Кочански кули
Средновековни кули | |
---|---|
![]() Средновековната кула од десната страна на реката | |
![]() | |
Општи податоци | |
Стил | ориентален |
Град | Кочани |
Земја | Македонија |
Почната | крај на XVII век |
Технички податоци | |
Големина | 6,60 м х 6,60 х 18,5 м |
Средновековни кули — кули во Кочани и околината кои, и покрај називот, најверојатно биле изградени во втората половина на XVII век, кога градот бил под османлиска управа. Влијание во изградбата имала ориенталната архитектура.
Според денешните наоди, во Кочани и неговата блиска околина биле изградени три средновековни кули, од кои две се наоѓаат во градот, распоредени од двата брега на Кочанска Река, додека третата е местена во селото Долни Подлог. Тоа биле беговски кули од станбено-одбранбена функција, а едната се користела како саат-кула. Саат-кулата денес се наоѓа во непосредна близина на училиштето “Раде Кратовче“ и порано служела за звучно означување на часовите.[1]
Изградени од масивни ѕидови од камен, тие останале како единствени белези од минатото во Кочани, иако со години наназад биле под удар на забот на времето. Во 1957 година, Републичкиот завод за заштита на споменици ги стави под заштита на Закон двете кули во градот.
Обновување и функција[уреди | уреди извор]
Средновековната кула која се наоѓа на десниот брег на реката во централното градско подрачје, сместена меѓу станбени згради и е доминанта во просторот со својата височина од 18,5 метри. Со решението за ревитализација, во 1978 година ГП „Бетон“ - Кочани извршил реновирање, по што кулата повторно може да се користи.
Сегашна функција на кулата:
- визба - санитарии;
- приземје - нумизматичка збирка;
- I кат - археолошка збирка;
- II кат - роднокрајно одделение;
За жал, кулата од левата страна на реката се уште не е обновена и се наоѓа во лоша состојба. Во моментов таа нема никаква намена.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
|