Св. Ѓорѓи (Курбиново)
Изглед
„Св. Ѓорѓи“
| |
Местоположба | 40°59′07″N 21°04′06″E / 40.98528° СГШ; 21.06833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Курбиново |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Св. Ѓорѓи — археолошкo наоѓалиште во преспанското село Курбиново. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на 3 км источно од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ од XII век. Тука при изведувањето на конзерватоските работи на црквата, во 1953 и 1980 година, се извршени и археолошки истражувања во неа и околу неа. Откриени се гробови во кои како прилози имало сребрени обетки од типот „Курбиново“, прстени, а во еден детски гроб керамичка чашка. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Рајчинец — населба од средниот век;
- Курбиново — населба од римско и доцноантичко време;
- Рекиње — топилница од доцноантичко време;
- Кули — населба од хеленистичко време;
- Каштино — населба и топилница од доцноантичко време;
- Кула — тврдина од средниот век;
- Св. Атанасиј — црква од средниот век;
- Св. Крстовден — базилика од старо христијанско време;
- Курбиново;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |