Резонанца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Графички приказ
Опит со две звучни вилушки кои осцилираат на еднакви френвенции. Едната вилушка се удира со гумено чеканче. Иако првата вилушка не е удрена, другата вилушка видно трепери поради осцилацијата предизвикана од периодичната промена на притисокот и густината на воздухот со удирањето на другата вилушка, создавајќи звучна резонанца меѓу вилушките. Меѓутоа, ако на еден крак на вилушките се додаде парче метал и се поместува, тоа дава сè послаба резонанца и звукот не се пренесува делотворно. Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Резонанца или резонанција - тежнеење на системот да осцилира со поголема амплитуда на точно одредена фреквенција. Ваквата фреквенција, иако со мала сила, може да предизвика голема амплитуда на осцилирање на системот, бидејќи таа се поклопува со фреквенцијата на самиот систем, кој ја складира вибрационата енергија.[1] Во зависност од структурата на системот, при резонанца можно е истиот да се распадне, деформира или оштети. Резонанца се појавува кај сите видови вибрации и бранови. Постојат механичка резонанца, акустична резонанца, електромагнетна резонанца, нуклеарно-магнетна резонанца, резонанца на квантумските бранови, итн.

Пример за резонанца од секојдневниот живот е случајот на нишање лулашка. Туркањето на лулашка со иста сила во периоди на нејзината резонантна фреквенција, ќе предизвика таа да оди погоре и погоре, додека обидот да осцилира побргу или побавно, ќе резултира со намалување на резонанцата и висината до која ќе се искачува.

Друг пример е кога имаме вртење на оска. Кога фреквенцијата на вртење ќе се совпадне со фреквенцијата на оската (ќе се појави резонанца), доаѓа до нејзино искривување.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Katsuhiko Ogata (2004). System Dynamics (4th ed.). University of Minnesota. p. 617