Ицехо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ицехо
Поглед на Ицехо
Поглед на Ицехо
Грб на Ицехо
Ицехо is located in Германија
Ицехо
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Штајнбург
Градоначалник Андреас Кепен (СДП)
Основни податоци
Површина 28,03 км2
Надм. височина 22 м
Население 31.896 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 1.138 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IZ
Пошт. бр. 25501−25524
Повик. бр. 04821
Портал www.itzehoe.de
Местоположба на градот Ицехо во рамките на округот Штајнбург
Карта
Координати 53°55′30″N 9°30′59″E / 53.92500° СГШ; 9.51639° ИГД / 53.92500; 9.51639Координати: 53°55′30″N 9°30′59″E / 53.92500° СГШ; 9.51639° ИГД / 53.92500; 9.51639

Ицехо (германски: Itzehoe; долногермански: Itzhoe) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Градот претставува административен центар на округот Штајнбург. Исто така, градот претставува административен центар на општинската заедница Ицехо-Ланд, иако самиот град не претставува нејзин член.

Се наоѓа на реката Штер, пловна притока на Елба, 51 километар северозападно од Хамбург и 24 километри северно од Гликштат.

Црквата Св. Лаврентиј, потекнува од XII век, а како друга знаменитост се издвојува дворецот на Холштајн. Градот има манастир основан во 1256 година, повеќе училишта, болница и други институции.

Ицехо е најстар град во Холштајн. Негов никулец бил замокот, изграден во 809 година од Егберт, еден од грофовите на Карло Велики, против Данците. Населбата која се развила околу него била понекогаш нарекувана како Есевелдобург, Еселсфлет и Ецехо. Во 1201 година, градот бил уништен, но бил обновен во 1224 година. Новиот град добил градски права во 1238 година, а стариот град во 1303 година. Во текот на Триесетгодишната војна Ицехо бил два пати уништен од Шведска, во 1644 година и во 1657 година, но бил изграден секој пат. Преминал на Прусија во 1867 година.

Во градот се наоѓа музеј посветен на Венцел Хаблик.

Луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]