Кочани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Бришење на "Поглед_на_дел_од_Кочани.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Jcb поради: Copyright violation; see Commons:Licensing
дополнување
Ред 73: Ред 73:
=== Антика ===
=== Антика ===
Како и за други населби во [[Македонија]] и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на [[Кочанска Река]]. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, [[Стар Рим|римска]] и [[Византија|византиска]] керамика, питоси и сл.) се пронајдени на локалитетот [[Долно Градиште]] во реонот на селото [[Долно Гратче]]. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе локалитети од [[железно време|железното време]], меѓу кои извесни истражувања се вршени на локалитетите [[Текешински лозја]], Барутница и [[Алењак]]. Исто така, направени се сондажните истражувања на локалитетот [[Локубија]] каде е откриена некропола од [[Римско царство|Римскиот]] период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.
Како и за други населби во [[Македонија]] и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на [[Кочанска Река]]. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, [[Стар Рим|римска]] и [[Византија|византиска]] керамика, питоси и сл.) се пронајдени на локалитетот [[Долно Градиште]] во реонот на селото [[Долно Гратче]]. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе локалитети од [[железно време|железното време]], меѓу кои извесни истражувања се вршени на локалитетите [[Текешински лозја]], Барутница и [[Алењак]]. Исто така, направени се сондажните истражувања на локалитетот [[Локубија]] каде е откриена некропола од [[Римско царство|Римскиот]] период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.



Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на [[Кочанска Река]] во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според [[Табула Појтингеријана]] (''Tabula Peutingeriana'' - карта на воените патишта на Западното [[Римско царство]] од IV век) се наоѓала на околу 30 [[милји]] од градот [[Астибо]].
Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на [[Кочанска Река]] во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според [[Табула Појтингеријана]] (''Tabula Peutingeriana'' - карта на воените патишта на Западното [[Римско царство]] од IV век) се наоѓала на околу 30 [[милји]] од градот [[Астибо]].
Ред 380: Ред 379:
Градот Кочани се дели на повеќе населби и маала, кои освен по името, меѓусебно се разликуваат по својата местоположба, старост и урбанизиран развој. Меѓу населението познати се со следниве имиња:
Градот Кочани се дели на повеќе населби и маала, кои освен по името, меѓусебно се разликуваат по својата местоположба, старост и урбанизиран развој. Меѓу населението познати се со следниве имиња:
{{Div col|cols=2}}
{{Div col|cols=2}}
* 14-та Бригада
* 14. Бригада
* Доклевец
* Доклевец
* Бавчалук
* Бавчалук
* Бејрут
* Бејрут
* Белско Маало
* Белско Маало
* Филтер
* Кај Филтеро
* Калиманова Глава
* Калиманова Глава
* Крушарско Маало
* Крушарско Маало
Ред 400: Ред 399:
Кочани е сместен на северната страна од [[Кочанска Котлина]], на местото каде што [[Кочанска Река]] ја напушта [[Осогово|Осоговијата]] и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е [[Кочанско Поле]], додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.
Кочани е сместен на северната страна од [[Кочанска Котлина]], на местото каде што [[Кочанска Река]] ја напушта [[Осогово|Осоговијата]] и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е [[Кочанско Поле]], додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.


Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од [[Скопје]]), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од [[Гринич]].


Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од [[Скопје]]), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од [[Гринич]]. Надморската височина на која се наоѓа се движи меѓу 320 и 400 м.


Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5<sup>о</sup> С, што значи дека е иста со онаа во [[Струмица]], а повисока од онаа во [[Скопје]] или [[Прилеп]]. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4<sup>о</sup> С. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22 август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26 јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6<sup>о</sup> С.<ref>''Кочани'' - монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003 г.</ref>
Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5<sup>о</sup> С, што значи дека е иста со онаа во [[Струмица]], а повисока од онаа во [[Скопје]] или [[Прилеп]]. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4<sup>о</sup> С. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22 август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26 јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6<sup>о</sup> С.<ref>''Кочани'' - монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003 г.</ref>
Ред 431: Ред 428:


Литературниот клуб „Копнеж“, што работи во рамките на [[Библиотека “Искра“ - Кочани|библиотеката „Искра“]], е носител на две културни манифестации: Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ (од национален карактер) и Месец на книгата.
Литературниот клуб „Копнеж“, што работи во рамките на [[Библиотека “Искра“ - Кочани|библиотеката „Искра“]], е носител на две културни манифестации: Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ (од национален карактер) и Месец на книгата.

==Спорт==
Во Кочани активни се следните спортски екипи:
* [[ФК_Осогово_(Кочани)|градски фудбалски клуб „Осогово“]]
* женски фудбалски клуб „Кочани“
* кошаркарски клуб „Баскет Дино“
* боречки клуб „Спартак“
* клуб за гимнастички спортови „Партизан“
* футсал клуб „Унипаб“
* ракометен клуб „Младинец“
* пингпонгарски клуб „Кочани“
* карате клуб „Кочани“
* карате клуб „Партизан“
* карате клуб „Ипон“
* џудо клуб „Гладијатор“
* клуб за реален аикидо „Нико“
* велосипедски клуб „Електрика“
* клуб за планински велосипедизам „Поскок“
* планинарски спортски клуб „Осогово“
* клуб за планинарски спортови „Москито“
* спортско риболовно здружение „Кочански рибар“
* шаховски клуб „Кочани“
* фудбалска школа „Фудбал старс“
* фудбалска школа „Младост Тошев“
* фудбалска школа “Кочани“


== Верски објекти==
== Верски објекти==

Преработка од 21:05, 14 мај 2019

Кочани
Панорама на Кочани
Панорама на Кочани

Панорама на Кочани
Знаме на Кочани
Знаме на Кочани
Грб на Кочани
Грб на Кочани
Mестоположба
Mестоположба на Кочани
Општина Кочани на картата на Република Македонија

Координати : 41°55′0″N , 22°25′0″E
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Кочани
Прекар: Град на оризот и геотермалната вода
Поштенски бр.: 2300
Повикувачки бр.: (+389) (0)33
Автомобилска ознака: КО[1]
Заштитници: Св. Петар и Апостол Павле
Портал: Кочани
Историја
Основан: 1337 год.
Стари имиња: Tranupara
Управа
Земја: Македонија
Регион: Предлошка:Грбови
Општина:  Кочани
Бр. на населби: 28
Градоначалник: Николчо Илијев[2]
Географија
Површина: 382
-вода: 0,19 км²
Надм. височ.: 350 - 420 м
Население
Население: Kочани - 28 330

општина - 38 092

-мажи: 19 192
-жени: 18 900
Образование:
-високо: 1 090
-средно: 12 417
-основно: 9 425
-неписмени: 1 468
Етнички групи: 8


Кочаниград во источниот дел на Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.

Карта
Интерактивна карта на Кочани

Легенда за потеклото на името

Фонтана во Кочани која го симболизира оризот

Многу одамна, на печалба во Кина бил еден човек по име Кочо. Работел што работел, по долги години решил да се врати во родниот крај. Бидејќи во Кина оризот бил основна храна, на заминување решил со себе да понесе и ориз со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее во неговиот крај. Со себе понел мала количина од ова бело злато со цел лесно и без проблеми да го пренесе од царство во царство. При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каква било форма. Сепак, Кочо не сакал да се откаже од намерата да го внесе оризот. Се мислел и на крајот се сетил. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат, а потоа ги заклал. По влегувањето ги очистил и од нив го извадил оризот. Така Кочо го пренел оризот од Кина, започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај, а според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани.[3]

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ издадена во 1896 година, запишал едно друго предание и легенда за настанокот и потеклото на името на градот Кочани. Имено, градот Кочани некогаш бил погоре по реката на местото на село Гратче, а местото на сегашното Кочани било блато и по него паселе цели стада свињи[4]. Тука биле „кочините“ (места во кои ги затвораат свињите) на граѓаните од кое што и новоосновниот град бил наречен Кочани[5]. Во некој бој жителите на градот биле исклани и се пролеала толку крв што од неа се образувала бразда во која се удавил еден јунец[6]. После битката градот се преместил кај кочините и се нарекол Кочани[7].

