Штајнбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Штајнбург (округ))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штајнбург
Kreis Steinburg
Округ
Грб на Штајнбург Kreis Steinburg
Грб
Schleswig-Holstein IZ.svg
Земја  Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Адм. цент. Ицехо
Површина
 • Вкупна 1.056 km2 (408 sq mi)
Население (31 декември 2016)[1]
 • Вкупно 131.875
 • Густина 120/km2 (320/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. IZ
Мреж. место kreis-steinburg.de

Штајнбург (германски: Steinburg) — округ (Kreis) во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Дитмаршен, Рендсбург-Екернферде, Зегеберг и Пинеберг и со реката Елба (на спротивната страна на реката се наоѓа округот Штаде).

Историја[уреди | уреди извор]

Името на округот е изведено од истоимениот средновековен замок, од каде владееле војводите на Холштајн. Овој замок бил прв пат споменат во 1307 година, а бил напуштен и урнат во 1630 година. Меѓутоа, името останало да важи за целата област, а негово ново средиште станал Гликштат пред постепено да биде преземен од Ицехо.

Кога Шлезвиг-Холштајн станала покраина на Прусија во 1867 година бил основан округот Штајнбург. Границите останале непроменети до 1970 година, кога новосоздадениот град Шенефелд (порано дел од округот Рендсбург) се приклучил на Штајнбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа на северниот брег на реката Елба, близу нејзиното устие. Внатрешноста на округот е многу рамна. Реката Штер, десна притока на Елба, тече низ округот. Денес, градовите во Штајнбург, постепено стануваат дел од растечката метрополитенска област Хамбург. Најниската точка во цела Германија со 3,54 метри под морето се наоѓа близу градот Вилстер во округот Штајнбург, додека највисока точка во Штајнбург е Ицешпице (83,4 м).

Грб[уреди | уреди извор]

Грб
Грбот прикажува замок (претставувајќи го замокот Штајнбург) над брановита линија (реката Елба). Под кулите на замокот се наоѓаат три штита прикажувајќи го Исус, лист од коприва (од грбот на Холштајн) и лебед.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови
  1. Гликштат
  2. Ицехо
  3. Вилстер
Општински заедници
  1. Ауфер
  2. Брајтенберг
  3. Брајтенбург1
  4. Колмор
  5. Кронсмор
  6. Легердорф
  7. Мордик
  8. Минстердорф
  9. Еликсдорф
  10. Вестермор
  11. Витенберген
  1. Алтенмор
  2. Бломеше Вилднис
  3. Борсфлет
  4. Енгелбрехче Вилднис
  5. Херцхорн
  6. Хоенфелде
  7. Хорст1
  8. Кибицраје
  9. Колмар
  10. Кремпдорф
  11. Нојендорф кај Елмсхорн
  12. Зомерланд
  1. Бекдорф
  2. Бекминде
  3. Драге
  4. Хајлигенштетен
  5. Хајлигенштетенеркамп
  6. Ходорф
  7. Хоенаспе
  8. Хује
  9. Какс
  10. Клеве
  11. Крумендик
  12. Лобарбек
  13. Мелбек
  14. Морхузен
  15. Олдендорф
  16. Отенбител
  17. Пајсен
  18. Шлотфелд
  19. Зилцен
  20. Винзелдорф
  1. Брокштет
  2. Фицбек
  3. Хенштет
  4. Хингстхајде
  5. Хоенлокштет
  6. Келингхузен1, 2
  7. Локштет
  8. Миленбарбек
  9. Ешебител
  10. Појенберг
  11. Кварнштет
  12. Раде
  13. Росдорф
  14. Зарлхузен
  15. Штеркатен
  16. Виденборстел
  17. Виленшарен
  18. Врист
  19. Вулфсмор
  1. Баренфлет
  2. Дегелинг
  3. Елскоп
  4. Грефенкоп
  5. Кремпе1, 2
  6. Кремперхајде
  7. Кремпермор
  8. Нојенброк
  9. Ретвиш
  10. Зидерау
  1. Асбител
  2. Агетхорст
  3. Бесдорф
  4. Бокелрем
  5. Бокхорст
  6. Христинентал
  7. Грибом
  8. Хаденфелд
  9. Холстениндорф
  10. Кајсборстел
  11. Лофт
  12. Нинбител
  13. Нутелн
  14. Олденборстел
  15. Пешендорф
  16. Пулс
  17. Реер
  18. Шенефелд1
  19. Фале
  20. Фалермор
  21. Вакен
  22. Варингхолц
  1. Ебтисинвиш
  2. Бајденфлет
  3. Брокдорф
  4. Бител
  5. Дамфлет
  6. Еклак
  7. Кудензе
  8. Ландрехт
  9. Ландшајде
  10. Нојендорф-Заксенбанде
  11. Норторф
  12. Санкт Маргаретен
  13. Штердорф
  14. Вевелсфлет
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]