Текешински лозја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

На западниот дел од Кочани, на неговата периферија, се наоѓа локалитетот Текешински лозја каде во седумдесеттите години, при изградбата на голем број објекти за индивидуално живеење била пронајдена некропола од железното време. Тоа била една од најголемите некрополи на овие простори, а од неа потекнуваат голем број наоди од растурени гробни конструкции.

Истражените гробни конструкции од 1982 година биле ѕидани од камени плочи со скелетни погребувања, односно инхумација.