Историја

Антика

Како и за други населби во Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на локалитетот Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе локалитети од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на локалитетите Текешински лозја, Барутница и Алењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на локалитетот Локубија каде е откриена некропола од Римскиот период, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.

Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според Табула Појтингеријана (Tabula Peutingeriana - карта на воените патишта на Западното Римско царство од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо.

Среден век

Мамуза (острога) од Оризари, Кочани, ран XIII век

За првпат во пишан документ Кочани (Кочъни) се споменува во 1337 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата “Св. Димитрија” на градот. Ако се искористат податоците што ги нуди грамотата на Јован Оливер, може да се констатира дека Кочани, како населба под тоа име, постоело многу порано од 1337 год. бидејќи тој не ја подигнал црквата. Таа постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под ропство на османлиските Турци.

Кула во Кочани, градена во втората половина на XVII век, а имала станбено-одбранбена функција

Според пишувањата на турскиот патописец Евлија Челебија, при пописот од 1519 год. Кочани било село со едно муслиманско и 54 христијански семејства и 12 неженети христијани (Tapu defteri 169, 170). Состојбата битно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 год. е забележано дека се уште преовладува христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско (Tapu defteri 85, 446-447). Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акче (турска платежна единица од тоа време) (Tapu defteri 437). Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 год. Кочани брои 600 куќи, со околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример. Од овој период потекнуваат и двете, постојни, средновековни кули во градот, од кои едната е обновена и во неа се наоѓа мала музејска збирка.

Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, Кочани броело само 300 куќи и околу 1.200 жители бидејќи целиот регион бил зафатен од колера. Кон крајот на XIX век градот се зголемува за околу 150 куќи, со доселувањето на маџири и крушевски Власи. Според податоците на В. К'нчов во овој период Кочани броело околу 6.000 жители.

XX век

Кочани 1903 год.
Кочани во 1942 год.

Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната општина Кочани, која се наоѓала во состав на Кралството СХС (Србија, Хрватска и Словенија). Така, на изборите за тогашната Уставотворна скупштина што се одржале на 28 ноември 1920 г. е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 год. бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 год. на 1.387.

Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 год. во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 год. нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.[8]

Статистичките податоци од 1965 год. говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општински и регионален центар со околу 30.000 жители.

Местоположба

Градот Кочани се наоѓа на 120 км одалеченост од главниот град Скопје, поточно ја завзема северната страна на Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанска Река. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини, а 8 км јужно од Кочани плодното Кочанско поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатиот зимски туристички центар Пониква до кој води асфалтиран пат во одлична состојба, долг околу 20 км.

Сообраќајна поврзаност

Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која тргнува од Охрид, и преку Битола, Прилеп и Велес (70 км) се поврзува со Штип (30 км), а преку неа излегува на автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија), односно со оваа собраќајница Кочани е поврзан со Централна и Западна Македонија. На исток овој патен правец продолжува кон Македонска Каменица (30 км), Делчево (55 км) и граничниот премин со Република Бугарија (65 км), односно Благоевград. На југоисток, кон Виница (10 км) води квалитетен пат чија траса продолжува кон Берово (60 км) На север, кон Осогово, од Кочани водат три патни правци; едниот по долината на Кочанска Река, до вештачкото езеро Гратче (6 км), а потоа по планински пат преку Јастребник до месноста Лопен; вториот преку селото Бели води до Пониква и понатаму по земјен пат до истата месност, од каде двата патни правца продолжуваат до Крива Паланка; третиот правец води преку Припор и Речани до подножјето на Царев Врв. На северозапад Кочани е поврзан со Пробиштип (36 км) и Кратово (48 км).

