Гликштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гликштат
Северната страна на пристаништето
Северната страна на пристаништето
Северната страна на пристаништето
Грб на Гликштат
Гликштат во рамките на Германија
Гликштат
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штајнбург
Градоначалник Герхард Бласберг
Основни податоци
Површина 22,76 км2
Надм. височина 2 м
Население 10.779 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 474 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IZ
Пошт. бр. 25348
Повик. бр. 04124
Портал www.glueckstadt.de
Местоположба на градот Гликштат во рамките на округот Штајнбург
Карта
Карта
Координати 53°47′30″N 9°25′19″E / 53.79167° СГШ; 9.42194° ИГД / 53.79167; 9.42194Координати: 53°47′30″N 9°25′19″E / 53.79167° СГШ; 9.42194° ИГД / 53.79167; 9.42194

Гликштат (германски: Glückstadt; дански: Lykstad) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на десниот брег на Долна Елба, на вливот на малата река Рин, околу 45 километри северозападно од Алтона. Гликштат е дел од метрополитенската област Хамбург.

Историја[уреди | уреди извор]

Гликштат бил основан во 1617 година на мочуришна земја долж Елба од војводата на Холштајн, кралот Кристијан IV од Данска, кој изградил насипи и утврдувања како и војводска резиденција. Неговото име има буквално значење на „Среќен град“. Бидејќи Кристијан IV им ветил на доселениците изземање од данок и слобода на вероисповед, Гликштат станал важен трговски центар, спремен да се натпреварува со слободниот царски град Хамбург, сместен спротиводно на Елба. Откако кралот се вмешал во Триесетгодишната војна, градот во 1627/28 година бил опколен петнаесет недели од обединетите царски и католички трупи под водство на Албрехт фон Валенштајн и грофот Тили, иако без успех.

Градското собрание на Гликштат

Во 1649 година, синот на Кристијан и следниот крал Фредерик III го преместил седиштето на Холштајн во Гликштат, со што војводството станало познато како Холштајн-Гликштат. Во 1773 година, градот станал главен град на цел Холштајн, со припојување на поседите на линијата Холштајн-Готорп. Во текот на Војната на шестата коалиција во 1814 година, Гликштат бил блокиран од сојузниците и се предал, при што неговите утврдувања биле уништени. ВО 1830 година станал слободно пристаниште.

Холштајн-Гликштат останал посед на данската круна до поразот во Втората шлезвишка војна во 1864 година. Бил окупиран од Австрија, но на крајот се приклучил на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн по исходот на Австриско-пруската војна во 1866 година.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничката станица во Гликштат била отворена во 1845 година со што се поврзала со Елмсхорн, која во 1857 година била продолжена до Ицехо. Денес, возовите возат од Хамбург-Алтона до Вестерланд на островот Зилт. Гликштат исто така има фериботска врска преку Елба до Вишхафен во Долна Саксонија.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]