Вилстер
| Вилстер | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Штајнбург |
| Градоначалник | Марен Гаенга (ДХС) |
| Основни податоци | |
| Површина | 2,71 км2 |
| Надм. височина | 2 м |
| Население | 4.369 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 1.612 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | IZ |
| Пошт. бр. | 25554 |
| Повик. бр. | 04823 |
| Портал | www.wilstermarsch.de |
| Местоположба на градот Вилстер во рамките на округот Штајнбург | |
| Координати | 53°55′21″N 9°22′28″E / 53.92250°N 9.37444°E |
Вилстер (германски: Wilster) — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата.
Историја
[уреди | уреди извор]Вилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија.
Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Старото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн.
Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици.
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Волфганг Ратке — дидактичар и педагог
- Ханс Херман Јунге — СС-офицер и личен слуга на Адолф Хитлер
Галерија
[уреди | уреди извор]- Старото Градско собрание во Вилстер
- Црквата Св. Бартоломеј во Вилстер
- Воздушен поглед на градот
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Вилстер на Ризницата ?- Официјална страница
|