Исто така, во 1926 г. до Кочани е изградена железничка пруга која го поврзува со Штип, Велес и Скопје.

Во близина на врвот Пониква на Осогово, како проширување на самиот асфалтен пат, во средината на 70-те години е изградена и полетно-слетна патека во должина од околу 1.200 метри, чија првична намена била планирана за воени цели.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кочани живееле 5.950 жители, од кои 2.800 Македонци, 2.600 Турци и 360 Роми, 150 Власи и 40 Албанци.[9]

Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Кочанскиот срез имало 41.298 жители, од кои 6.657 во градот Кочани, 2.568 во Виница, а 32.073 во селата (Кочанско Поле, Осоговија). Од етнички аспект, населението го сочинувале 33.171 (80,3 %) Македонци, 6.053 (14,6 %) Турци, 680 (1.64 %) Роми, 117 Срби и 1.277 останати.[10]

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 28.330 жители и спаѓал во групата на средни градови.[11] Приградската населба Оризари, која во официјалните пописи се води како посебно населено место, веќе е споена со градот и заедно со неа, Кочани има 32 106 жители.[12]

Етнички групи[12]
Македонци
  
90,82 %
Роми
  
6,89 %
Турци
  
1,11 %
Власи
  
0,68 %
други
  
0,27 %
Срби
  
0,22 %
Бошњаци
  
0,004 %

Следува табела на националната структура на населението (без Оризари)[13]

Националност Вкупно
Македонци 25 730
Турци 315
Роми 1 951
Албанци 0
Власи 193
Срби 63
Бошњаци 1
Други 77
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[12]:

Јазици[12]
македонски
  
91,18 %
турски
  
5,25 %
ромски
  
2,67 %
влашки
  
0,51 %
српски
  
0,19 %
други
  
0,19 %
албански
  
0,004 %
бошњачки
  
0,004 %
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 25.832 91,18
албански 1 0,004
турски 1.487 5,25
ромски 757 2,67
влашки 145 0,51
српски 54 0,19
бошњачки 1 0,004
други 53 0,19
Вероисповед

Во Кочани се застапени следните религиски групи[12]:

Религија[12]
Православие
  
89,83 %
Ислам
  
8,02 %
други
  
1,97 %
Протестантство
  
0,11 %
Католицизам
  
0,07 %
религија вкупен број % од вкупното население
Православни 25.448 85,83
Муслимани 2.272 8,02
Католици 21 0,07
Протестанти 31 0,11
други 558 1,97

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кочани:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19486.657—    
19538.034+20.7%
196111.011+37.1%
197117.257+56.7%
198123.378+35.5%
199127.236+16.5%
199426.364−3.2%
200228.330+7.5%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 6.657
1953 6.266 11 695 754 58 126 124 8.034
1961 9.412 3 832 104 660 11.011
1971 15.325 11 1.023 637 72 189 17.257
1981 20.859 1 517 1.144 105 82 670 23.378
1991 24.573 1 787 1.366 128 68 313 27.236
1994 24.393 0 526 1.088 177 73 107 26.364
2002 25.730 0 315 1.951 193 63 1 77 28.330

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Населението во Кочани зборува на штипско-кочанскиот дијалект, како дел од источната група на источното и јужното наречје на македонските дијалекти.

Населби и маала

Поглед на поновиот западен дел на Кочани, населбата Текешински Лозја од Споменикот на слободата

Градот Кочани се дели на повеќе населби и маала, кои освен по името, меѓусебно се разликуваат по својата местоположба, старост и урбанизиран развој. Меѓу населението познати се со следниве имиња:

  • 14. Бригада
  • Доклевец
  • Бавчалук
  • Бејрут
  • Белско Маало
  • Филтер
  • Калиманова Глава
  • Крушарско Маало
  • Недопирливите
  • Сиви Дом
  • Стришани
  • Текешински лозја
  • Усова Чешма
  • Циганско Маало

Географија

Црквата „Св. вмч. Георгиј“

Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско Поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.

Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич.

Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5о С, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4о С. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22 август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26 јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6о С.[14]

Природни ресурси

Дел од Кочанска Котлина со поглед на Кочани на зајдисонце

Кочанската Котлина е најголем термален басен на води со високи температури на Балканскиот Полуостров. Во него досега се направени 18 дупнатини од кои 14 се самоизливни, а водоносните хоризонти се јавуваат на длабочина од 86 до 1096 метри, со штедрост од 2,2 до 350 л/сек и температура од 50 до 80о С.

Термални изворишта се јавуваат кај селата Долни Подлог и Бања, при што кај Долни Подлог се користат две дупнатини длабоки 35 и 460 метри, со штедрост од 300 л/сек и просечна температура од 78о С. Во селото Бања има самоизливни термални води со штедрост од 30 л/сек и температура од 63о С.[15]

Стопанство

Книга за кочанскиот ориз (Стиснете на сликата за да ја отворите и читате во целост)

Според податоците од Државниот завод за статистика во 2007 година во Кочани имало вкупно 4.859 индивидуални земјоделски стопанства со вкупна расположива површина на земјиштето од 6.137 ха. Од оваа површина под жито засеани биле 3.086 ха, под зеленчук 451 ха, под фуражни култури 177 и под индустриски култури 29 ха.[16]. Уште од дамнешни времиња, Кочани и Кочанско се надалеку познати во Македонија и на Балканот како област - најголем производител на ориз.

Во 2008 година пак, имало 558 трговски објекти на мало и 77 угостителски објекти.[17][18]. Познати индустриски капациети во Кочани се: фабриката за делови во автоиндустријата „Руен“, печатницата „Европа-92“ и од поново време странските инвестиции „Амфенол“, „Антура“ и „Геерлофс“.

Образование

Основното обрзование во Кочани се изведува во четири основни училишта во градот (“Никола Карев“, “Св. Кирил и Методиј“, “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“) и едно во населбата Оризари (“К. П. Мисирков“). Средното образование е застапено во двете средни училишта - гимназијата “Љупчо Сантов“ (каде има и економски паралелки),електро-машинското училиште “Ѓошо Викентиев“. Од 1956 год. работи и основното музичко училиште "Ристо Јуруков". Во Кочани се наоѓа и Правен факултет којшто работи во состав на Универзитетот Гоце Делчев - Штип.

Од јуни 1941 година во Кочани работи и библиотеката “Искра“, што ги опслужува граѓаните од општината и регионот.

Култура

Традиционална жетва на ориз за време на манифестацијата Денови на оризот

Кочани е домаќин на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ), културна манифестација од национален карактер што се одржува еднаш годишно, во последната седмица на мај, и на која настапуваат најдобрите аматерски драмски ансамбли од Македонија. Исто така, значајна е културната манифестација Денови на оризот, посветени на кочанското “бело злато“, исполнета со низа свечености и празнувања на почетокот на жетвата на оризот во кочанскиот регион, како и манифестацијата “Петровденски конаци“[19], поврзана со одбележувањето на празникот на градот - Петровден.

Литературниот клуб „Копнеж“, што работи во рамките на библиотеката „Искра“, е носител на две културни манифестации: Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ (од национален карактер) и Месец на книгата.

