 1985“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  85. 85,0 85,1 „Нобеловата награда за физика за 1986“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  86. „Нобеловата награда за физика за 1987“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  87. „Нобеловата награда за физика за 1988“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  88. 88,0 88,1 „Нобеловата награда за физика за 1989“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  89. „Нобеловата награда за физика за 1990“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  90. „Нобеловата награда за физика за 1991“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  91. „Нобеловата награда за физика за 1992“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  92. „Нобеловата награда за физика за 1993“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  93. 93,0 93,1 „Нобеловата награда за физика за 1994“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  94. 94,0 94,1 „Нобеловата награда за физика за 1995“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  95. „Нобеловата награда за физика за 1996“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  96. „Нобеловата награда за физика за 1997“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  97. „Нобеловата награда за физика за 1998“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  98. „Нобеловата награда за физика за 1999“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  99. 99,0 99,1 „Нобеловата награда за физика за 2000“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  100. „Нобеловата награда за физика за 2001“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  101. 101,0 101,1 „Нобеловата награда за физика за 2002“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  102. „Нобеловата награда за физика за 2003“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  103. „Нобеловата награда за физика за 2004“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  104. 104,0 104,1 „Нобеловата награда за физика за 2005“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  105. „Нобеловата награда за физика за 2006“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  106. „Нобеловата награда за физика за 2007“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  107. 107,0 107,1 „Нобеловата награда за физика за 2008“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2008-10-09.
  108. 108,0 108,1 „Нобеловата награда за физика за 2009“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2009-10-06.
  109. „Нобеловата награда за физика за 2010“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2010-10-05.
  110. „Нобеловата награда за физика за 2011“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2011-10-04.
  111. „Нобеловата награда за физика за 2012“. Нобелова задолжбина. Посетено на 9 October 2012.
  112. „Нобеловата награда за физика за 2013 Press Release“ (PDF). Нобелова задолжбина. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-08. Посетено на 2013-10-08.
  113. „Нобеловата награда за физика за 2014“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2014-10-07.
  114. „The Nobel Prize in Physics 2015“. Nobel Foundation. Посетено на 2015-10-05.
  115. „The Nobel Prize in Physics 2016“. Nobel Foundation. Посетено на 2016-10-04.
  116. „The Nobel Prize in Physics 2017“. The Nobel Foundation. 3 October 2017. Посетено на 3 October 2017.
  117. „Нобелова награда за физика 2018“. Нобелова задолжбина. Посетено на 2 October 2018.
  118. „Нобелова награда за физика 2019“. Нобелова задолжбина. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2019. Посетено на 8 октомври 2019. (англиски)
  119. „Нобелова награда за физика 2020“. Нобелова задолжбина. Посетено на 6 October 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]