Рача (Велестово)

Координати: 41°5′0″N 20°49′40″E / 41.08333° СГШ; 20.82778° ИГД / 41.08333; 20.82778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рача


Местоположба 41°5′0″N 20°49′40″E / 41.08333° СГШ; 20.82778° ИГД / 41.08333; 20.82778
Основни податоци
Место Велестово
Општина Охрид
Тип

 населба  некропола


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Рачаархеолошко наоѓалиште во охридското село Велестово. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна некропола. Се наоѓа на 2 км југоисточно од Охрид, лево од патот за Св. Наум, во долината што се протега на исток, во правецот на селото Велестово. Овде, во бавчата на еден жител се откриени остатоци од градба ѕидана од кршен камен и варов малтер, а по површината има фрагменти од покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Во источниот крај на наоѓалиштето, со обработувањето на нивата еден жител открил гробови градени од камени плочи, во кои нашол коски и неколку монети.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 241, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069