Спорт

Во Кочани активни се следните спортски екипи:

  • градски фудбалски клуб „Осогово“
  • женски фудбалски клуб „Кочани“
  • кошаркарски клуб „Баскет Дино“
  • боречки клуб „Спартак“
  • клуб за гимнастички спортови „Партизан“
  • футсал клуб „Унипаб“
  • ракометен клуб „Младинец“
  • пингпонгарски клуб „Кочани“
  • карате клуб „Кочани“
  • карате клуб „Партизан“
  • карате клуб „Ипон“
  • џудо клуб „Гладијатор“
  • клуб за реален аикидо „Нико“
  • велосипедски клуб „Електрика“
  • клуб за планински велосипедизам „Поскок“
  • планинарски спортски клуб „Осогово“
  • клуб за планинарски спортови „Москито“
  • спортско риболовно здружение „Кочански рибар“
  • шаховски клуб „Кочани“
  • фудбалска школа „Фудбал старс“
  • фудбалска школа „Младост Тошев“
  • фудбалска школа “Кочани“

Верски објекти

Во Кочани има неколку верски објекти:[20]

Збратимени градови

Во изминатите години Кочани е збратимен со следните градови:

Личности

За автоматски генерирани списоци на лица родени во Кочани, погледни: Категорија:Родени во Кочани
За мануелно одржувани списоци на лица родени во Кочани, погледни ја статијата: Родени во Кочани

Градоначалници на Кочани

Досегашни градоначалници на Кочани биле:

  • Томе Вангелов(1920-1924)
  • Спиро Симеонов (1925-1928)
  • Благој Џидров (1928-1930)
  • Јован Двојаков (1932-1935)
  • Трендо Христов (1944-1946)
  • Благој Хаџи Василев (1946-1948)
  • Величко Георгиев (1948-1950)
  • Владо Стаменков (1950-1954)
  • Боро Ефремов (1954-1963)
  • Михајло Арсов Војчо (1964-1966)
  • Стојан Трендов (1966-1970)
  • Киро Данилов (1970-1974)
  • Иван Серафимов (1974-1981)
  • Тодосија Паунов (1982-1983)
  • Божидар Андонов (1984-1985)
  • Драги Георгиев (1986-1990)
  • Љупчо Беличев (1990-1996)
  • Лазар Веселинов (1996-2000)
  • Љубомир Јанев (2000-2002)(2005-2009)
  • Тодор Пашовски (2003-2004)
  • Ратко Димитровски (2009-2017)
  • Николчо Илијев (2017-....)


Фотогалерија

Поврзано

Наводи

  1. МВР - Презентирани новите регистарски таблички чие официјално користење стартува од 20 февруари 2012
  2. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  3. Публикација “Оризопроизводството низ фотографии“, Национална установа Центар за култура “Бели мугри“ - Кочани, октомври, 2009
  4. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625
  5. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625
  6. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625
  7. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.625
  8. Кочани - монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003 г.
  9. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 225.
  10. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
  11. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  13. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  14. Кочани - монографија, издавач: Општина Кочани, декември 2003 г.
  15. http://www.kocani.gov.mk/pdf,%20ppt/LEAP%20Kocani.pdf
  16. Попис на земјоделството, 2007 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  17. Попис на продажните капацитети во трговијата на мало, 2008 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  18. Попис на капацитети во угостителството, 2008 година - Државен завод за статистика на Република Македонија
  19. Започна манифестацијата “Петровденски конаци“, www.kocani.gov.mk
  20. Предлошка:Цитирана книга
  21. ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ РАЃАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – МАЛА БОГОРОДИЦА ВО ФАБРИКАТА “ЛЕДЕР“ ВО КОЧАНИ
  22. Andrej Vasilev - Einziger Eishockeyspieler mit mazedonischen Pass in Europa
  23. Vasilev, Andrej

Надворешни врски


Одредници од Кочани
Злетово, Пробиштип, Кратово, Куманово, Скопје Гратче, Пониква, Царев Врв, Руен, Крива Паланка
 
Македонска Каменица, Цера, Саса
Облешево, Свети Николе, Велес
С
З И
Ј
Истибања, Калиманци, Делчево
Штип, Неготино Зрновци, Мородвис, Плачковица, Радовиш, Струмица
 
Виница, Берово